Македонската кошарка!

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Утре се игре Пелистер - Струмица
ЗА СРЕДБАТА СВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР - СТРУМИЦА 2005
Се бара билет повеќе!
0BF84F852B82104E8C396FF5F6F4629F.jpg

Добрите игри на Свисслион Пелистер во Супер-лигата придонесоа интересот за кошарката во Битола да се зголемува од минута во минута.

Како што сме информирани од КК Свисслион Пелистер, најверојатно средбата со Струмица 2005 во битолски "Младост" ќе се игра пред преполни трибини.

" Имаме голема побарувачка за билети и тоа како никогаш досега. Телефоните не мируваат ни минута во канцеларијата. Очекувам повеќе од 5.000 гледачи во Младост на утрешната средба во Битола. Мене посебно ме радува тоа што билети се бараат и од околните градови"- вели директорот на Свисслион Пелистер, Васко Ковачевски.

Додека управата има слатки маки, тренерот Зоран Тодоровиќ има други. Тој мора да ја мотивира екипата и да ја подготви на психолошки план, како да се дојде до посакуваната победа над лидерот која уште повеќе ќе ги приближи "зелено-белите" до плеј-офот.

"За разлика од другите средби, кога буквално од автобус се појавувавм на терен, без тренинг и време за освежување, сега имавме повеќе време за работа на тактички план. Работиме добро и можам да порачам дела сигурно ќе одиме на победа, трето нема"- вели кратко Тодоровиќ.
 
iLe напиша:

Да бидеме реални Пелистер ке победи утре домашен терен полна сала што сакате друго,Струмица треба да има многу среќа за да победи во Битола,штом се барале билети уште рачунајте салата ке биде исполнета до последно место ја сакам Пелистер да изгуби нормално заради Мзт ама мислам дека Пелистер како што рече нивниот тренер Тодорович битолчани ке одат на сигурна победа така да малце потешко да загубат ама ке видиме.Иначе срам нека им е на телевизииве што ни една не пренесува ништо еј домашна лига кошарка да не пренесуваш е бе срамота греота:tapp:
 
море озбилно што сала е онаа 5000 секое дерби со навивачи се тие со бараат толку да одат на натпревар. Пелистер нема навивачи од другите градови, слаби се, салата не чини особено портите???? нема да влезат пелистер во 4 најдобри оти немаат традиција. :pos2::pos2::pos2:
 
Салата во битола утре ке биде полна да кажеш ти таму јове запишувај најинтересни случувања ваму таму слики исто глеј да даешto e to
 
Ф. Работнички примен во Јадранската лига
Бордот на НЛБ-лигата одлучи од идната сезона и македонскиот шампион да се натпреварува во ова друштво
Повеќекратниот шампион на Македонија, Фершпед Работнички, доби дозвола да се приклучи на регионалното кошаркарско натпреварување - Јадранска лига (НЛБ) од следната сезона. Бордот на Лигата вчера ги израдува скопјани со информацијата дека им е доделена вајлд-карта за настап.

- Одлучивме, врз база на пропозициите на Лигата и предвиденото проширување, од следната сезона да го вклучиме Работнички во натпреварувањето - изјави генералниот директор на НЛБ, Роман Лисац.

До пролет 2008, за кога е најавено завршувањето на новата спортска сала во Скопје, со капацитет од 8 илјади седишта, Работнички ќе ги игра натпреварите од Јадранската лига во СРЦ „Кале”. Македонскиот шампион даде гаранции пред челниците на НЛБ дека ќе формира конкурентен тим и тоа веднаш во деби-настапот во регионалното натпреварување. Во македонскиот првак се повеќе од задоволни.

- Пред се', ова е голем плус за македонската кошарка. Интересот за овој спорт ќе се зголеми, трибините ќе се исполнат, кошарката ќе се искачи на едно ново ниво. Ова е и големо признание за Работнички, зашто нашата работа и добри резултати се крунисани со зелено светло за учество во вакво друштво. Секако дека во новата сезона екипата драстично ќе ја засилиме за да бидеме конкурентни на квалитетот во оваа лига - изјави Јорданчо Давитков, тренерот на Фершпед Работнички.

Викендов се игра последното коло во Јадранската лига, пред почетокот на фајналфорот, во кој ќе играат ФМП Железник, Партизан, Цибона и Хемофарм. Сезонава во НЛБ учествуваа 14 екипи, колку што ќе има и во идната сезона. Конечниот состав ќе биде познат по одигрувањето на последното коло, а во 2007/08 со вајлд-карта ќе играат црногорскиот претставник Будуќност (настапува и сезонава) и Работнички.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=06CA29A31C70BB47A8AC7FCD6F482E86
 
Викендов продолжуваат борбите во Космофон Супер лигата. Шестото коло носи три интересни средби, кои имаат огромна важност за екипите.

Вардар Осигурување е домаќин на шампионот и иден учесник во НЛБ лигата, Фершпед Работнички. Натпреварот се игра утре, со почеток во 18 часот во салата “Кале“.

- Очекувам добар натпревар. Победата ни е потребна, при евентуален дуел со Фершпед Работнички, да не бидеме во негатива. Ние, исто како Фершпед Работнички, сме искусни екипи, се надевам дека утре ќе одиграме на повисоко ниво и ќе постигнеме добар резултат. – вели тренерот на Вардар Осигурување, Марјан Лазовски.

Шампионот нема голем притисок да победи по секоја ценат на оваа средба. Но, сите 4 победи на Фершпед Работнички во Космофон Супер лигата се на домашен терен, па настапите надвор од “Градски парк“ може да се земат како хендикеп.

- Ние не сме оптоварени да победиме по секоја цена на средбата со Вардар Осигурување. Единствено ни е важно да победиме, бидејќи во тој случај ќе започнеме со предност од 1:0 во разигрувањето. Сметам дека одбраната ќе го реши победникот на средбата. – изјави еден од лидерите во редовите на Фершпед Работнички, Тони Симиќ.

Свисслион Пелистер игра одлично во Космофон Супер лигата. Битолчани досега не се поразени на домашен терен и имаат големи шанси за влез во елитанат четворка. Утре, со почеток во 18 часот, тие ќе го играат натпреварот против лидерот Струмица 2005 на домашен терен

- Натпреварот со Струмица 2005 е мошне важен. Двете екипи бркаат победа со различни мотиви. Нам ни треба за пласман во полуфиналето, а ним да останат на 1. место. Трите досегашни дуели со Струмичани беа израмнети, имаме сила да ги изненадиме. Очекувам поддршка од публиката и се надевам на победа. – изјави тренерот на Свисслион Пелистер, Зоран Тодоровиќ. Тој на оваа средба нема да смета на повредениот Петар Апцев, додека капитенот Зоран Петковски ќе настапи, и покрај тоа што има проблем со повреда.

Последнопласираната екипа Фени Индустри го пречекува МЗТ Скопје, кој ги загуби последните 4 суперлигашки натпревари. Тренерот на Кавадарчани, Емил Рајковиќ, го водеше својот тим до победи над Фершпед Работнички и Вардар Осигурување, клубови за кои настапувал во својата играчка кариера. Во недела, со почеток во 19 часот, тој ќе го води Фени Индустри против уште еден негов поранешен клуб.

- Добрите игри и победите на домашен терен ја подигнаа самодовербата на моите играчи. Цела недела тренираме и се подготвуваме за средбата со МЗТ. Тие имаат серија од 4 порази, но не мислам дека се слаба екипа. Добро ги познавам и почитувам, но очекувам добра игра и разултат за нас. – вели Рајковиќ .

- Одиме на победа во секој натпревар, така ќе биде и во Кавадарци. Ја консолидираме екипата, кој психолошки е доста падната по серијата од порази. Ги знаеме слабостите на екипата на Фени Индустри, ќе се обидеме да ги искористиме. Ако победиме, ќе биде одлично, додека пораз најверојатно ќе не исфрли од борбата за 4. место – изјави тренерот на МЗТ Скопје, Александар Петровиќ. Тој на мечот во Кавадарци нема да смета на Дарко Радуловиќ, додека Дарјан Христов и Кирил Николовски ќе играат со повреди.
 
Пелистер ја побети Струмица 2005, во целиот тек на натпреварот пелистер го имаше водството. На крајот единствено нешто што направи Струмица е тоа што ја намали разликата и не претрпи некој страмен пораз. Инаку пелистер на моменти водеше и со 16 разлика. ја ке пустам слики на мојата тема
ама да заврши фудбалот.
И пак ке речам поздраФ до сите Хејтери... кои не веруваат во Пелистер

ете сеа имате и слики а листа на стрелци и друго shit ке има сутра.
 
Еве го извештајот од ова коло.
Вардар Осигурување го совлада Фершпед Работнички со 87:61 во натпреварот, кој требаше да биде дерби на 7. коло од Космофон Супер лигата. “Вардарци“ започнаа збунето и противникот имаше предност, по што следуваше вистинска експлозија во нивната игра. Блажевски, Самарџиев, Морбан и нивните клупски колеги немилосрдно го полнеа кошот на шампионот. Предноста се зголемуваше постојано, за во последните минути да стане јасно дека Фершпед Работнички ќе го доживее рекордниот пораз во Космофон Супер лигата сезонава, и еден од најтешките откако игра кошарка во самостојна Македонија. Фрапантен е фактот што Вардар Осигурување имаше повеќе од двоен број на скокови (49:24) од својот противник, а и останатиот дел од статистиката е целосно во корист на “црвено-црните“. Ветеранот Перо Блажевски имаше скор од 18 поени и 15 скокови (7 офанзивни) и сосема заслужено е МВП на средбата, и покрај фактот што Тони Симиќ беше прв стрелец со 21.

- Многу сум задоволен од играта. Одигравме комбинативно, брзо, агресивно. Резултатот не го отсликува реално односот на силите, но ние ја искористивме скромната претстава на Фершпед Работнички и забележавме добра победа. Ова не е оптимумот од можностите на моите играчи, тие можат да играат уште подобро. – вели тренерот на Вардар Осигурување, Марјан Лазовски.

Свисслион Пелистер во Битола беше подобар од лидерот Струмица 2005 со 88:79 и направи важен чекор кон плеј-офот.

- Одигравме еден добар натпревар. Струмица 2005 беше подобра во првиот дел, но ние направивме пресврт со поагресивна игра во одбраната. Имавме голема предност во вториот дел, но морав да ги извадам од игра Мирковиќ и Јововиќ поради 4 лични грешки, по што гостите повторно се вратија во игра, но успеавме да победиме и тоа е најважно. Публиката беше нашиот шести играч, има голема заслуга за победата. Со овој тримуф сме мошне блиску до плеј-офот. – изјави тренерот на Свисслион Пелистер, Зоран Тодоровиќ.

Последниот натпревар од колото, помеѓу Фени Индустри и МЗТ Скопје, се игра утре во Кавадарци, со почеток во 19 часот.
 
Billa Bong напиша:
Еве го извештајот од ова коло.
Вардар Осигурување го совлада Фершпед Работнички со 87:61 во натпреварот, кој требаше да биде дерби на 7. коло од Космофон Супер лигата. “Вардарци“ започнаа збунето и противникот имаше предност, по што следуваше вистинска експлозија во нивната игра. Блажевски, Самарџиев, Морбан и нивните клупски колеги немилосрдно го полнеа кошот на шампионот. Предноста се зголемуваше постојано, за во последните минути да стане јасно дека Фершпед Работнички ќе го доживее рекордниот пораз во Космофон Супер лигата сезонава, и еден од најтешките откако игра кошарка во самостојна Македонија. Фрапантен е фактот што Вардар Осигурување имаше повеќе од двоен број на скокови (49:24) од својот противник, а и останатиот дел од статистиката е целосно во корист на “црвено-црните“. Ветеранот Перо Блажевски имаше скор од 18 поени и 15 скокови (7 офанзивни) и сосема заслужено е МВП на средбата, и покрај фактот што Тони Симиќ беше прв стрелец со 21.

- Многу сум задоволен од играта. Одигравме комбинативно, брзо, агресивно. Резултатот не го отсликува реално односот на силите, но ние ја искористивме скромната претстава на Фершпед Работнички и забележавме добра победа. Ова не е оптимумот од можностите на моите играчи, тие можат да играат уште подобро. – вели тренерот на Вардар Осигурување, Марјан Лазовски.

Фити ги ти ниФ не очекував браво :)
слушам некои играчи добри купиле ова фановите на вар. казете нешо кој се из одакле се??????//:)
 
Ја па баш очекував Вардар се заебана екипа може и да тепа и не играчи нови колку што знам Перо Блажески игра за нив
 
хмммммммммм.... јас па си рекоФ некој СтиФ Неш, Вејд зедоја тие нишо хахахаха
 
Мислам дека македонската кошарка подолго време тапка во едно место и дека е крајно време е да почне малце да се прават напори за да се подобри.
Се сеќавам ко помала задоволство ми беше да гледам Македонска кошарка, дали било тоа наше првенство или настап на нашата репрезентација,а сега немам седнато да гледам кошарка едно добри 3-4 години.
 
itar pejo напиша:
Да тепале ама сега е касно или не......??

Касно е зашто, без разлика на се, мора да се победи во Битола, а тоа богами и е скоро и неизводливо. Уште повеке што добив информација дека Радуловиќ глумел за повредата и дека несакал да игра. Тоа дефинитивно ке влијае на атмосферата во тимот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom