Македонска ватерполо репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата Tanurovski
  • Време на започнување Време на започнување
Ги удавивме французиве, не знаеа кај се наоѓаат :pos:
Секоја им чест, со среќа на европското првенство, Македонија е со вас.
41325_1459971291777_1008261762_31109033_5019141_n.jpg


Туку јас пола натпревар го гледав, а пола и повеќе се газев смеев. Значи коментаторов беше врв. И да не ја знаеш информацијата дека Бошко и Игорче се татко и син, ќе претпоставиш :icon_mrgr:
Ајт ќе им простиме на прочка :cool:
 
Браво. Ред е и државава тро да се ангажира повеќе за базени за да имаме лига
 
Браво момци, секоја чест. Така се игра за Македонија.

Иако бев уверен дека ќе ги победиме Французите и ќе се пласираме на ЕП, сепак да бидам искрен не очекував така лесна и убедлива победа. Момците се покажаа во одлично светло, играа без притисок и покажаа дека имаме квалитет. Да се надеваме дека ќе продолжат со ваква игра и на ЕП.

Инаку сакав тука да завршам со постот ама едноставно не можев а да не пишам збор-два (добро де повеќе :)) и за Бошко Трпески. Човекот на ватерполо натпревар за пласман на ЕП коментира и за политика, и за нашата историја, и за ЕУ, и за спорот со името, и за што уште не. На моменти се почуствував како да гледам вести.
Врвот му беше пред крајот на мечот кога Французите симулираа а Бошко во свој стил: "Блефери, блефери, блефери":pos:
 
Јас бев вчера на олимписки,имаше добра атмосфера искрено не очекував толку публика да има до последно место беше исполнето.
Искрено очекував победа од 3+ голови,но не очекував дека ќе ги потопиме :)
Треба да ги поправат звучките кога зборуваше коментаторот ништо не се слушаше(n)Ама нај интересно беше коментаторот збори(акјдсјдлак)никој не го разбира завршува и сите даваме аплауз :pos:
 
Засега 11 репрезентации се познати кои ќе учествуваат на Европското првенство во Ајндховен, Холандија (16-29 Јануари 2012 година.) Тие се Хрватска, Италија, Србија, Унгарија, Црна Гора, Германија, Македонија, Грција, Романија, Турција и организаторот Холандија. Последниот 12-ти учесник ќе биде познат денеска по реваншот меѓу Шпанија и Русија. На првиот меч Шпанците славеа со 13:6.
Ждрепката на групите од ЕП ќе се одржи на 11 ноември 2011 година во Ајндховен.
Им посакуваме успешни резултати и победи на европскиот шампионат. Напред Македонија..


.
 
Честитки за ватерполистите.Колку е само убаво што имаме ваков континуитет во спортот.Кошаркари,ракометари,па сега и ватерполистите не израдуваа.Се надевам на подобар настап од претходното европско.
 
Се мислев дека Европсково е во лето таму Јуни-Јули како што беше претходно ама сега ради ЛОИ го преместиле за во Јануари па се поклапа со ЕП ракомет во Србија...
 
Нека им е со среќа новото ЕП на нашите ватерполисти па да се надеваме на добар успех ;)
 
Вуксановиќ: „Македонија заслужува во Европа“


Македонското ватерполо уште еднаш носи радост за нашиот спорт, откако на убедлив начин победувајќи ја Франција ватерполистите ни го подарија и третото едноподруго учество на Европски шампионат.

Избраниците на Игор Гочанин горди се на големата победа од 12-4 против Французите, како што велат на тој начин покажувајќи дека на Македонија, па и преку ватерполото, местото и е во Европа.

„Среќни сме поради нацијата, поради нашите постојани подржувачи но и поради нас самите. Секако задоволни сме што покажавме пред Европа дека не случајни се сите досегашни успеси на Македонија во ватерполото. Да се победи на еден таков начин Франција јасно покажува за квалитет на составот кој заслужува да биде меѓу најдобрите во Европа“ - вели капитенот на нашата репрезентација Иван Вуксановиќ.

Еден ден по нашиот обезбеден пласман на Европското првенство кое во јануари следната година ќе се одржува во Ајндховен, Холандија, Вуксановиќ вели дека на почетокот се стравувало од текот на самиот реванш натпревар, но веќе по неколку минути била јасна нашата супериорност.

„Искрено, стравувавме како ќе го отвориме натпреварот. Но за среќа се почна како што посакувавме со одлична игра во одбраната која ни овозможуваше и сигурни напади. Сигурен сум дека овој тим, со едни добри подготовки, има капацитет за успешни резултати и на Европското првенство“ - вели Вуксановиќ.

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2121
 
европско првенство во ватерполо - македонија во а група со - италија, холандија, унгарија, турција и грција
во б група се: хрватска, србија, црна гора, романија, шпанија и германија
 
Интересна група.Во секој случај колку - толку подобар избор од Б групата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom