Македонска ракометна репрезентација - (жени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Прилично лоша игра на нашите,посебно во одбрана,среќа голманката наша фати неколку зицера иначе ќе имавме и поголема негатива.Црвенковска потполно потфрли во нападот,промаши пенал,2-3 зицера.Неколку пати имавме неизнудени удари од огромна далечина.Преку пикер малце играме,скоро ич. Се на се заслужено водство на холанѓанките по прво полувреме,се надевам подобро ќе изиграат нашите у второ :)
 
Уште 2 пеколни минути
 
Колку е резултатот ?
 
28-28... краен резултат :(
Прерано ги отпишавте Холанѓанките... тоа е, за жал пропуштаме уште едно натпреварување. Најтрагично е тоа што сами сме си криви, и таму имавме предност во финишот и тука... тоа е, повеќе среќа нареден пат.
 
А имавме до сега најдобра репрезентација т.е нај надежна, но ете ги потценивме Холанѓанките :toe:
 
Килајце!!! Тоа можем да кажем само!!! Еден течен напад немаше, све на сила.
 
Пу ј'зк да ти еб*м стативата.
:kesa: :kesa: :kesa: :kesa:
 
Патем требаше цел меч да се игра со 4+2 одбрана, а не само второто полувреме. Мислам дека Јосиф Петковиќ беше донесен за успеси, а не за неуспеси. Веќе ги нанижа два.
 
Епа оваа генерација ви беше појака од онаа на Кастратовиќ.:tapp:Мизерен натпревар играа,во прво голманката не држеше во игра,заслуживме и со повеќе од 2 гола да губиме.Во второ неколку голови на сила и со 15 пенали неможеме да победиме.Овие курви не заслужуваат никогаш да играат ЕП,вака ли се бранат боите на Македонија,против анонимна Холандија да имаш предност и да правиш низ текот на целиот натпревар почетнички грешки.Ај упм,ништо и од жениве,сејте сега без репрезентативен ракомет 2 години.
 
Ало бе :tapp: бевме страв и трепет за далеку подобри репрезентации, сега да не можеме да се пласираме ниту на второ место во квалификациската група.
Петковиќ не ме интересира какви успеси имал во минатото, но дефинитивно не ги оправда очекувањата. Нека му ја покажат излезната врата, не заслужува повеќе да биде селектор на нашата репрезентација.
 
Ништо ново, истава работа се случува секој пат, имаме големи надежи а на крај ние сме тие кои изненадуваат но на неубав начин.Наместо со оваа генерација да направиме нешто повеќе, ние кикснуваме со Холандија.
 
значи и по втор пат не успеавме да се пласираме на завршницата на едно големо натпреварување и по втор пат заради петковиќ и неговата лошо поставена тактика и начин на игра во одбраната... едноставно човекот не свати во овие 2 и нешто години дека немаме ракометарки за овој тип на игра кој го применува!!! ако овие од рфм имаат тро мозок треба копуков ОДМА да се исфрли и то на клоци од репрезентацијата!!!

за натпреварот што да се каже... една иста тактика, лесно прочитлива за сите селектори, па и за еден (пот)просечен како холандскиот. нападите налик еден на друг, на сила и по ист терк, одбрана иако не функционираше, се форсираше постојано истата формација и јас стварно не можам да сватам зошто не ИГРАВМЕ СО КЛАСИЧЕН ДЕСЕН БЕК, кој и те како го имаме и кој може да се одрази и да шутне. црвенкоска префорсирана, тодороска требаше малку да биде одморена без разлика на се и повеќе требаше да се игра преку крила, наместо по средина.
значи, да не гњавам многу, холандскиот селектор ја прочита играта од самиот старт, нашиот тн. стручњак неспособен да воведе промени во играта кога нешто не оди и да не се залажуваме, да не беа голманките и во еден период и судиите, ние немаше до крај да се надеваме на пласман на ЕП, туку ќе беше се решено веќе некаде околу кај 40 минута.
позз за сега!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom