Многу ми е криво што морам пак да јас да бидам тој кој не се сложува. Пред две години, кошарката во Битола почна. Пред 6-7 години во нашава лига играа играчи од типот на Врбица, Мирза, Дејан Јовановски, Станковиќ, Блажевски (во најдбрите свои денови) Гечески, Чековски... па од странците Ренди Дак (играше и е Евролига после), Бурогс (играл во Италијанска прва лига), Фрејзер Џонсон, Лоренцо Ор, Дејвид Дениелс (канадски репрезентативец) Еванс (незнам кај отиде од тука, ама отиде во некој јак тим), па пред тоа, Дин (легенда на Македонската кошарка), Турман и Едвардс (двајца страшни играчи едни од подобрите во НЦАА лигата), Видачиќ (после Работнички потпиша за Партизан), Ивановиќ, па тој американецот во Работнички сум го заборавил, па Олег Лебедев (руски репрезентативец) ама за вас тогаш кошарка не постоела, а прашате ги Велешани, Кочанчани, Кумановчани, дали кошарката почна од пред две години.
Криво ми е кога читам вакви невистини. Нашата лига беше многу јака пред 6-7 сезони, еве ваљда Доолрокс се секава какви утакмици имаше тогаш, каква посетеност и колку беше популарен спорт кошарката кај нас. Имаше емисија слична на NBA Action, имаше албум со сликички од кошаркарите во нашата лига, немаше празно место во сала, Работнички и Мзт играа против гиганти на светската кошарка, па какви финални серии имаше.
Жал ми е што не сте биле присутни тогаш и да направите споредба со сегашнава ситуација. Оваа Струмица, со ваков тим, во тој период ни плејоф немаше да влезе. Како што рече Доолрокс, во Куманово просек имаше по 7000 гледачи, кошарката беше на страшно високо ниво за наши услови.