Македонска ватерполо репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата Tanurovski
  • Време на започнување Време на започнување
Одиме на победа со над два разлика или повеќе за пласман на Европското првенство..напред Македонија
 
Значи во сабота со почеток од 20:15 во Олимписки базен Македонија ја пречекува Франција. Со победа изразена со два или повеќе гола се пласираме на Европско во Ајндховен во Јули 2012.
 
Македонија-Франција
Олимписки базен (20:30 часот) в сабота 29 октомври 2011, реванш бараж за пласман на Европското првенство 2012 година во Ајндховен, Холандија.
Првиот меч во Париз заврши 8:6 за Франција. Да се надеваме дека со поддршка од навивачите Македонија ќе слави победа над два гола разлика, па зошто да не и повеќе. Според програмската шема најверојатно директен пренос ќе има на Сител 3.
Напред Македонија..
 
Мора вечерва огромна подршка одима на уште едно ЕП!!!:vozbud:

Голем оптимист сум за денешниов меч. Читам Франзуциве се опасни на контри, нашиве треба да играат на долги напади и обид да се изнуди исклучување а во одбрана не верувам дека би имале проблеми посебно не на домашен терен.
 
„Имаше вакви слични фаулови и во париз, меѓутоа тамо судиите - платеници имаа кратка диоптрија за да можат тоа да го видат.“ Тешко дека Игорче може да го надмине татка си :pos:
 
Па овој не е коментатор бе навивач:tapp:.А и ова веќе стварно претеравме 11-4.МАКЕДОНИЈААА!!!
--- надополнето: Oct 29, 2011 7:42 PM ---
Базенот полн одлична атмосфера дај Боже што повеќе вакви глетки.
 
За овие 17 години како пливам и дремам на Олимписки го немам видено во онаква атмосфера!

Ги гледате ли ватерполистите што прават со знамето? Пак серете ги.
 
Претераа ватерполистине :pos: Газењеееееееееее!!!
 
Браво ѕверови ги потопија Французиве без проблем на ЕП очекувам поголем успех од претходните два настапи.
ПС. За Бенич што игра центар нема одбрана типот постигна 2 гола со шрауба.
 
Македонските ватерполисти на ЕП 2012!

Ватерполо репрезентацијата на Македонија ја совлада Франција со 12-4 во Скопје и излезе како победник во баражот за пласман на ЕП 2012 во Холандија.

Македонските ватерполисти ги заслужуваат сите честитки - одиграа храбро, одважно, уште од почетокот беа решени да излезат како победници во баражот со Франција, и успеаја во тоа. На крајот, комплетно ги декласираа Французите, совчадувајќи ги со убедливи 12-4.

Уште во првата четвртина, избраниците на Гочанин наметнаа свое темпо и со головите на Мишиќ, Петровиќ и Ранчиќ поведоа со 3-0, предност која беше доволна за пласман на ЕП 2012.Французинот Симон намали на 3-1, но Вуксановиќ го комплетираше првиот период со уште еден погодок за водство од 4-1.

Во втората четвртина Македонија продолжи во исто темпо. Со два гола на Мишиќ и еден на Ранчиќ, како и неколку одлични одбрани на голманот Маринковиќ, нашите ватерполисти стигнаа до убедлива предност од 7-2.

Третиот период беше малку поскромен со погодоци, но сепак Македонија го одржа високото водство. Во последната четвртина, вистинска еуфорија на Олимпискиот стадион во Скопје.

Фановите скандираа „Македонија, Македонија...“, а ватерполистите си поигруваа со противникот во водата. Со головите на Ранчиќ, Летица, Бениќ и на крајот повторно Ранчиќ, Македонија оствари убедлива победа од 12-4.

Нашето ватерполо, иако мора да се признае со многу „увезени“ ватерполисти, повторно ќе не претставува на еден голем спортски собир, на Европското првенство во Ајндховен, Холандија, што ќе се одржи идната година.

http://brkajrabota.mk/sport/ostanati-sportovi/10727-makedonskite-vaterpolisti-na-ep-2012

Честито пласман!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom