Македонската репрезентација ќе има нов обид да се пласира на ЕП 2012 во Холандија. Во квалификационата група противници ни се Франција, Турција и Литванија. Првиот натпревар го играме со Литванија на домашен терен на 19.10, а во второто коло и гостуваме на Турција во еден од клучните натпревари. Франција е фаворит, Литванија аутсајдер, мислам дека имаме солидни шанси како второпласирани да одиме на ЕП по четиригодишна пауза.
Еве го изборот на селекторот Стрезовски:
Голмани:
Тања Андрејева Металург
Дијана Наумоска Ж. Прилеп
Ивона Цветаноска Драма, Грција
Веселинка Треноска Вардар (?)
Крила:
Драгана Пецевска Металург
Драгица Митрова Металург
Ива Стојковска Вардар
Симона Грозданоска Металург
Бекови:
Мирјета Бајрамоска Металург
Ивана Петковска Ж. Прилеп
Наташа Коцевска Борусија (Д), Германија
Савица Мркиќ Ж. Прилеп
Билјана Црвенкоска Салерно, Италија
Драгица Кресоја Авр, Франција
Душица Георгиевска Металург
Марија Штериова Ж. Прилеп
Елена Георгеивска Металург
Даниела Новеска Металург
Пикери:
Робертина Мечевска Металург
Наташа Младеновска Металург
Портјанко и Охоланга се веројатно веќе минато, се враќа Коцевска. Што мислите за шансите на нашата репрезентација?