Македонска навивачка химна

  • Креатор на темата Креатор на темата -Sluzbarski-
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
Локација
Битола
Денес се појави продолжеток на рефренот на неофицијалната навивачка химна “Излези момче...“

Излези момче право на тераса
и поздрави ја Гоцевата раса,
кренете раце високо горе
наше ќе биде и Солунско поле

Извади момче ти црвено знаме
и поздрави ги децата на Јане,
црвени шалови, црвени знамиња,
наша ќе биде и Пирин планина.

Играјте храбро и со сите сили,
сега сте вие четата на Гули,
Македонско знаме гордо се вее,
и секој Македонец сега нека пее
але алеееееее але алеееее.

лично не го прифаќав рефренот,а ниту сега целата песна со која учествуваме,навиваме и бодриме спортски настан,а пораката е од политичка природа !

Зошто мора политиката секаде да замеша прсти и да го уништи филингот на вакви знаменитости ?!

Да потсетам за навивачка химна официјално беше избрана “Македонија навива за вас“
 
Најверојатно јасно ти е дека ова е неофицијална песна, како една од мал милион што се пеат по спортски натпревари.
Инаку не се секирај, постои багра која ќе го осуди ова и сите кои го пеат ќе бидат наречени фашисти и шовинисти.
 
Ние дури го освојуваме Солунско поле, Пирин планина , некој не освои нас :/
 
Додека ние се занесуваме за Пирин планина и Солунско поле во Западна Македонија и половина Скопје знамиња се палат,имиња на училишта се менуваат,цркви се рушат.....
 
Денес се појави продолжеток на рефренот на неофицијалната навивачка химна “Излези момче...“

Излези момче право на тераса
и поздрави ја Гоцевата раса,
кренете раце високо горе
наше ќе биде и Солунско поле
Извади момче ти црвено знаме
и поздрави ги децата на Јане,
црвени шалови, црвени знамиња,
наша ќе биде и Пирин планина.
Играјте храбро и со сите сили,
сега сте вие четата на Гули,
Македонско знаме гордо се вее,
и секој Македонец сега нека пее
але алеееееее але алеееее.

лично не го прифаќав рефренот,а ниту сега целата песна со која учествуваме,навиваме и бодриме спортски настан,а пораката е од политичка природа !

Зошто мора политиката секаде да замеша прсти и да го уништи филингот на вакви знаменитости ?!

Да потсетам за навивачка химна официјално беше избрана “Македонија навива за вас“

Какви знаменитости бре !?

Никој од навивачите не ја пее песната со политичка намера. Едноставно спонтано се прифати песната како една од најпеаните на трибина. Незнам што толки ви пречи. Не барајте влакно у јајце да го еам...
 
Мислам дека деновиве има ненормална дискусија на секаде за песнава и за пораката која ако малку подразмислиме има многу подлабока придрода од една обична песната. Доаѓа до расправии помеѓу патриотите и ние останатите кои не сме патриоти ( јас се сместувам затоа што не ја поддржувам песната). Патриотите кои што досега ништо не направиле патриотско, за разлика од мене кои во текот на годината сигурно се среќавам со повеќе од 200 странски државјани кои што 80% не знаат каде е ни Македонија, луѓе на кои им оставам впечаток дека Македонија е модерна а не заостаната држава.
Навистина не знам како ќе ме сфатите меѓутоа јас не го сакам Солунско поле, не го сакам ни Пирин, знам наши биле некогаш меѓутоа повеќе не се таква е политиката денес го имаме ова што го имаме и треба да го направиме модерна и развиена држава меѓутоа додека пееме вакви профашистички песни никогаш тоа нема да го направиме само ќе ги расипуваме односите со соседите ( а потоа ќе викаме дека тие се криви). Дајте да го сакаме знамето со 8 краци, дајте да пееме песни за новата и модерна наша држава без никакви гоеграфски претензии. Дајте да не се делиме на некакви патриоти и предавници сите што ја сакаме држата не значи дека треба да пееме вакви фашистички песни.
И тие што ги пеат овие песни немојте да се лутите на Албанците кога ќе пеат песни за Голема Албанија и тие имаат некакви желби како нас кој реални ни нивните ни пак нашите се остварливи.
Имавме неколку добри химни од Тоше и од уште неколку автори зошто мора да ги комплицираме работите и да потикнуваме омраза кај цела Европа ( а тоа го правиме затоа што никаде не поддржуваат вакви работи и оставаме лош впечаток)
 
Мотивирачка е,има интересен ритам,за текстот мање-више.

Ама има многу подобри песни што можат да се пејат на трибини.
Песната од Тоше,Дени те Чува,од Андијана Јаневска-Своја на своето,рефренот е совршен за навивачко пеење.Едно име имаме,Земјо мила што ја пееше Каролина на прославата на 8-ми Септември и уште неколку исто така добри песни.

Ама ние сме ко пијан за плод.Една па една иста песна.Али тоа е.
 
Се прашувам само дали Билјана Секуловска ја отвара темата.
Кога сме кај неа и нејзините истомисленици не престануват со вреѓање на сопствениот народ а најновите успеси на нашите репрезентативци и радоста на македонскиот народ им е очигледно најголемит кошмар. Не ми е јасно со што имате проблем со Гоце како најголемиот македонски револуционер и учител или Солунското поле каде илјадници наши предци биле протерани и убиени.
Гоце на тараса
451834ACF9B5CD4BA012575277C1A619.jpg
Ако власта ги наградува спортистите со илјадници евра за нивните одлични резултати, тие спортисти треба гласно да ја предупредат власта дека не смее да ја заборави вистинската Македонија... Пишува Биљана Секуловска
Овие денови не си патриот ако не си дел од Гоцевата раса. Распослана на една тараса од мизерни размери, оваа раса дури и сопствениот јазик не го познава, и со пелтечење, но без двоумење се определи за зборот "тараса", супериорна каква што е. Нашава раса е специјално смислена во некоја од лабораториите за ширење на нескротлива омраза, или како што вели Џорџ Орвел кога пишува за спортот, тоа се оргии на омраза. Гоцевата раса има фанатична желба да биде згазено се под нејзините нозе што одбива да носи антички шлемови и да пее националистички песни за освојување на Солунското поле. Мнозинството од нив занесени во песната, забораваат дека не го ни виделе, а ниту пак иднината им е блескава за стапнување на туѓо тло. Иако, за волја на вистината остануваат само на тарасата, зашто за повеќе напор, за да се освои Полето треба да се има трошка храброст, а второ, историјата покажала дека ниту пак знаат како да ги остварат потајните желби за окупација на нешто што мислат дека им припаѓа.
И се разбира, за да бидете дел од оваа внимателно смислена раса, има и трет услов: мора и да ги владеете фашистичките песни за "клетите Албанци" кои којзнае по кој пат завршија на клада од разулавената толпа. Но, тоа е отсекогаш така, спортот ги бодри прапочетоците на национализмот, а потоа и на војните. Како што пишува Орвел, сетете се само на Олимпијадата во Берлин 1936 и ќе ви биде неверојатно наивно верувањето дека спортот придонесува и креира добра волја меѓу народите. Читајте ја и македонската новинарска легенда, Лилјана Јаковлевска, како предупредува постојано, неуморно потсетува, подготвена е до бесконечност, се додека не ја исцрпи и не ја предаде и последниот атом, се додека не и се одземе гласот, се додека може, таа грми, затоа што не смее да се заборави никогаш: Така почна национализмот во Србија на Милошевиќ!
Токму така и се негува и збеснува национализмот, кој како што вели Светлана Слапшак, заглупува, затоа што е наменет за глупите и помалку образованите, го понижува знаењето, затоа што не негува интелект, критика и разбирање. Токму затоа и не смееме да заглупиме, ниту пак да заборавиме каде се може да не одведе слепилото: кога власта ги наградува спортистите со десет илјади евра за нивните одлични резултати, тие спортисти треба гласно да ја предупредат власта дека не смее да ја заборави вистинската Македонија. Да не се забораваат и останатите вистински Македонци, огромното мнозинство Македонци: лозарите, тутунарите и сите обезвреднети и отфрлени земјоделци, стечајците, социјалците, болните и сиромашните, сите обесправени, понижени и заборавени, сите оние кои не постојат, за кои власта не сака да знае дека ги има. Овие луѓе на маргините ги нема онаму каде што се слават успесите, онаму каде што власта ги брои победите. Тие се поразот на Македонија во денови кога победува национализмот. Затоа нашите спортисти се оние кои мора да ги предупредат навивачите - онаму каде што започнуваат нивните објавување на војни завршува спортот. А возот кој го плаќа власта за да замине за Србија на ракометното првенство, може неповратно да остане таму, да се врати тркалото на времето и да застане на онаа Србија на Милошевиќ. Гоце на таквата раса која денеска се колне дека е негова, никогаш не $ припаѓал.
http://vest.com.mk/default.asp?ItemID=62A0B3C93CB02B448F3537658222A86F

И додека соседите со сите средства не негираат и потиснуваат јас треба да му ја мислам што пеам на еден спортски натпревар.
Незнам ми се гади од ваков гејски пацифизам.
--- надополнето: 28 јануари 2012 во 13:43 ---
Инаки во песната на Тоше има еден дела каде шт вели „СОНЦЕ НА АЛЕКСАНДАР НАС НИ СВЕТИ В ГРАДИТЕ„ о оглед дека и Александар многу ви пречи сигурен сум дека и во оваа песна ќе најдете провокација.
Абе луѓе до кога треба да се криме и да се срамиме од тоа што сме.
 
Светот ни се восхитува ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЈЈЈЈЈЈ светот , Штефан Кречмар „во животот не сум видел таква публика„ а НИЕ анализираме како Блаже Коневски да го читаме.
Тоа му треба на Македонецот да се идува малку ни треба и Александар ни Треба и Портата ни Треба и Солунско поле затоа што со години наведната глава ШТО НИ ДОНЕСЕ...Едно големо ништо , секогаш подчинети , секогаш да се возхитуваме на другиот.,
Денес се сменија работите СВЕТОТ се восхитува на Македонија.
Никој незнае какво е чуството кога гледаш на Гернманска Телвизија Хрватска против Србија а коментаторот зборува за МАКЕДОНСКАТА ПУБЛИКА.
 
Што толку прашина се крева околу една строфа од песничка, која се пее веќе 20 години... Преку таквото од стручњаци , експерти по новинарство и други такви европјани.
Нели живееме во демократија , што сакам тоа ке пеам на трибини и нема никој да ми забрани!
 
Не го мешај Александар пријателе, затоа што за Александар можеме да дискутираме да се бориме и да докажуваме дека е наш и дека е Македонец кој во основа секогаш се борел со Грците, меѓутоа за да одиш ти на Солунско поле и на Пирин треба да ја поминеш Грчката односно Бугарската граница така да автоматски таа територија не е наша можеби била наша исто како и што на османлиите била пола европа меѓутоа ете сега таква е ситуацијата дај да се потрудиме ова што го имаме да го направиме убаво парче за живот па ако имаме пари можеш да купиш на солун цело поле и викендица на пирин и да не ти е галје на кој е и што е.
--- надополнето: 28 јануари 2012 во 17:56 ---
Светот ни се восхитува ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЈЈЈЈЈЈ светот , Штефан Кречмар „во животот не сум видел таква публика„ а НИЕ анализираме како Блаже Коневски да го читаме.
Тоа му треба на Македонецот да се идува малку ни треба и Александар ни Треба и Портата ни Треба и Солунско поле затоа што со години наведната глава ШТО НИ ДОНЕСЕ...Едно големо ништо , секогаш подчинети , секогаш да се возхитуваме на другиот.,
Денес се сменија работите СВЕТОТ се восхитува на Македонија.
Никој незнае какво е чуството кога гледаш на Гернманска Телвизија Хрватска против Србија а коментаторот зборува за МАКЕДОНСКАТА ПУБЛИКА.

После ракометната еуфорија заминав во Германија на еден Семинар, државите со кои игравме имаа претставници, барем од повеќето земји а јас се згрозив кога ми кажаа дека не знаат како изгледа Македонското знаме, пријателе со еден спортски настан светот не може да ти се восхитува има има многу работа иако ова е голем чекор за нашата држава и нејзината промоција, нека не ви го перат мозокот владините телевизии не се станува светски позната со неколку спортски успеси.
 
Не го мешај Александар пријателе, затоа што за Александар можеме да дискутираме да се бориме и да докажуваме дека е наш и дека е Македонец кој во основа секогаш се борел со Грците, меѓутоа за да одиш ти на Солунско поле и на Пирин треба да ја поминеш Грчката односно Бугарската граница така да автоматски таа територија не е наша можеби била наша исто како и што на османлиите била пола европа меѓутоа ете сега таква е ситуацијата дај да се потрудиме ова што го имаме да го направиме убаво парче за живот па ако имаме пари можеш да купиш на солун цело поле и викендица на пирин и да не ти е галје на кој е и што е.

Добро бе, ПЕСНА Е.
Колку такви освојувачки песни имаат тие држави кои ги спомна.
Никој нема да иде да ги освојува со пушки и тенкови, станува збор за спорт. На тој начин ќе освојуваме и полиња и планини и држави.
Што толку ве вреѓаат едни вакви песни бре коа ни под разно не сте засегнати во неа.
Дали ќе се буните олку коа ќе почне мак. првенство па на утакмица у Тетово ви пцујат се до седмо колено
Бог да чува и Борко да брани.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom