Македонската кошарка!

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
добро бе... ама на Сити парк бојс како ин го зедоа тапанот :rofl::rofl::rofl::rofl: како бебиња беа тие 10 минути :rofl::rofl:
 
A*1*T*E*A*M напиша:
добро ја не бев таму... ти ке ми расправаш што се случувало во Струмица... не се преместив накрајот кај што седоа сити парк бојс

Па ако си бил и ако сакаш да глумиш навивачиште наместо да пишуваш неразбирливи постови со по 329 смајли, дај реален навивачки извештај за сите да дознаеме што се случило.

И честито победа Струмичани.
 
Billa Bong напиша:
1.Публика
2.Повредени играчи
3.Домашен терен...ова може да се главните причини заради кој Струмица може да тепа...но никогаш не се знае во кошарката

Јас мислев дека ова е исто :)
 
Четворицата кошаркари кои по финалето на Купот на Македонија, што на 15 април се одигра во Битола, беа избрани од допинг-контролата имаат негативни тестови.

Од Агенцијата за млади и спорт, чија лекарска комисија ја изврши допинг-контролата за првпат во историјата на македонската кошарка, се уште не беа стигнати официјалните извештаи, но, неофицијално, од Кошаркарската федерација дознаваме дека сите играчи биле негативни.

По финалето, на тестирање заминаа Енес Хаџибулиќ и Карлос Морбан од Вардар осигурување и Златко Гоцевски и Виктор Крстевски од Струмица 2005.
 
Абе море нас од Ф.А. на форумов многу не имало.Поздрав до сите...А што се однесува до утакмицава.Ни едните ни другите не ми се по ќејф(посебно работнички) али да ви кажам право многу ми е мило шо изгубиле,па ајде и титула ако треба нека земат струмичаниве само они не.Рака на срце струмица има најквалитетен тим во мак.лига заедно со вардар(барем според мое мислење) а за навивачи ич да не праиме муабет.Ф.А. и све е кажано.Поздрав
 
iLe напиша:
Четворицата кошаркари кои по финалето на Купот на Македонија, што на 15 април се одигра во Битола, беа избрани од допинг-контролата имаат негативни тестови.

Од Агенцијата за млади и спорт, чија лекарска комисија ја изврши допинг-контролата за првпат во историјата на македонската кошарка, се уште не беа стигнати официјалните извештаи, но, неофицијално, од Кошаркарската федерација дознаваме дека сите играчи биле негативни.

По финалето, на тестирање заминаа Енес Хаџибулиќ и Карлос Морбан од Вардар осигурување и Златко Гоцевски и Виктор Крстевски од Струмица 2005.

Само Крстевски беше од Струмица, а и ова е пред 1 недела :) :)
 
A*1*T*E*A*M напиша:
Само Крстевски беше од Струмица, а и ова е пред 1 недела :) :)
И го има во темата Општи информации за кошарката!
 
Шампионот на Македонија, Фершпед Работнички вечерва ја пречекува Струмица 2005 во вториот финален натпревар од плејофот во Космофон Супер лигата. Натпреварот стартува во салата: ”Градски парк” во 19.30 часот, а Струмица 2005 води со 1:0 во победи во финалната серија ”подобар од седум”.

- Вечерва немаме друг избор, мора да одиме на победа. Сите најдобри кошаркари, со кои располагаме, ќе бидат во составот. И покрај тоа, Тасовски и Поповиќ, исто така имаат проблеми со повреди. Но, без разлика што добар дел од моите првотимци немаат тренирано извесен период, вечерва ќе сметаме на мотивацијата, сите кошаркари треба да го дадат максимумот. Очекувам победа, која не остава во игра во финалната серија. – вели тренерот на Фершпед Работнички, Јорданчо Давитков.

- Самодовербата на играчите е на високо ниво по одличната игра на првиот натпревар. Очекувам тимскиот дух и одличната игра во одбраната да бидат наши адути и на вечерашната средба. Ние нема што да загубиме, психолошкиот притисок е кај противникот. Иако сметам дека играчите на Фершпед Работнички ќе сакаат да победат пред своите навивачи, сепак очекувам наша добра игра, и, доколку ни се укаже шанса, да ја искористиме и да победиме. – вели капитенот на Струмица 2005, Ефтим Богоев.

Тешко!
 
сакам последната решавачката да биде во Струмица:basket::basket:
 
Еве почнува плеј-офот :)
Ајдуците се на таа страна каде што е камерата по се излгеда :) ... баја ги има сити парк бојс :nesum::nesum::zlo::zlo::zlo:
 
Победа на Струмица 65-67 2-0 веќе води Струмица...На Работнички сега му се многу мали шансите зае евентуално вреќање и освојување на титулата....Тони Симич добра игра...Тони Грнчаров добра игра,Ефтим Богоев и неговите две тројки во последната четвртина може беа и кључни за победата
 
БОГОЕВ малко промашуваше но сепак со неговите тројки победи СТРУМИЦА и сепак со помош на другите играчи
 
bama напиша:
БОГОЕВ малко промашуваше но сепак со неговите тројки победи СТРУМИЦА и сепак со помош на другите играчи
Да да го заборавив Грнчаров и неговите тројки таму колку беа 20 поени...и тој беше тука...иначе судиите катастрофа...тој Стојановски си се удира од Богоев си паѓа фаул после на Гоцевски 2-3 лични без врска му ги судеа..имаше право што се бунеше човекот
 
како и да е победи СТРУМИЦА:salut:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom