Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Многу ме иритира кога ќе кажат: првéнство. Абе една песна од новиве нема да е точно изговорена од А до Ш. Морале да најдат подобар текстописец и изведувачи.

во песните мн често има поинаков акцент на некои зборови и тоа не е само во македонскиот јазик туку и во другите, едноставно ритамот бара такво нешто.
Автоматски споено мислење:

На Мрме договорот може да му биде продолжен и после Европско или ова му е последен договор ?

па се' е можно
 
во песните мн често има поинаков акцент на некои зборови и тоа не е само во македонскиот јазик туку и во другите, едноставно ритамот бара такво нешто.
Автоматски споено мислење:



па се' е можно
Да, можам да сфатам некаде да бара ритамот, ама во секоја мочана песна што ќе ја извадат?! Па уште и Владо црепот Јаневски со било кој, а не кој било...

Само покажуваат непознавање на јазикот. Ете во српскиот најди ми пример кај што неправилно акцентираат, ама во поп-рок-фолк песни, не хип хоп, рап, трап траки, таму секако не очекувам писменост.
 
Може ли да се најде црвениот дрес или малце потешко? Се надевам ќе се вразумат и нема да ни пуштат рисови во продажба.
 
Може ли да се најде црвениот дрес или малце потешко? Се надевам ќе се вразумат и нема да ни пуштат рисови во продажба.

Пробај евентуално тука, ако по некоја случајност сеуште имаат.


Доста се слични на оригиналот, а за од ФФМ, да, и ја се надевам дека ќе ги задржиме истиве дресови за Европското, пошто се убедливо најубав дизајн на дрес што сме имале во историја, со соодветна симболика, за друго не би сакал да помислам.
 
Се знае точно кој играчи се повикани на Европското? Финална листа некој да постира ако може? :)
 
Се знае точно кој играчи се повикани на Европското? Финална листа некој да постира ако може? :)

Уште нема објавено. Само Хрватска, Белгија и Полска објавија мислам.
 
@nsan Имаш информација дали овие 480к евра одат сите кај Беласица? Или па како за трансферот на Стојановски кога пишуваа 1.5м евра, а на крајот испадна и платата негова вклучена во тоа? Оти на еден сајт ми излезе 8к евра плата месечно, 5 годишен договор, се на се идат 480к евра исто.
 
 
Хахаахааха Радески!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Браво хахаха

Браво за Чурлинов (y)

Нападов е малце....шо знам.
На ваков напад мислам дури и Чурлинов ќе добие шанса, не очекував да го викне, мислев ќе остане со младите, ама браво, одлична шанса е за него ова да добие искуство па макар и на клупа да седи.
А мислам дека треба да игра, паметниот потег е да влезе на некој меч-два од клупа, мислам подобар е од другиве опции на клупата
 
Добро, Ѓоко Зајков има 2 настапи во две години за клубот, толку ли нема некој што е подобар од него?

Срамота е, ако се повреди некој од одбрана со Зајков ќе биде смеење.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom