Вака значи, пропуштивме веќе доста големи собири и дефинитивно треба да се работи сериозно за да не го испуштиме возот за ЕП во Холандија.Шансите секако се на напа страна, Франција е фаворит додека нашата репрезентација не би требало да има проблеми со Турција.Денес ги гледав изгубија од Холандија, имаат неколку добри поединки и тоа е тоа.Ако можевме да ги тепаме на подготовките со половичен тим, можеме и во кфалификациите.
Сепак она што сигурно треба да загрижува е иднината, гледам дека на некои првенства за млади категории воопшто не нема, а доколку учествуваме губиме катастрофално.Но има потенцијал кај некои ракометарки како Елена Ѓеоргиевска наскоро ракометарка на Будуќност која има 21 година, Ивана Петковска, Марија Штерјова, Зорица Десподовска, Митрова, Младеновска, Кресоја се сеуште млади ракометарки.Не се согласувам дека селекторот треба да даде оставка, треба да му се остави простор да работи со репрезентацијата затоа што почнавме доста често да менуваме што сигурно не е добро.
Кога сме кај селекторите да се навратиме на Портној, човек кој многу го почитувам тој ја врати Македонија на големите настани, а сепак постојано беше критикуван.Потоа Савевски успеа за кратко време да направи голем успех, сепак знаеме како заврши тоа.Глигоров ја донесе Македонја со 7-мо место, а сепак беше на тој начин изигран.За на крај Петковиќ да упропасти два циклуса со никаква тактика и стратегија, според мене тој е клучниот фактор за неуспехот во предходните кфалификации.
За овој двомеч, никој не може да каже дека Шпанија е лесен и посакуван противник.Имаат искусни и квалитеѕни ракометарки, игра која не ни одговара.Нивниот тим Ичако играше во финалето на ЛШ, но сепак разликата сугурно не е 15 разлика.Се надевам дека во следните кфалификации ќе се вратат Кресоја и Охоланга, на која треба да и дадеме сеуште шанса, особено затоа што од Новевска нема аир.Потоа да се убеди Портјанко да помогне, можеби да се врати и Коцевска како што некој кажа е одличен дефанзивец.
Многу среќа понатаму и да ја задржиме гордоста...