Македонска ракометна репрезентација - (жени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Македонската репрезентација ќе има нов обид да се пласира на ЕП 2012 во Холандија. Во квалификационата група противници ни се Франција, Турција и Литванија. Првиот натпревар го играме со Литванија на домашен терен на 19.10, а во второто коло и гостуваме на Турција во еден од клучните натпревари. Франција е фаворит, Литванија аутсајдер, мислам дека имаме солидни шанси како второпласирани да одиме на ЕП по четиригодишна пауза.

Еве го изборот на селекторот Стрезовски:

Голмани:
Тања Андрејева Металург
Дијана Наумоска Ж. Прилеп
Ивона Цветаноска Драма, Грција
Веселинка Треноска Вардар (?)
Крила:
Драгана Пецевска Металург
Драгица Митрова Металург
Ива Стојковска Вардар
Симона Грозданоска Металург
Бекови:
Мирјета Бајрамоска Металург
Ивана Петковска Ж. Прилеп
Наташа Коцевска Борусија (Д), Германија
Савица Мркиќ Ж. Прилеп
Билјана Црвенкоска Салерно, Италија
Драгица Кресоја Авр, Франција
Душица Георгиевска Металург
Марија Штериова Ж. Прилеп
Елена Георгеивска Металург
Даниела Новеска Металург
Пикери:
Робертина Мечевска Металург
Наташа Младеновска Металург

Портјанко и Охоланга се веројатно веќе минато, се враќа Коцевска. Што мислите за шансите на нашата репрезентација?
 
Па шансите ни се 50-50, или ќе се пласираме, или нема да се пласираме :) Ми се допаѓа ова што Цветаноска е повикана, исто така и Коцевска заслужи повик, игра добро во Германија + игра добра одбрана. Единствено требало да ги повика двете Деспод(т)овски од Металург.
 
Срњакова кај се наоѓа моментално?
Знам дека едно време настапуваше во Амбалажа Кабран, па тие се фузираа со Жито Прилеп, а послем тоа дали замина во некој друг клуб не сум запознаен, баш добро крило ми беше на мене, млада перспективна, талентирана..сигурно поарна од Ива Стојковска.
 
Срњакова мислам летово отиде во Кале Кичево, но незнам дали постои сеуште клубот?
За Зорица Деспотовска мислам дека е повредена, а Ана откако си отиде од Металург немам слушнато ништо. Според мене требало да биде повикана и Николовска особено заради десната крилна позиција.
 
добор играат имам приметено 2-3 млади надежни добри ракометарки треба некој ден на тренинг да отидам
 
Срњакова игра за РК Кичево и моментално клубот постои.Адамческа доби шанса ,според мене таа е искусна ракометарка .Мрќиќ не би требало да биде бидејќи формата и е падната.Младата Штериова доби шанса .Маневска ја нема,Илиеска која е добар пикер би требало да добие шанса .На голот освен Наумоска требало да биде и Наковска.А незнам зашто Ламбевска не игра за Македонија.Без Портјанко ќе биде тешко малку
 
Прв меч на женската репрезентација на Македонија во квалификациите за пласман на ЕП 2012 во Холандија.
19 октомври 2011 год.
Македонија-Литванија (почеток 20:00 часот)
СРЦ “Кале“
Судии: Василе Павел и Еуген-Мариан Стате (Романија)
Делегат: Владо Пендиќ (Србија)
Македонија се наоѓа во квалификациската група 2, со селекциите на Франција, Турција и Литванија. Првите две селекции од групата ќе обезбедат директен пласман на ЕП 2012.
Распоред на натпревари:
1. коло Македонија-Литванија (19 окт. 2011 - 20:00 ч.)
2. коло Турција-Македонија (23 окт. 2011 - 17:00 ч.)
3. коло Македонија-Франција (22 март 2012 - 20:15 ч.)
4. коло Франција-Македонија (24/25 март 2012)
5. коло Литванија-Македонија (30/31 мај 2012)
6. коло Македонија-Турција (3 јуни 2012 - 20:15 ч.)

Да се надеваме дека нашите ракометарки ќе се најдат на евро собирот наредната година во Холандија. Напред Македонија..
 
Директен пренос од мечот против Литванките кој ќе се одигра утре на Кале ќе има на МТВ 1, почеток на преносот 19.55 часот.
Се надевам на добро отварање на квалификациите, и убедлива победа над Литванките.
 
Гледа некој ракомет бе?:D
Водиме во прво полувреме со 5 гола разлика 17-12, можеше да биди и поголема разликата ако ги реализиравме шансите што ни се укажаа, а можеше и да биди по изедначен резултатот да не беше Тања Андреева на нашиот гол и да одбрани одлично во првото полувреме.
Но играта не ме радува многу, премногу грешки имаме, што не треба да си го дозволиме тоа, ако не се поправи нешто повеќе, ќе се мачиме против Турција и тежок ќе биди патот до ЕП..
 
баш така имам можност одвреме на врем да ја гледам франција турција турчинките се држат добро 2-3 разлика негатива и што е интерсно доста брз ракомет играат:
 
На крајот ние тепавме со 9 разлика, а Турција загуби од Франција со 9 разлика.
Ако победиме наредно коло на гости против Турција, секако ќе играме на ЕП, не гледам друга математика за нас...или пак во најлош случај да изгубиме минимално, па дома да надокнадуваме.

Кај нас моментално само три ракометарки вредат, другите не ми се по ќеф.
Тања Андреева.
Пецевска.
Црвенковска.

Елена Георгиевска е мизерија невидена.(n)

п.с редно време е репрезентацијата на Македонија дали во машка или во женска конкуренција натпреварите да ги игра надвор од Скопје, барем тие што не решаваат ништо.
Денеска мизерна беше и публиката, овака барем во друг град ќе има ем повеќе публика, ем подобра подршка.
 
Мислам дека кажаа дека имало опција натпреварот со Турција да сe одигра во Прилеп?

Инаку за натпреварот, доста слабо во одбрана се примија доста лесни голови од репрезентација како што е Литванија. Бајрамовска одлична, Црвенковска, Пецевска, Адрејева солидни потфрли Е.Ѓеоргиевска. Не знам зошто не беше во составот Коцевска?
 
Честитки за победата, фин резултат, фина игра со одредени падови низ натпреварот. Ама сепак Литванија не е мерило за квалитет, допрва ќе видиме на што сме.
Наредна против Турција се надевам на поволен резултат, у минатото не се сеќавам дека сме имале проблем против нив. И да, многу ниска репрезентација имаме :)
Патем, како се викаше таа голманката што влезе на крај и фати 2 пенали, на Д некако ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom