Македонска Втора Лига

  • Креатор на темата Креатор на темата Agimkrasniqi
  • Време на започнување Време на започнување
Значи овој Хари не осветли, ете гледаш немаме ни местенки во Македонија, а ние па цело време чекаме тој да ни каже :pos2::pos2::pos2:

Кој морон човече. Инаку ме интересира имаше ли на КОД емисија за местените натпревари или така нешто се поклопи таа изјава, баш ме интересира?

Темата на Код беше местени натпревари. Имаше разговор со менаџери на кладилници, со фудбалер еден, малку новинарско мислење и неколку реда муабет со почитуваниот г.Хари. Не видов кој е фудбалерот, гарант беше од домашно првенство. И додека Хари тврдеше дека кај нас се е чисто, наизменично со неговата изјава одеше и изјавата на фудбалерот каде што тврди дека фудбалерите се немоќни против местенките и дека играат по наредба, а не по нивна желба.
Иначе емисијата беше општо за кладење и местење, а во еден дел ја спомнаа и Победа - Пјуник.

Него пошто темава е Втора Македонска лига, а моментално муабетот е местење, кази ми Брегалница ќе оди на 3 бода последно коло или ќе земе пари од Дрита за да им го даде 4 место? Кој и да е 4ти ќе земе пари од Металург во бараж :pos2:
 
Со Маџари ја дадовме за тие да се спасат ама пак не им излегоја резултатите во нејзина полза.
Сега последната со Цементарница треба да се оди на сигурна победа, барем така рекле на состанокот шо се одржа некна пред оваа да биде со Маџари. Така да сигурно влегуваме во Баражот , е сега таму се зависи од Христовски тој да не си ја договори па така да завршиме.
Инаку на состанокот шо ти го спомнувам интересно е што сите се согласиле дека се спремни за влез во Прва Лига и дека се обезбедени сите сретства за учество во истата. Сега понатаму како што ти реков ако Христовкси изигра некоја шема со Минчо газдата на Металург тогаш никој ништо не му може зашо еднаш така веке не заеба со ако се секаваш Купот во полуфиналето со Шкендија коа игравме тогаш тој не заеба и неговите играчи , сега тие истите играчи се главни овде што не ми е мило ама шо да правам срце не ми дава да преседам дома а да не отидам на утакмица.
Така да крајниот епилог НАЈВЕРОЈАНО и со најгоми шанси е дека сигурно ке одиме во баражот, а со оглед на тоа шо Металург го е*ааа и тој ке ни биде противникот, Минчо нема да остави на среката да им ја решава судбината на вложените инвестиции во клубот па така тој ке си понуди, а Христовски кој сите го знаеме мислам дека нема да им одоолее на парите!:toe:
 
Ајде нека и е со срека на Брегалница во баражот со кој и да игра!!!:vozbud:
 
Дефинитивно нови прволигаши Тетекс и Слога. Во баражот Шкендија и Брегалница.

Во 3 лига отпаднааВардар Д., Маџари С. и Нов Милениум. Бараж за опстанок во 2 лига ке игра Кожуф.
 
Чест ми е да се простам од темава од сега па натаму Слога ќе игра во Првата Македонска Лига.
 
Ако има некој навивач на Пелистер, нека каже негово мислење, дали Пелистер намерно изигра нерешено дома со Турново за да ја добие Шкендија во бараж???

Можеби намирисаа паричка во баражот. Од Брегалница немаше ни денар да добијат, а многу лесто можеше да изгубат.
 
еее да бе,Пелистер глупави се па да падна у втора лига!!
и сеа ме насмеа да зема паре у баражот:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
еее да бе,Пелистер глупави се па да падна у втора лига!!
и сеа ме насмеа да зема паре у баражот

Во клуб каде што нема скршен денар, каде што играчите секоја недела штрајкуваат и играат без пари таму се може да се очекува.
Ако под Пелистер подразбираш и клубот и навивачите, тогаш сигурно не сакаат да паднат во втора лига.
Ама не е баш така. За жал во клубовите палат и гасат само 2-3-ца луѓе кои по некое правило се водат од лични интереси.
Не знам кој го води клубот и сакам тоа да е некој чесен човек. Затоа побарав мислење од некој навивач на Пелистер. :helou:

кој екипи сега ќе влезат во 2 лига ?

Ако мислиш кој ќе испадне од прва лига и ќе „влезе“ во втора лига, тоа е Напредок. Пелистер и Металург ќе играат бараж со Шкендија.Т. и Брегалница.

Во втора лига ќе влезат и 3 екипи од трета лига. И таму има баражи ама не ти се битни очигледно :)
 
epa za tie jas prasuvam
 
Прваците на сите 5 трети лиги заедно со Кожув од втора лига ќе играат 3 баражи. Кој со кого ќе игра не знам. Ќе има ждрепка валда.
Кој е прв во регионите, нема каде да се види, освен во Македонски Спорт ама не знам кој ден има табели од регионите.
Во Скопје-Куманово регионот кој е прв? Едно време Лепенец беше меѓу првите?
 
Vu Juzniot region prv e 11 Oktomvri!!i toj ke igra baraz za 2 liga!Najverovatno na 13 juni!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom