Македонска ракометна репрезентација - (жени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Проблемот е сега што пропустаме две големи натпреварувања, а со тоа ни паѓа автоматски рејтингот, и од втор ќе преминеме во трет барабан, што значи дека ќе добиваме потешки противници...

--- надополнето ---

за атмосферата стварно беше одлична, и не се дишеше и кале не бил толку полн од кометал коа стана европски шампион...

за играта и резултатот, сами сме си криви, едвај некако на сила дојдовме до водство и тоа не успеавме да го задржиме...ако се заборави се, и се погледнат само последните 2 минути, ќе се види дека најголемата грешка ја прави Петковиќ што не повика тајм-аут коа имавме напад при водство од 1 разлика...само што дигнаа рака судиите за пасивен напад, мораше да побара тајм-аут и да заработи време...нешто што не ми е јасно за тие 2 минути, е како по шутот при закана од пасивен, топката која отиде во аут им беше доделена на холаѓанките??? од таму јас кај што гледав, изгледаше како да удри во нивниот блок и да е чист аут за нас...цела публика се побуни, особено тие што беа најблиску, а од ракометарките и од клупата немаше ништо...ако може некој да ги најде тие 2 минути на видео па да видиме би било добро...затоа шо останавме збунети сите кој шо го видовме во живо тој момент...


Да, тој момент не зачуди и сите нас од спротивната трибина...Ама бев доста далеку, па си реков демек сигурно не сум видела убаво... не знам...
 
Ако ни е кога ни чинат само странци за селектори..
 
Па ајде кажувајте предлози за селектор,не дека овој ќе си оди:toe:
Јас би рекол Крсто Петрушевски
 
Каков селектор бе,нека се стресат малку кравиве со глата в ѕид и нека се освестат што направија и што пропуштија.Па после ќе бараме тренери,за една Холандија и без тренер требаше да ја победиме.
 
^ Холанѓанките одлично изиграа,чим ги победиле Хрватките значи дека не се воопшто наивна репрезентација. Добра тактика имаа,ни ги затворија бековите кога највеќе беше потребно ( Портјанко 1 гол само даде од игра ),имаа одлична полуконтра и контра,позиционите напади исто така максимално ги користеа,се гледа дека добро ја анализирале играта во одбрана на нашита,затоа и паднаа многу голови од пикерска позиција. Кога сменивме формација во одбрана 4-2 тогаш и ја направивме првата предност али и тоа брзо го решија и се вратија на нерешен резултат. Според мене ова е типично тренерска изгубена битка,и само Петковиќ и никој друг е виновен за овој неуспех !
 
Петковиќ и ракометарките. Кога поведовме со 2 разлика помислија дека е готово. Практично од тој момент и не изигравме ништо. Премногу грешки за една селекција која сака да биде дел од елитата. Жално е да се гледа како ни тоне спортот. Денес мораше да биде победена Холандија, која реално нема некој голем квалитет.
Како и да е луѓето од ракометната федерација мора да сфатат дека ни е потребен селектор кој ќе ги следи ракометарките и континуирано ќе работи со нив.
 
Шо сте запнале бе сите по Петковиќ???? Не дека нема кривица и он ама со грото дрво ракометарки тоа е. Со Бајрамовска како главен играч тој е максимумот. Даде бајаги голови ама направи и по моја проценка 8-9 технички грешки, па сега вие проценете.Црвенковска и Кресоја требаше да ја поделат минутажата , а не Црвенковска да игра скоро цела утакмица. И на крај немавме ни спортска среќа и концентрација во финиш.

П.С. Ме занима само дали дадоа на ТВ тој аутото за Холандија на минута до крај по кој следуваше контра и израмнување...Од трибини изгледаше дека е наша топка
 
И да прашам за шутот на Тодоровска што стварно ги мавна стативите, ама од кај што ја стоев, ми се виде дека влезе во гол, а не го признаа...Може грешам, нека ме поправи некој слободно, ама не знам...Судиите беа далеку од добри, не викам дека беа против нас, ама имаше неколку дискутабилни одлуки и во наша корист но и во корист на Холанѓанките...Али сепак, да не излезе дека сум од оние што стално ги криват судиите, ќе повторам, сами сме си криви...Леле, уште не ми се верува дека ја пропуштивме шансава...
 
^^ За тоа аутот мислам дека беше свирено пасивен напад,пошо беше дигната раката на судиите....
За тоа кој ќе игра одлучува ТРЕНЕРОТ,па види од каде повеќето од времето играше Црвенковска.

Скоро цел натпревар на бековската линија немавме левак (читај Ѓорѓиевска) само во еден напад влезе и толку.
И на 2 натпревара,против иста репрезентација да прокоцкаш предност во последни секунди не е само сличајност и вина на ракометарките:nenene:
 
Криво ми е што не сме влегле..да не ја победиш Холандија,која не е којзнае јака,стварно бруки сме!
Како што ми кажаја и како што прочитав,добро сме играле,сме воделе 2 разлика до последни 2 минути..и само тоа може на нас да ни се деси,за 2 минути да примиш 2 гола а да не дадеш ниту еден.
И доста ме изненади што Наумовска(мислим се викала голманката) одбранила доста топки и неколку зицери,зошто искрено и прв пут слушнав за неа!
 
Гледав само второ полувреме, слаба игра во одбрана, во нападот солидно. Холандија никогаш не била женска ракометна сила, нити пак сега ја сметам и верувам дека на ЕП нема ништо да покаже. Едноставно нашите не смееја да прокоцкаат ваква можност, со плус 2 при крајот да не изборат пласман, но и ова е веќе видено од нас за жал.

Голот во финишот по аутот и мене ми е дискутабилен, дури и да беше свирен пасивен напад некако не ми делува логично да продолжат директно од аутот, мислам дека требаше барем да се врати назад топката, а тој гол беше решавачки.
 
за атмосферата стварно беше одлична, и не се дишеше и кале не бил толку полн од кометал коа стана европски шампион...

за играта и резултатот, сами сме си криви, едвај некако на сила дојдовме до водство и тоа не успеавме да го задржиме...ако се заборави се, и се погледнат само последните 2 минути, ќе се види дека најголемата грешка ја прави Петковиќ што не повика тајм-аут коа имавме напад при водство од 1 разлика...само што дигнаа рака судиите за пасивен напад, мораше да побара тајм-аут и да заработи време...нешто што не ми е јасно за тие 2 минути, е како по шутот при закана од пасивен, топката која отиде во аут им беше доделена на холаѓанките??? од таму јас кај што гледав, изгледаше како да удри во нивниот блок и да е чист аут за нас...цела публика се побуни, особено тие што беа најблиску, а од ракометарките и од клупата немаше ништо...ако може некој да ги најде тие 2 минути на видео па да видиме би било добро...затоа шо останавме збунети сите кој шо го видовме во живо тој момент...

Кога шутна Портјано,од блокот се одби во нејзината рака и излезе во аут.

Имаа доста технички грешки,Црвенковска како почетник изреагира во два наврати и еден на Бајрамовска (дупли).Бајрамовска ме изненади вчера,храбро,борбено и прецизно.Да имаше подршка од Портјанко ќе беше добро,ама сите како да беа под притисок.
И најмногу ме нервира што не играме со крила!Македонија секогаш е најдобра во крилата и контрите,цела утакмица се форсиравме преку бек,а бевме затворени.Со сила не се даваат голови.
Од друга страна ми текнува како изреагира Македонија на нивниот успех претходното европско,како ги малтретираа во агенција за млади и спорт,за парите...Знаеме да бараме како држава,а незнаеме да наградиме,епа ако ни е.
Ајде за светско похрабро.
 
Респект за борбеноста на нашите ракометарки,за тоа никој не смее да им приговори....
Одиграа борбен меч,се бореа колку шо можеа....немаа спортска среќа на крај-која е потребна во вакви мечеви кога сао еден гол,еден напад,една грешка го решава мечот-+притисокот дека мора да се победи си го направи своето....
Се сложувам со некои коментари во постовите погоре дека испаднавме заради лошата тактика-посебно одбраната потфрли..
Примивме многу,многу ПРЕМНОГУ наивни голови,ни создаваа вишок Холанѓанките скоро на секој напад,едноставно не уништија со таа дуел игра-во која не се снајдовме и зоната 4-2,на моменти 3-2-1,со почетен фластер на нивните бекови не даде плод...
Точно е дека имаа неколку изгубени топки заради нашиот пресинг,но веќе кога ќе го поминеа првиот филтер на фластерите,лесно ја РЕШАВАА нашата одбрана....
Посебно слабо во одбрана изигра Пецевска,ја следев во повеќе ситуации извиси како мало дете,не само таа туку многу пати нашата одбрана беше изиграна на наивен начин.....
Требаше да се игра 6-0,можеби и 5-1,да се стави само фластер на нивниот лев бек,не растури тој играч...
Немаше потреба да им даваме простор за игра=се виде дека се подобро технички потковани од нас,направија минимален број грешки во водење на топката,за разлика од нас кои барем 7,8 топки им подаривме заради погрешно водење....
Потребна ни беше и минимална победа,и требаше стрпливо да ја чекаме нашата шанса,а кај нас беше присутна голема доза на нервоза,нервоза шо резултираше со голем број на грешки,посебно во нападот...
Бајрамовска имаше преголема слобода во играта,можеби даде 7,8 гопа но уште толку топки потроши,шо е слаб ефект.....
Требаше повеќе да ротира Јошко,цело второ полувреме го одигра речиси со иста постава,шо на вакви тешки мечеви е недозволено,мора максимално да ги штеди своите главни играчи,и да ги користи максимално-кога најмногу требаше во последните моменти падна концентрацијата и се изгуби силата....
Штета загубена е уште една шанса за пласман на големо натпреварување,сепак секоја чест за Холанѓанките,одиграа одличен,брз модерен ракомет-доста напреднале овие години и со право одат на ЕП......
 
Јас мислам дека баш со одбраната 4-2 нашите направија прогрес, требаше да се игра со таква одбрана цело време, додека се играше со одбрана 6-0 не растурија од бековски позиции. Исто беше и таму, прво полувреме губевме седум разлика баш поради 6-0 одбраната, второ полувреме кога почнавме да играме со поагресивна одбрана примивме само пет голови. Сами сме си криви за овој пораз, играа под преголем притисок, но како професионалки мора да се научат да играат така.
 
Многу беше важно да се пласираме на ЕП за да си го задржиме стварно добриот рејтинг па макар таму биле и последни. Нависитна немавме среќа вчера: 4 стативи и 2 пенали и зицерот од контра на Црвенковска. Па макар една од овие да влезеше ќе победевме. Ама од друга страна па кој ни е крив кога се дове4дуваме во таква драматична завршница. Место да си водиме со некои 5-6 разлика и комотно да го приведеме натпреварот кон крај ни цело време бркавме разлика и кога конечно направивме 2 предност не можевме да ги задржиме поради немање концентрација и како што кажав, СРЕЌА. Па додека на некој не му се стемни (ние) на некој нема да му се раздени (Холандија).Па и тие се трудеа, напорно тренирале, работеле за да се пласираат на ЕП и си ја искористија шансата. Сега само се плашам дека ќе ни падне рејтингот па во иднина уште потешко ќе ни биде да се пласираме. А дотогаш ќе остарат и Пецевска, Црвенковска, Бајрамовска, Партенко, десно крило веќе немаме, а не гледам некои нови играчки млади да се наметнуваат. Изгледа ова е почетокот на крајот на македонскиот (женски) ракомет освен ако Металург не примени а ла Кометал стратегија па со неколку странски засилувања со мак. пасоши повторно да играме значајна улога во европскиот ракомет. Дотогаш Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија сите ќе бидат пред нас. :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom