Се прашувам само дали Билјана Секуловска ја отвара темата.
Кога сме кај неа и нејзините истомисленици не престануват со вреѓање на сопствениот народ а најновите успеси на нашите репрезентативци и радоста на македонскиот народ им е очигледно најголемит кошмар. Не ми е јасно со што имате проблем со Гоце како најголемиот македонски револуционер и учител или Солунското поле каде илјадници наши предци биле протерани и убиени.
Гоце на тараса
Ако власта ги наградува спортистите со илјадници евра за нивните одлични резултати, тие спортисти треба гласно да ја предупредат власта дека не смее да ја заборави вистинската Македонија... Пишува Биљана Секуловска
Овие денови не си патриот ако не си дел од Гоцевата раса. Распослана на една тараса од мизерни размери, оваа раса дури и сопствениот јазик не го познава, и со пелтечење, но без двоумење се определи за зборот "тараса", супериорна каква што е. Нашава раса е специјално смислена во некоја од лабораториите за ширење на нескротлива омраза, или како што вели Џорџ Орвел кога пишува за спортот, тоа се оргии на омраза. Гоцевата раса има фанатична желба да биде згазено се под нејзините нозе што одбива да носи антички шлемови и да пее националистички песни за освојување на Солунското поле. Мнозинството од нив занесени во песната, забораваат дека не го ни виделе, а ниту пак иднината им е блескава за стапнување на туѓо тло. Иако, за волја на вистината остануваат само на тарасата, зашто за повеќе напор, за да се освои Полето треба да се има трошка храброст, а второ, историјата покажала дека ниту пак знаат како да ги остварат потајните желби за окупација на нешто што мислат дека им припаѓа.
И се разбира, за да бидете дел од оваа внимателно смислена раса, има и трет услов: мора и да ги владеете фашистичките песни за "клетите Албанци" кои којзнае по кој пат завршија на клада од разулавената толпа. Но, тоа е отсекогаш така, спортот ги бодри прапочетоците на национализмот, а потоа и на војните. Како што пишува Орвел, сетете се само на Олимпијадата во Берлин 1936 и ќе ви биде неверојатно наивно верувањето дека спортот придонесува и креира добра волја меѓу народите. Читајте ја и македонската новинарска легенда, Лилјана Јаковлевска, како предупредува постојано, неуморно потсетува, подготвена е до бесконечност, се додека не ја исцрпи и не ја предаде и последниот атом, се додека не и се одземе гласот, се додека може, таа грми, затоа што не смее да се заборави никогаш: Така почна национализмот во Србија на Милошевиќ!
Токму така и се негува и збеснува национализмот, кој како што вели Светлана Слапшак, заглупува, затоа што е наменет за глупите и помалку образованите, го понижува знаењето, затоа што не негува интелект, критика и разбирање. Токму затоа и не смееме да заглупиме, ниту пак да заборавиме каде се може да не одведе слепилото: кога власта ги наградува спортистите со десет илјади евра за нивните одлични резултати, тие спортисти треба гласно да ја предупредат власта дека не смее да ја заборави вистинската Македонија. Да не се забораваат и останатите вистински Македонци, огромното мнозинство Македонци: лозарите, тутунарите и сите обезвреднети и отфрлени земјоделци, стечајците, социјалците, болните и сиромашните, сите обесправени, понижени и заборавени, сите оние кои не постојат, за кои власта не сака да знае дека ги има. Овие луѓе на маргините ги нема онаму каде што се слават успесите, онаму каде што власта ги брои победите. Тие се поразот на Македонија во денови кога победува национализмот. Затоа нашите спортисти се оние кои мора да ги предупредат навивачите - онаму каде што започнуваат нивните објавување на војни завршува спортот. А возот кој го плаќа власта за да замине за Србија на ракометното првенство, може неповратно да остане таму, да се врати тркалото на времето и да застане на онаа Србија на Милошевиќ. Гоце на таквата раса која денеска се колне дека е негова, никогаш не $ припаѓал.
http://vest.com.mk/default.asp?ItemID=62A0B3C93CB02B448F3537658222A86F
И додека соседите со сите средства не негираат и потиснуваат јас треба да му ја мислам што пеам на еден спортски натпревар.
Незнам ми се гади од ваков гејски пацифизам.
--- надополнето: 28 јануари 2012 во 13:43 ---
Инаки во песната на Тоше има еден дела каде шт вели „СОНЦЕ НА АЛЕКСАНДАР НАС НИ СВЕТИ В ГРАДИТЕ„ о оглед дека и Александар многу ви пречи сигурен сум дека и во оваа песна ќе најдете провокација.
Абе луѓе до кога треба да се криме и да се срамиме од тоа што сме.