Тренерот на актуелниот освјувач на Купот на Македонија и селектор на репрезентацијата на Македонија до 20 години, Марјан Лазовски, ги искажа своите видувања во пресрет на првиот натпревар од финалната серија “подобар од седум“ во македонското кошаркарско првенство:
- Струмица 2005 и Фершпед Работнички беа двете најуспешни екипи во Космофон Супер лигата сезонава и сосема закономерно изборија место во финалето. Сметам дека екипата на Фершпед Работнички е во блага предност, главно поради фактот што имаше полесна полуфинална серија против Вардар Осигурување, која ја доби со три убедливи победи. Струмичани ќе бидат под голем психолошки притисок, бидејќи ќе играат пред домашна публика, а и знаат дека доколку загубат, Фершпед Работнички ќе ја има предноста на домашниот терен.
Доколку Струмица 2005 успее да го добие првиот натпревар, очекувам долга и неизвесна финална серија. Сепак, сметам дека Фершпед Работнички има сила и искуство барем еднаш да победи во Струмица. Но, Струмичани не треба да се потценат, и тие имаат свои шани.
Очекувам првиот натпревар да биде интересен и неизвесен. Не очекувам некоја посебно квалитетна игра, но сметам дека ќе има голема борбеност. Во секој случај, нијанси ќе го одлучуваат победникот на првиот финален натпревар во Струмица. – вели Лазовски.