Некои се во ментална изолација изгледа.
Можеби. Но можеби некој од дрвото не може да ја види шумата
За Европската унија, Македонија е проблематична земја
Македонија останува невралгична точка за Европската Унија. Тоа се гледа од оваа одлука на советот на министри, која стапи на сила неделава, со која Брисел, му го продолжи мандатот на Ерван Фуере, како специјален претставник на унијата, до 30-ти септември годинава.
Има само 11 вакви претставници на унијата и тие исклучиво се распоредени во проблематични држави или региони во светот, како на пример
Судан, Централна Азија, Блиски исток, Јужен Кавказ, Косово, Босна и Херцеговина, регионот на големите езера во
Африка. Во оваа група, според проценките на Брисел, се уште останува и Македонија. Унијата реши да прати свој специјален претставник во Македонија за време на конфликтот во 2001-та. Осум години подоцна, иако земјава во меѓувреме стана кандидатка за членство, унијата се уште смета дека не е зрела и функционална демократија за да го повлече својот специјален претставник кој има широки овластувања наведени во одлуката на земјите-членки на ЕУ.
Ерван Фуере, за кој во Брисел имаше поплаки од македонска страна дека на моменти ги надминал своите надлежности, всушност има мандат да биде олеснувач во политичкиот процес во земјата, да го набљудува спроведувањето на охридскиот договор, внимателно да ја следи безбедноста и меѓуетничките прашања, да придонесува во консолидирањето на почитувањето на човековите слободи и права. За ова Фуере директно му реферира на Хавиер Солана и на поличко-безбедносниот комитет на ЕУ, а ги брифира и останатите амбасади на земјите-членки во Македонија.
Професорот по меѓународна политика Денко Малески причината зошто унијата сеуште ја смета Македонија за проблематична го гледа во основното отсуство на дијалог во општеството.
„Нашиот основен проблем е што не можеме да ги решиме тие основни конфликти и со тоа да излеземе надвор со една стабилна слика за општеството, истовремено – неможноста да оствариме еден искрен дијалог, внатре меѓу политичките фракции кои го сочинуваат македонското политичко тело, не ни овозможува серизоно да се зафатиме со нашите надворешни предизвици и тоа не прави пациенти на ЕУ, иако ЕУ ни додели кандидатски статус. Кај нас има сериозен проблем со нашиот однос кон странските претставници и кон претставникот на ЕУ. Тие често ни служат како патерица за да ни помогнат да се придвижиме, но лошото е тоа што секогаш кога имаме проблеми трчаме во американската или во амбасадата на ЕУ- вели професорот.
Наредниот тест за степенот на демократски капацитет на земјава, според кој унијата ќе цени дали има натамошна потреба од нејзин специјален претставник, ќе бидат претстојните претседателкси и локални избори. Ако тие повторно не ги задоволат меѓународните стандарди, тогаш речиси е извесно наследникот на Ерван Фуере исто како него да има двојна функција – и како шеф на делегација на ЕК и како специјален претставник на унијата.
Линк