Македонска навивачка химна

  • Креатор на темата Креатор на темата -Sluzbarski-
  • Време на започнување Време на започнување
Цел ден го тупам за песната и не планирам повеќе јас не ја пеам и не ни сакам да ја пеам пред се затоа што не се чуствувам убаво и крај.
А ДОБИВ ОДГОВОР ДЕКА ВО ОСНОВА ПЕСНАВА ПРВИ ПОЧНАЛЕ ДА ЈА КОРИСТАТ СРБИТЕ И НИЕ СМЕ НАПРАВИЛЕ ИЗМЕНИ?
ЗАКЛУЧОК ПЕЕМЕ ПЛАГИЈАТ СРПСКА ПЕСНА!!!!!!!!!!!

Па кој ти вика дека мораш да ја пееш?
Ако не сакаш да ја пееш, не ја пеј и крај. Ама не мора да тупиш како тоа сите не треба да ја пеат.

Заклучокот ти нема врска, у основа речиси сите навивачки песни се плагијати, дали станува збор за искористен текст или ритам.
 
Ја сфаќам поентата на Брокер, иако времето кога е отворена темава е малку промашено - постигнавме одлични резултати по ракомет а пред неполни 5 месеци и кошарка што јас не би го смешал со наводнава песна. Но сепак имам замерки за истата, баш како што рече и горенаведениов член. Сега е само песна, утре ќе биде нешто повеќе. Се претвараме постепено во луѓето кои треба едноставно само да ги презираме. Не народот - туку луѓето. Има разлика. Не ја оправдувам песнава исто како што не го ни оправдувам мешањето на некои новинари кои во даден момент (овој, каде сепак треба да ги гледаат малку работите од дистанца, а не да внесуваат жестина и раздор меѓу нас). Имаме и друга навивачка песна, не мора со оваа да се деградираме на нивно ниво.
 
A бе не знам што се замарате со навивачка песна, чија била, ајдееее бреее да не треба да го најдите авторот кој пеел пред 20-30-40есет години по некоја трибина по светот. Лично знам за песнава најмалку 20 години, како копиљ сум на пеел на утамиците на победа уште кога “господ шеташе по земја“ што се вика. Не ме ни интересира што ете некој си Тони од србија ја снимил. И песната македонско девојче е дело на Јонче Христоски напишано за малата Виолета Томоска како подарок за неа од него бидеќи бил најдобар другар со таткои па сите ја знаат како песна која ги одлискуваше нашите ракометарки толку години... сега имаме машки претставници па не бива да се пее македонски девојче, затоа се пее песна со момци/момче...
 
многу навивачки песни се плагијат на една навивачка група од друга,тука нема збор.........мене ме интересира зошто да користиме провокаторски стихови и политиката ја вметнуваме во спортот,нашите политичари треба да си ги решаваат на својствен професионален начин,а не да го наметнуваат во секој сегмент од животот и да го зголемуваат притисокот врз граѓаните кои ги интересира како да преживеат во овие тешки времиња,а спортот е еден вид на опуштање од секојдневните притисоци
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom