Македонската кошарка!

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Radical Boy напиша:
Касно е зашто, без разлика на се, мора да се победи во Битола, а тоа богами и е скоро и неизводливо. Уште повеке што добив информација дека Радуловиќ глумел за повредата и дека несакал да игра. Тоа дефинитивно ке влијае на атмосферата во тимот.
А сакате да ви ја шитниме????
не озбилно ај повеќе среќа другата година.:salut:
 
Не не ни треба да ни ја шитнете ке пробаме да тепаме сами:baeh:
 
Делегацијата на ФИБА Европа, составена од Коста Илиев (спортски директор) и Натали Сандман (ивент менаџер), беше исклучително задоволна од хотелите и салите предвидени за ЕП У16 во Скопје. При еднодневната посета, Илиев и Сандман ги проверија салите “Јане Сандански“ и “Градски Парк“, како и хотелите “Континентал“ и “ВИП“, каде ќе бидат сместени тимовите, судиите и официјалните лица.

Гостите од ФИБА Европа беа задоволни од темпото на реновирање на салата “Ј. Сандански“(во која ќе се играат финалните натпревари), од новите соблекувални и подтрибински простор, чие пуштање во употреба се очекува кон средината на следниот месец. ФИБА Европа го прифати планот и распоредот на пропратните простории во салата, предвидениот прес центар, просторија за прес конференции, опременост на прес трибината, потоа просторијата за официјалните лица, како и ВИП просторијата која ќе биде сместена во ексклузивниот ресторан што се наоѓа во склоп на салата.
Истото важи и за салата “Градски Парк“, која е со нешто помал капацитет, а во која е потребна минимална корекција на распоредот на соблекувалните. Инаку, според строгите критериуми, сите рекламни и пропагандни материјали кои во моментов се наоѓаат на теренот и во салите ќе мораат да се отстранат до почетокот на првенството, за да се постават официјалните ФИБА-ини спонзори.

Што се однесува до хотелите, “Континентал“ ги задоволи сите критериуми, сместувачки, потоа со мени и исхрана, капацитет, ниво на техничка опременост, простории за состаноци и видео презентации. Според зборовите на гостите, “Континентал“ има ниво, далеку повисоко од потребниот минимум за вакво натпреварување и се исклучително задоволни што КФМ става на распогалање токму ваков хотел за тимовите. Блискиот “ВИП“ хотел со своите ексклузивни триесетина соби и дополнителни простории и технички услови, исто така беше оценет како одличен за сместување на судиите и официјалните лица.

На Сандман и Илиев им беа презентирани уште неколку резервни хотели, за новинари и други гости, а делегацијата на ФИБА Европа ја посети и арената “Борис Трајковски“, со која, според нивните зборови, КФМ ќе може да ја кандидира Република Македонија за организатор на многу поголеми и посилни првенства и настани.

Со оглед на затекнатата задоволителна ситуација со условите, ФИБА Европа нема да врши дополнителни контроли се до почетокот на првенството, а во меѓувреме ќе го испрати целиот задолжителен апликативен материјал за салите и хотелите, кои КФМ ќе треба да го постави на соодветните места.Фуф конечно некој да биде задоволен од условите во Скопје
 
Јове битола ја купи оваа од струмица и ке видиш дека ке изгубите од МЗТ оставам крв на тоа .
 
Мислам дека Мзт би требало да тепа:jaj:
 
Еве го извештајот од изминатово коло
Најискусниот кошаркар во Космофон Супер лигата, Перо Блажевски, е избран за МВП на 7. коло на најелитната кошаркарска лига во Македонија, во изборот на официјалниот сајт на КФМ, www.basketball.org.mk, и весникот “Македонски спорт“. За ветеранот ова е второ признание во рамките на 14 дена, откако претходно беше прогласен и за МВП на 4. коло.

На натпреварот против својот матичен клуб Фершпед Работнички, Блажевски немаше никаква милост и одигра клучна улога во високата победа на Вардар Осигурување. Тој постигна 18 поени, а оствари и 15 скокови (од кои 7 беа офанзивни).

1. Најдобар играч на колото на позицијата плејмејкер заслужено му припадна на Јане Петровски од МЗТ Скопје. Тој е прв стрелец на колото со 26 поени и беше најзаслужен за важната победа на неговиот тим на гости на Фени Индустри.

2. Марјан Ѓуров постигна 11 поени во дресот на Вардар Осигурување, но уште поважен е неговиот придонес во одбраната, “неутрализирајќи“ го првиот стрелец во лигата, Диме Тасовски на само 8 поени.

3. Местото на најдобро крило во идеалната петорка на колото е резервирано за Перо Блажевски.

4. Србинот во дресот на Свисслион Пелистер, Бошко Јововиќ, е најдобриот кошаркар на позицијата крилен центар во ова коло. Неговите 18 поени беа мошне важни за победата на Битолчани над лидерот Струмица 2005.

5. Првото име на средбата Свисслион Пелистер – Струмица 2005, Миќо Голубовиќ, е најдобриот центар во ова коло. Тој имаше ефект од 24 поени и 10 скокови, и беше најзаслужен за триумфот на неговиот тим.

ВТOРA ПEТOРКA НА 7. КОЛО

Карлос Мoрбaн (Вaрдaр Oсигурување)
Горан Сaмaрџиeв (Вaрдaр O.)
Василекос Кицулис (Струмицa 2005)
Ѓорѓи Тaлeвски (МЗТ Скoпje)
Тони Симиќ (Фeршпeд Работнички)


НАЈМНОГУ ПOEНИ ВО 7. КОЛО

Jане Пeтрoвски (МЗТ Скoпje) 26
Миќо Гoлубoвиќ (Свисслиoн Пелистер) 24
Тони Симиќ (Фeршпeд Работнички) 21
Дејмијан Мeк Свajн (Фeни И.) 21
Василекос Кицулис (Струмицa 2005) 20

НАЈМНОГУ СКOКOВИ ВО 7. КОЛО

Перо Блaжeвски (Вaрдaр O.) 15
Василекос Кицулис (Струмицa 2005) 11
Миќо Гoлубoвиќ (Свисслиoн Пелистер) 10
Бранко Миркoвиќ (Свисслиoн Пелистер) 9
Aлександар Сoвкoски (Вaрдaр O.) 8

НАЈМНОГУ AСИСТEНЦИИ ВО 7. КОЛО
Милан Миљкoвиќ (Свисслиoн Пелистер) 6
Влатко Нeдeлкoв (Фeни Индустри) 6
Владимир Пoпoвиќ (Фeршпeд Работнички) 5
Jане Пeтрoвски (МЗТ Скoпje) 4
Василекос Кицулис (Струмицa 2005)4
 
Миќо Гoлубoвиќ И Василекос Кицулис дабл дабл
браво за нив :)
 
SANCTIMONIOUS напиша:
Миќо Гoлубoвиќ И Василекос Кицулис дабл дабл
браво за нив :)
Дабл дабл ама за џабе коа изгуби Струмицаto e to
 
Дербито на 8. коло на Космофон Супер лигата, помеѓу Свисслион Пелистер и Вардар Осигурување, се игра утре во битолската сала “Младост“, со почеток во 18:30 часот. По одличната партија против Фершпед Работнички, “вардарци“ се доста мотивирани да забележат уште една победа, која ќе им го обезбеди 3. место на две кола до крајот на оваа натпреварувачка фаза.

- Очекувам одличен натпревар и убава атмосфера, како и добра партија од моите кошаркари. Играчите се во добра форма, самодовербата е на високо ниво и очекувам победа. – изјави тренерот на Вардар Осигурување, Марјан Лазовски.

Но, играчите на Свисслион Пелистер се во одлична форма. Тие се единствената суперлигашка екипа без пораз на домашен терен, при тоа победувајќи ги лидерите Струмица 2005 и шампионот Фершпед Работнички. Победата на овој натпревар е императив за битолчани, кои се во “мртва трка“ со МЗТ Скопје за 4. место, последно кое води во разигрувањето за шампионската титула.

- Вардар Осигурување е силна екипа. Во Космофон Супер лигата е уште посилна по ангажирањето на Морбан, кој драстично ја забрза нивната игра. Но, ние мора да победуваме на домашен терен. Публиката е нашиот голем адут, нашиот 12. играч, од кој очекуваме голема поддршка. Проблем за нас е повредата на Бошко Јововиќ, кој деновиве не тренираше , но ќе настапи на натпреварот. – изјави тренерот на Свисслион Пелистер, Зоран Тодоровиќ, кој нема да може да смета на повредениот Петар Апцев.
 
Billa Bong напиша:
Дербито на 8. коло на Космофон Супер лигата, помеѓу Свисслион Пелистер и Вардар Осигурување, се игра утре во битолската сала “Младост“, со почеток во 18:30 часот. По одличната партија против Фершпед Работнички, “вардарци“ се доста мотивирани да забележат уште една победа, која ќе им го обезбеди 3. место на две кола до крајот на оваа натпреварувачка фаза.

- Очекувам одличен натпревар и убава атмосфера, како и добра партија од моите кошаркари. Играчите се во добра форма, самодовербата е на високо ниво и очекувам победа. – изјави тренерот на Вардар Осигурување, Марјан Лазовски.

Но, играчите на Свисслион Пелистер се во одлична форма. Тие се единствената суперлигашка екипа без пораз на домашен терен, при тоа победувајќи ги лидерите Струмица 2005 и шампионот Фершпед Работнички. Победата на овој натпревар е императив за битолчани, кои се во “мртва трка“ со МЗТ Скопје за 4. место, последно кое води во разигрувањето за шампионската титула.

- Вардар Осигурување е силна екипа. Во Космофон Супер лигата е уште посилна по ангажирањето на Морбан, кој драстично ја забрза нивната игра. Но, ние мора да победуваме на домашен терен. Публиката е нашиот голем адут, нашиот 12. играч, од кој очекуваме голема поддршка. Проблем за нас е повредата на Бошко Јововиќ, кој деновиве не тренираше , но ќе настапи на натпреварот. – изјави тренерот на Свисслион Пелистер, Зоран Тодоровиќ, кој нема да може да смета на повредениот Петар Апцев.




еве досеа се договарав со раководството на вардар ја купиФ и оваа утакмица ако имате пари пишете ја 1 :)
aj вечер ке клам некое сли4е на форумоф или на мојата тема за пелистер.
Pozdrafff,............
 
Мечевите од последните две кола ќе се играат истовремено? Натпреварите од последните две кола во кошаркарската Суперлига, закажани за 31 март и за 7 април, најверојатно ќе бидат одиграни истовремено, дознава „Време”. Причина за тоа е желбата да се запази регуларноста на првенството, со оглед на тоа што во моментов три екипи, Вардар Осигурување, Свислајон Пелистер и МЗТ Скопје, водат изедначена борба за преостанатите две места во плејофот. Струмица 2005 и Фершпед Работнички веќе ги обезбедија првото и второто место на табелата.
Комесарот за натпреварување Томе Димишковски сериозно размислува да го искористи правото што му го дава членот 9.6 од Пропозициите за натпреварување, во кој се вели дека „во завршниот дел од првенството комесарот може да одреди одделни или сите натпревари од исто коло да се одиграат во ист ден и термин”.
- Чекам да помине денешното коло, по што ќе седнам и ќе ја анализирам ситуацијата за борбата за последните две места што водат во плејофот. Ако видам дека може да дојде до судир на интереси односно ако постои и најмала шанса за какви било калкулации од некоја од екипите, ќе донесам одлука натпреварите од последните две кола да се одиграат во ист термин. Ќе одам чекор по чекор, што значи дека утре ќе решам дали и кои средби од колото што се игра на 31 март ќе се играат во ист ден и во ист термин - вели Димишковски, кој и лани наложи истовремено да се играат мечевите од последното суперлигашко коло.
Ако нема никакво изненадување, реално е да се очекува средбите од претпоследното коло помеѓу Вардар и Струмица односно помеѓу МЗТ Скопје и Работнички да се играат истовремено, на жал на љубителите на кошарката, кои секако ќе сакаат да бидат во можност да ги проследат и двата натпревара.
 
Billa Bong напиша:
Публиката е нашиот голем адут, нашиот 12. играч, од кој очекуваме голема поддршка. Проблем за нас е повредата на Бошко Јововиќ, кој деновиве не тренираше , но ќе настапи на натпреварот. – изјави тренерот на Свисслион Пелистер, Зоран Тодоровиќ, кој нема да може да смета на повредениот Петар Апцев.

Пи*ка ти матер неписмена. Како може 12ти играч да биде кога се игра по пет!!!!!!!!!!! Како може вакви идиотски изјави да даваат не ми се верува
 
Radical Boy напиша:
Пи*ка ти матер неписмена. Како може 12ти играч да биде кога се игра по пет!!!!!!!!!!! Како може вакви идиотски изјави да даваат не ми се верува

12ти играч у кошарка. haaa:

Неписмени се битолчаниве. seir:
 
Strumica - MZT 70 - 66
1vata 4etvrtina strumica vodese so 4-6 kosa poluvreme 2 za strumica 3ta 4etvrtina 3 : 50 do kraj na cetvrtina 4 za MZT 4etvrta 4etvrtina 2 min do kraj 4 za MZT 57 sec do kraj 66 : 66 za strumica i imaa napad MZT eden faul na jane petrevski ne suden od sudite od kitculis odzemena topka i kos na kitculis za vodtstvo od 69 :65 i potoa napad na MZT na jane mu ja cukna topkata Gocevski i dvujcata ja fatija topkata i trebase MRTVA a sudite sudija cekori od JANE PETROVSKI i kitculis pogodi edno slobodno i 70 :66
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom