Македонска ракометна репрезентација - (жени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Па Диневска воопшто не е повикана на овој собир тука се Хофман која е еден одличен голман како и Наумовска,наскоро би требало да се врати и Треновска така да на голман сме сосема солидни.На лево крило сме исто така доста јаки тука е Пецевска,се согласувам за Ристовска,Ана Десподовска,Срњакова,Атанасовска и мое мислење е дека треба да биде повикана Митрова од Металург.Десно со Гроздановска,Трајковска можеби и Пецевска и Атанасовска може да помогнат.Иднината ја гледам во Нацева од леов бартек потоа Петковска тука е Ѓеоргиевска,Штерјова,Здравковска на пивот итн...
 
динеска беше на претходните собири и ако не се лажам беше 2 голман на двомечот со австрија.
за иднината на женскиот ракомет... па таа е сега... кога ќе земиш, само андреева има преку 30 години од тој список и еветуално ламбеска ако дојди. инаку пецеска е 26, портјанко приближно толку, меческа и младеноска се уште помлади, бајрамоска е мислам 26-27, кресоја е околку 27, локи (ако игра) мислам дека нема повеќе од 25, црвенкоска 26, е сега ристоска 28, околу 28 има и грозданоска... значи сите се млади и имаат барем 7-8 години заедничко играње, што и не е така лошо... е сега кон нив да почнат да се придидаваат од сега десподовска, митрова, гајеска, петкоска, стојков, срњакова... мислам дека ниедна нема повеќе од 20 години.
штета што во оваа генерација ја немаме боева. ќе се најдеше и тоа како...
поздрав:smir:
 
Абе математикиве ти се закон, изгледа годиниве си им ги давал паушално :pos:
Кресоја и Младеновска се родени во 1986 (првата во август, втората во февруари), Ана Десподовска има 22-23 години (мислам дека е родена 1987), повеќето играчи се родени од 83 до 85... Ако не се лажам Динеска е повикана баш за овој двомеч со Хрватска, последен пат во тимот беше за двомечот со Австрија, овие на крај што си ги набројал сигурно се постари од Елена Ѓорѓиевска која е '90 и горе-доле ама врска немаат од ракомет... И тоа дека нашите ракометарки имаат 7-8 години да играат заедно ти е преоптимистички, многу е тоа, максимум заедно во овој состав може да играат уште 4-5 години. И која по ѓаволите ти е таа Грозданоска, прв пат слушам за неа, глеам ја ставаш на крило :)
 
Кресоја има 23, Бајрамовска 25...
 
лудница!!! математиките ми се целосно точни, освен за кресоја сум ја згрешил за 1 година... десподовска ја немам споменато...
е сега, мислам дека 7-8 години се таман за овој состав... грозданоска беше младинска репрезентативка и сега игра во грација, мислам, а пред тоа за кале...
а за митрова, срњакова и стојков мислам дека се голема перспектива!
 
Пецевска постигна 7 гола на последниот натпревар со Будучност, Портјанко номинирана во 2 категори за најдобар играч во француското првенство...Добро е ова, особено пред натпревариве со Хрватска:)
 
Портјанко е повредена, нема да игра на натпревариве со Хрватска...
 
Отколку се игра утакмицата у среда ? И колку ќе биде картата ?
 
Отколку се игра утакмицата у среда ? И колку ќе биде картата ?

Од 18 часот е натпреварот.

Ракометарките спремни за дуелот со Хрватска

Нашата најдобра женска ракометна репрезентација се подготвува за натпреварот кој во среда треба да го одигра против Хрватска.

Нашите ракоментарки ќе играат во квалификациите за ЕП против фаворизираната селекција на Хрватска но сепак не мислат лесно да се предадат и да му ја одстапат победата на фаворитот.

Денеска селекторот Петковиќ и ракометарките одржаа пресконференција на која тие ги изразија своите очекувања за предстојниот натпревар.

Голем хендикеп за нашите девојки е неиграњето на Јулија Портјанко која е повредена а исто така Наталија Тодоровска го откажа своето учество во тимот.

Во пресрет на натпреварот кој нашата женска ракометна репрезентација го игра во квалификациите за ЕП одржана прес конференција на која селекторот Петковиќ и ракометарките ги кажаа своите очекувања од овој значаен натпревар за нашата селекција.

Македонските ракометарки се подготвуваат неколку дена за средбата која ги очекува во среда против селекцијата на Хрватска во квалификациите за ЕП. Голем хендикеп е не играњето на повредената Јулија Портјанко и Наталија Тодоровска која го откажала својот настап.

„Хрватска е голем фаворит на оваа средба но сепак нашите ракометарки најавуваат дека ќе се обидат да стигнат до поволен резултат на оваа средба и покрај тоа што сме далеку од квалитетите на Хрватска која има одлична генерација која може да се бори и за медал на ЕП“ изјави селекторот Петковиќ.
 
Код:
http://www.idividi.com.mk/sport/ostanatsport/590756/index.html

- Денеска во 11 часот дознав дека Портјанко дошла повредена. Ако на почетокот на подготовките на 24 март знаев за ваквата состојба ќе имав време да најдам алтернатива, посебно за одбраната каде мислам дека ќе бидеме осетно ослабени. Никој не ме информира на време и сега е тешко на два дена до натпреварот да се направи нешто посериозно, рече Петковиќ.

До кога бре со вакви тренери, уште не почнат мечот си креира алиби за пораз. Пораз на домашен терен би значело неуспех, со „послабиот“ Глигоров, Хрватска на ЕП падна во Скопје, па ај да го видиме „големиот стручњак“ Петковиќ. Па немал алтернатива за Портјанко... Како прво, во исто време ги играше Бајрамоска и Портјанко, два играчи кои играат на позиција лев бек, па ете ти ја алтернативата. На среден бек Црвенкоска и Кресоја се одлични, а на десен бек конечно ќе ја имаме Охоланга, па ако е и 50% од она што беше на времето ќе биде супер. Гледам поради неиграњето на Портјанко се плаши и за одбраната. Па мислам дека двата пикери, Младеновска и Меческа заедно со Бајрамоска одлично можат да се снајдат во одбрана на централните позиции, а исто така доколку е потребна одбрана 5-1 Црвенкоска може да игра понапред како фластер на некоја ракометарка. Единствен проблем ќе ни биде позицијата десно крило... Петковиќ оддамна знаеше дека Тодоровска нема да игра, па ете уште не нашол замена... Сигурно некаде има добра замена, ама треба да ја побараш сам, а не два дена во годината да си во Македонија и да бидеш селектор :nerv:
 
Имам 2 карти, а изгледа нема да одам. Ако му требаат на некој ќе му ги дадам за 100че, освен ако не е и вака и така карта 50 зашто појма немам колку е:)
 
После тоа што го прочитав каква е атмосферата во Хрватскиот тим и со оглед на тоа дека настапуваме без Портјанко и Тодоровска не очекувам некое изненадување на натпреваров,но и покрај тоа не значи дека нема надеж.
 
Во хрватскиот состав нема повредени ракометарки, а ја читав и изјавата на нивниот селектор, кој вели дека е задоволен од припремите, и репрезентавиките се многу мотивирани, за разлика од нашиот селектер кој уште предвреме си призна пораз. :tapp:

После 2 одиграни кола, води Хрватска со 4 бода, втора е Македонија со 3, трета Холандија со 1 бод, и последна е Литванија со 0 бодови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom