Џонтра фокусирај се на Видара, таму си јак. За стручни експертизи си далеку од г-дин Вајсмилер и мојот долгогодишен пријател, кроткиот, честит и добар човек Мондонико.
Ајт иш со се Киеза јакиот. Киеза со Сане го спореди бе.

Бришка од темава, бан би добил за тресење глупости да не беше влијателен член.
Не дека сум импресиониран од прекрасните зборови за мене

и по автоматизам мора да се сложам, ама и според мене Сане > Киеза.
Иако игра за Јувентус, сепак Киеза е далеку од техниката и фудбалската способност на Сане. Германецов е техничар, брз, продорен, со доста јака визија. Дури, иако и двајцата се крила, не се за споредба.
Основата на Сане е левак, кој игра десно крило и бара простор секогаш навнатре. Киеза е деснак, доста добар на десно крило со повеќе класични одоговорности, како центаршутеви и претркување.
Против Порто докажа дека може да игра и на лево крило кое влегува навнатре, ама сепак мислам дека повеќе може да се докаже на десната страна.
Е сега, кога веќе ги споредивте, според мене малку ја преценувате Италија, особено во нападот. Белоти и Берарди се чисти просеци, со такви како нив тешко дека Италија може да се рамни со Германија. Киеза и Имобиле се многу подобри играчи, ама генерално Италија е слаба во нападот.
Всушност Италија е сосема просечна во состав, им се погоди квалификациите да ги играат против доста слаби противници и со стегната игра, базирана на одбрана да изгледа дека всушност газат.
Минатите квалификации за противници Италија ги имаше: Финска, Лихтенштајн, Грција, Босна и Ерменија.
Видете во Лига на Нации, одма се покажа мачење против Холандија и Полска, иако завршија прво. Бинарни резултати, 0-0, 0-1. А замислете, Холандија и Полска се далеку од нешто посебно.
Италија сметам дека е позади Франција, Германија, Шпанија, па дури и Англија, иако дечките од островот, каков и состав да имаат, сепак на крај пак пропаѓаат. За Португалија немам претстава.