Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
3-0 ае наздравје бричење
 
Абе ние ќе шутнеме еднаш или не..Пикфорд си грицка семки :pos:
 
Да се молиме дека во второ ќе си подаваат позади Стоунс и Мегваер цело полувреме, ако не оди ова 7+.
 
Второ полувреме англичаниве најдобро да си направат 5 замени... барем да си ги пробаат играчите од клупа... и да ги поштедат битните од кршење глави
 
Англија игра убаво за око, не е ни чудо што ни водат. Бар гол некој да дадеме во второ полувреме!
 
Англија игра убаво за око, не е ни чудо што ни водат. Бар гол некој да дадеме во второ полувреме!
Ние не можеме да дојдеме до шут камоли да дадеме гол.
 
Капитенот наш на три грешки, предизвикува еден гол. Кој му даде него капитен да е...
 
1687203799833.png



Кај ќе ни беше крајот ако фокусот не ни беа квалификацииве? :D

И нели, да не се заборави муабетот дека Мрме имал полесна работа за ЕП - ја победи Грузија и Косово, а Боби имаше далеку потешка работа, каде во лигата на нации играше против Грузија и Бугарија....
 
Неможат англичаниве да ги дупат колку што нашиве можат да крепат :D
 
Капитенот наш на три грешки, предизвикува еден гол. Кој му даде него капитен да е...
Катастрофален играч, секој меч дава поклони, па уште капитен ни е…бек, а не думам центаршут да погодил некогаш.
 
Дали сега ке му текне на тако звани Сер Боби да си оди дома или на некој од федерацијата да го избрка на клоци... Доста му беше дури и премногу јас мислам... Лига нации катастрофа... Групна фаза квалификации ужас... Што уште треба да го избркат... Бетер од ДУИ е заштитен
Боби требаше и претходно да си даде отказ, откако имаше неуспешни Лига на нации. Не дека имавме сили да завршиме пред Грузија со било кој тренер, туку чисто затоа што се знаеше дека ќе следи распад систем и дека беше на страшен удар на јавноста, со што само насобра негативна атмосфера со ексцентричните потези.
Имаше топ квалификации за СП и бараж, потфрлија со Грузија и таму требаше да стави крај. Поразот од Бугарија го закопа, поради политички притисок. Ко божем он беше крив што 80 минути со играл помалку игравме и што не знаеа гол да дадат од 100 шанси.

Од друга страна, Боби е најмал проблем во ситуацијава, напротив за мене секогаш ќе биде број 1 тренер од македонска националност, додека не се појави поасален.
Се обидува да врзе офанзивен фудбал и во натпревари со противници кои реално се на наше ниво игравме многу допадлив фудбал. Украина ја размонтиравме во прво полувреме, а второто беше апла политичка местенка, им се даде утакмицата.

Ама, Македонија нема играчи и тоа е тоа, не можеш таков фудбал да играш кога прво одбраната ти е катастрофа.
Види го Ристовски, 10 гола има поклонето во последнове 2 години.
Кој е тој тренер што ќе извади добар резултат со Зајков и Велковскк против веројатно најсилниот напад во Европа во моментов?
Ало, Велковски го чува Кејн, Зајков Сака.
Огромен пад имаат играчите на клупско ниво, нема нови младинци, нема дијаспорци, а со нереалните очекувања на публиката се создаде прелоша атмпсфера која дополнително доведе до раздор и нема назад.
Се почна затоа што Пандев застана зад Мрме, се откажа 2 години порано, го поистоветуваше Боби со ФФМ на Дуи и јавноста од почеток го дочека на нож. Сосема нереални очекувања се создадоа на состав два пати послаб од тој што играше на ЕП, со противници појаки од оние преку кои стигнавме на ЕП. Боби требаше одма да си поднесе оставка, ама се искурнази, фати да се кара со публика и уште толку ја заеба работата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom