Охоланга... се надевам дека ќе ја подобри својата игра... Во спротивно, bye bye... Како да заборавила да игра ракомет, ужасна беше.
Некој ќе каже не играле Портјанко и Тодоровска... Јас мислам дека освен неиграњето на Тодоровска, најголем хендикеп ни беше повредата на Бајрамоска. Во последно време игра во врвна форма и во Металург и во репрезентација, со неа во тимот ќе беше друга приказна. Лош меч имаше и Црвенкоска, посебно во финишот на нејзините акции, а мислам дека во Ацковска добивме уште еден солиден среден бек, така да на среден бек моментално имаме три одлични ракометарки. Пикерите не беа доволно проигрувани, но успешно повлекуваа по две-три противнички ракометарки, правејќи простор за пробив на Црвенкоска, Кресоја и Ацковска, Пецевска одлично изигра и мило ми е што се враќа во форма, уште Десподовска да заздрави и ќе бидеме одлични на таа позиција. На десен бек, Ѓорѓиевска не е Кастратовиќ, ама и не е толку лоша колку што беше порано, го подобрува шутот, но мора уште да напредува, Новеска е добра за одбрана, Охоланга е добра за берење пченка

На десно крило... уфффф, мора под итно да се бара играч кој шутира со лева рака, оти го обравме бостанот... Макар таа ракометарка имала и 12-13 години, подобро тоа, отколку со играчи кои шутираат со десна рака на десно крило. Левите бекови ни се феноменални, уште да заздрават

И мислам дека одбраната не го загуби овој меч, туку главната причниа за поразот можеме да ја бараме во слабата реализација... Но што е, тука е...

Мислам дека имаме неколку квалитетни ракометарки и тоа доста ме радува. Малце повеќе финансии и се ќе биде како што треба. Хрватките беа многу повисоки од нас и тука го загубивме мечот. Мислам дека подолго требаше да се игра со пресинг одбрана, 4+2 (Кресоја и Црвенкоска напред), или па 3+3 (Кресоја, Црвенкоска, Пецевска/Ацковска), требаше да ја искористиме нивната брзина и да ги неутрализираме нивните високи бекови. Со оглед на проблемите, достојно се преставивме и ни недостигаше малце упорност и спортска среќа за добар резултат. Ништо не е завршено, сеуште сме во предност пред Литванија и Холандија и со победи над нив ќе се пласираме на ЕП. Се надевам нашите ракометарки добро ќе поработат на тоа, мислам дека почестите подготовки вродија со плод, и физички сме доста добро подготвени, мислам како никогаш досега, само треба уште малце да се поработи на стратегијата и техниката. Порано се вадевме на ова последното, но физички паѓавме и ги губевме мечевите. Сега мора да ја искористиме добрата физичка состојба на нашите ракометарки и да ги „потковаме“ со добра техника.