Македонска изолација!

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување

Дали мислите дека Македонија практично се наоѓа во своевидна изолација?

  • Вкупно гласачи
    87

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Би било интересно малку да продискутираме и на оваа тема,што мислите дали Македонија се наоѓа во изолација или воопшто не е така како што на многумина од нас им изгледа.Исто така би можеле да продискутираме за можните начини за да излеземе од оваа состојба во која спопаднавме.
 
За мене лично, изолацијата е во ограниченоста на движење на македонските граѓани, фамозниот шенгенски ѕид.
Тргнувајќи од себе, мене тоа ми смета, од практични причини, за туристички патувања.
За друг вид на изолација, не би рекол дека постои. Барем не сеуште.
 
А пристап до Евроатлански структури?Или заборави малку на тоа?:smir:
 
А пристап до Евроатлански структури?Или заборави малку на тоа?:smir:
Па...и самиот знаеш зошто тоа ние не влеговме во НАТО. Нели, немаме добрососедски односи на потребното ниво со Грција.
Таму сме ни мома ни риба. Демек учествуваме, ама не сме нивни и ни велат дека нема што да бараме...барем така ми звучеше пред некој ден изјавата на Јап де Хоп Шефер.
За ЕУ...демек велат дека името не било критериум, а излегува највисок критериум дека е...пак ни мома ни риба...
Штознам...не сум веќе паметен. За политика сум глупо наивен.
 
Гласав со 'да'... Надворешната политика ја сметам за најлош дел од работата на актуелната власт... Дефинитивно се нема 'сенс' за дипломатија... Создадовме многу повеќе непријатели, отколку пријатели... Како последица на тоа, ќе се отвараат на форумов теми дека ЕУ била мајка за Хрватска, а за нас била маќеа... И нека е така, сепак причините за такво нешто треба да ги бараме кај нас... Не можеме да очекуваме ЕУ и НАТО да бидат благонаклони кон нас со пароли фак ЕУ, фак НАТО... фак ММФ, фак Светска банка... фак Фуере, фак Солана... Нас ни требаат пријатели, а за нив треба да се ИЗБОРИМЕ... а не постојано да кукаме и да се жалиме дека биле неправедни спрема нас!
 
Без разлика,дали тоа не го чувствуваш како своевидна изолација од обете институции,и од НАТО и од ЕУ,еве не мораш баш толку политички да гледаш на целото прашање,туку онака реално и без критериуми кој за никого не важат освен за Македонија,што пак од своја страна мене лично ми изгледа како изолација со сите “нишани“?

Па кога некој ќе те изолира,не може да очекува од тебе да го прогласуваш за “светец“.:toe:
 
Без разлика,дали тоа не го чувствуваш како своевидна изолација од обете институции,и од НАТО и од ЕУ,еве не мораш баш толку политички да гледаш на целото прашање,туку онака реално и без критериуми кој за никого не важат освен за Македонија,што пак од своја страна мене лично ми изгледа како изолација со сите “нишани“?
Очигледно...апсурдноста на спорот кој Грција ни го наметна, сега не носи во изолација...
Многупати спомнав дека Македонија со Македонци не оди никаде...не по наша вина :)
 
Очигледно...апсурдноста на спорот кој Грција ни го наметна, сега не носи во изолација...
Многупати спомнав дека Македонија со Македонци не оди никаде...не по наша вина :)

А дали мислиш дека Македонија со било кој други ќе не одведе некаде подалеку одколку со Македонци?

П.С.:-Не би се сложил со твоето мислење доколку е такво како на многумина во Европа,па и кај нас во Македонија.
 
Мислиш со некоја друга политичка гарнитура на власт, која не би променила име?
Одговорот е НЕ!
Ако станеме северни или некакви други, одговорот е ДА!
Името е тесно поврзано со идентитетот. Менувањето на едното нужно го менува и другото, иако некои упорно не убедуваат во спротивното.
 
Не,очигледно не си разбрал.Политичката гарнитура на власт или опозиција нема врска со ова прашање,зошто и со едните и со другите јас мислам дека сме поденакво изолирани,иако според анкетава гледам дека имаме повеќе “Ѓорѓев пристап“ кон ова прашање,а реалноста е сосем спротивна од неговото “дудлање“ пред меѓународната јавност.Мислев дека малку поинаку ќе се изјаснат членовите на форумов барем кога изолацијата не тангира сите подеднакво,без разлика на политичката определба во моментов,која нема никакво значење само за мал број “глаучи“ со дипломатски или еден друг “соседен вид“ на пасоши.:smir:
 
Обичните сигнали на изолациja нема. Државата е кандидатка за членство во ЕУ,државата е на портите на НАТО.Нема прекинати дипломатически односи со големите или средните држави.Икономическите односи со другите држави са добри,развиват се.
Нема индикации на надворешна изолациja.Ако некоj сам си прави изолациja внатре като не сака да комуницира било то со друга држава или со партии или нешто слично во државата или плаши со изолациja,ова не е добре.
 
И каква корист имаме од сето тоа кога мора да изиграме оро пред амбасада за да размислат дали да ни дадат виза,дури и за транзит низ нивна територија доколку сме Македонци од Македонија?Не е ли тоа изолација?:toe:
 
Некои се во ментална изолација изгледа.:toe:
Можеби. Но можеби некој од дрвото не може да ја види шумата :toe:

За Европската унија, Македонија е проблематична земја

Македонија останува невралгична точка за Европската Унија. Тоа се гледа од оваа одлука на советот на министри, која стапи на сила неделава, со која Брисел, му го продолжи мандатот на Ерван Фуере, како специјален претставник на унијата, до 30-ти септември годинава.

Има само 11 вакви претставници на унијата и тие исклучиво се распоредени во проблематични држави или региони во светот, како на пример Судан, Централна Азија, Блиски исток, Јужен Кавказ, Косово, Босна и Херцеговина, регионот на големите езера во Африка. Во оваа група, според проценките на Брисел, се уште останува и Македонија. Унијата реши да прати свој специјален претставник во Македонија за време на конфликтот во 2001-та. Осум години подоцна, иако земјава во меѓувреме стана кандидатка за членство, унијата се уште смета дека не е зрела и функционална демократија за да го повлече својот специјален претставник кој има широки овластувања наведени во одлуката на земјите-членки на ЕУ.

Ерван Фуере, за кој во Брисел имаше поплаки од македонска страна дека на моменти ги надминал своите надлежности, всушност има мандат да биде олеснувач во политичкиот процес во земјата, да го набљудува спроведувањето на охридскиот договор, внимателно да ја следи безбедноста и меѓуетничките прашања, да придонесува во консолидирањето на почитувањето на човековите слободи и права. За ова Фуере директно му реферира на Хавиер Солана и на поличко-безбедносниот комитет на ЕУ, а ги брифира и останатите амбасади на земјите-членки во Македонија.
Професорот по меѓународна политика Денко Малески причината зошто унијата сеуште ја смета Македонија за проблематична го гледа во основното отсуство на дијалог во општеството.

„Нашиот основен проблем е што не можеме да ги решиме тие основни конфликти и со тоа да излеземе надвор со една стабилна слика за општеството, истовремено – неможноста да оствариме еден искрен дијалог, внатре меѓу политичките фракции кои го сочинуваат македонското политичко тело, не ни овозможува серизоно да се зафатиме со нашите надворешни предизвици и тоа не прави пациенти на ЕУ, иако ЕУ ни додели кандидатски статус. Кај нас има сериозен проблем со нашиот однос кон странските претставници и кон претставникот на ЕУ. Тие често ни служат како патерица за да ни помогнат да се придвижиме, но лошото е тоа што секогаш кога имаме проблеми трчаме во американската или во амбасадата на ЕУ- вели професорот.

Наредниот тест за степенот на демократски капацитет на земјава, според кој унијата ќе цени дали има натамошна потреба од нејзин специјален претставник, ќе бидат претстојните претседателкси и локални избори. Ако тие повторно не ги задоволат меѓународните стандарди, тогаш речиси е извесно наследникот на Ерван Фуере исто како него да има двојна функција – и како шеф на делегација на ЕК и како специјален претставник на унијата.

Линк
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom