Инаку вчера беше премизерно организирано младинското финале.
Трибината на бојси беше затворена, сите што влегуваа како пријатели на клубовите со карти од клубовите, беа сместувани на трибината спроти "ложата". Беа накрцани сите, иако кретените можеа да ги отворат сите трибини и лабаво да се седи.
Цела трибина кај што е ложата беше наменета за Стевче Јакимовски, газдата на Соколи, обезбедувањето на Стевче и некои од сениорите на Соколи (Ангел Тасевски кој цело време висеше над клупата на Соколи и делеше инструкции и Кирил Павловски).
Затворениот дел за гостински навивачи остана затворен, а за нас обичните смртници беше наменет делот позади кошот кој го отворија некаде во 5-тата минута. На Комбат од самата управа на КК Вардар им беше забрането да доаѓаат како навивачи (наредба од МВР демек), па они понавиваа без никакви реквизити само некои 15-тина минути од мечот.
Тоа не е се, замислете финалето се играше СО САМО ЕДЕН БАСКЕТ.
Два пати се случи да летне топката на трибините кои беа затворени (трибината на Бојси и заградениот дел за гостинските навивачи) и немаше кој да им ја даде по што мечот беше во прекин. Еднаш Тасевски се прекачи да им ја фрли во терен, вториот пат скокна еден од полната трибина.
Семафорот во Градски парк беше тоталка неисправен. Којзнае колку е меродавен резултатот.
Во последните 15-тина минути од мечот им беше одземан и додаван поен на Карпош Соколи. Час ќе го тргнеа поенот, час ќе го вратеа. Личните грешки се запишуваа кај погрешни играчи, па после се поправаше на семафорот.