Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Штета шо не можиме да се падниме заедно со татарите, како шо се боса команда сеа, ќе ги направевме да не знаат каде му е газот, а каде устата....
Заебано ќе биди за на СП, да не летаме и ние многу во облаци сеа после еуфоријата, до вчера се молевме за победи против знаете и сами какви противници од рангот на репрезентации од шешир 5 и 6. Па сеа се залетавме за светско, а само 13 смејат да играат од Европа, сеа рачунајте кој се пред нас ќе се борат за таму :)

Европското ни е капак на се, јаготка на шлагот на тортата, да си чекаме да дојди Јуни и тоа е тоа !
 
Премалку е од 55 членки на УЕФА само 13 да играат на СП. Тешко е да се направи фер распределба по континенти ама мислам сепак Европа треба да има барем 2-3 места повеќе.

Aj ке ми прости модераторот за оф топиков. Ама и Африканците имаат исто преку 40 и кусур репрезентации, Азијците исто. Разбирам дека квалитетот на нивните репрезентации е каде далеку послаб од европскиве, ама пак, тие вкупно ке имаат 9-10. Така да мислам дека е ова најфер поделба, иако и јас сакам да гледам поквалитетни европски репрезентации наместо некои африкански, азијски или латиноамерикански.
 
Aj ке ми прости модераторот за оф топиков. Ама и Африканците имаат исто преку 40 и кусур репрезентации, Азијците исто. Разбирам дека квалитетот на нивните репрезентации е каде далеку послаб од европскиве, ама пак, тие вкупно ке имаат 9-10. Така да мислам дека е ова најфер поделба, иако и јас сакам да гледам поквалитетни европски репрезентации наместо некои африкански, азијски или латиноамерикански.

Нормално, сите сакаме да гледаме поквалитетни репрезентации. Ама ФИФА некако нон стоп исполнува желби на другите континенти на сметка на Европа. Еве од 2026 на СП ќе играат 48 репрезентации. Европа добива мислам само едно или две места од тие дополнителни 16. За таа сметка ќе гледаме повеќе "егзотични" репрезентации кои нема нешто посебно да придонесат фудбалски.
 
Ајде добро е сега за сега, да не летаме премногу. Кога ми текне каква репрезентација имавме пред пет, десет години сега имаме огромен напредок. Добро е што и младинските репрезентации имаат доста добри играчи кои за неколку години ќе бидат костурот на репрезентацијата.
Е сега голем проблем е тоа што нашава лига е премногу слаба а и колку што пратам македонски фудбал многу малку се вложува во младинските лиги, речиси и да ги нема. Порано и прва и втора лига имаа младински екипи и лига. Ако сакаме напредок и континуиран настап на европски па и на светски првенства мора да се вложува во овие категории кои се база за понатамошен развој на играчи.
 
Затоа и се вика Светско првенство, да има екипи од сите делови на светот, повеќе или помалце. Јес да има и многу боси екипи ама секако квалитетниот фудбал ќе си дојде коа ќе почне 1/8 финале и ќе се исфилтрираат појаките.
 
Учесници на СП 2026

Европа 16
Африка 9
Азија и Австралија 8
Ј.Америка 6
С.Америка 3 (+3 домаќини)
Океанија 1
Плејоф 2

Формат

16 групи (3 тима во група)
Првопласираните одат во 1/8 финале
 
Океанија загарантиран (иако сега е малку дискутабилно Австралија да биде со Азија) и Јужна Америка 6 се и тоа како потребни. Ама, дали се потребни 8 азиски? Непал и Тајланд ќе играат? Освен Јапонија и до негде Корејците, ниту една азиска се нема покажано досега.
 
Баш, ама азиските држави имаат поголем број на жители и ФИФА е спремна да исфрли фудбалски држави доколку финансискиот профит доаѓа од држави каде и нема фудбал. Истото беше и со ракометот каде САД доби место за на Светско, а ракометот не ни постои кај нив. Ракомет го викаат затворениците кога удираат топка на ѕидот.
 
Во меѓувреме на Азијскиот форум Суши.ком

"Де бе и ова Европскиве првенства откако се проширија станаа срање, со што заслужиле Северњаци од Ирска и Македонија да играат на ЕП? Ццц, ништо, само нашево АП ќе си го гледаме, ни ЕП не е тоа што беше..."
 
Јужна треба уште 2 да има сигурно. Испаѓаат екипи како Чиле, Еквадор, Парагвај на сметка на Монголија, Индија и Сирија.
Ако им додадат уште 2 тогаш 7 од 10 репрезентации од Јужна ќе одат. На ништо нема да личат квалификациите, екипи со повеќе порази него ли победи ќе фаќаат место, додека во Европа, Африка и Азија треба скоро се да победиш за да фатиш место.
Најдобро е да ги спојат Јужна и Северна Америка и тогаш да им додадат плус две места на сметка на другиве.
 
Европа 16
Африка 9
Азија и Австралија 8
Ј.Америка 6
С.Америка 3 (+3 домаќини)
Океанија 1
Плејоф 2
А од кои континенти ќе играат во тој плејоф? Ако е од сите, тогаш наверојатно Ј. Америка и Европа ќе имаат уште по некој репрезент плус преку плејоф.
 
А од кои континенти ќе играат во тој плејоф? Ако е од сите, тогаш наверојатно Ј. Америка и Европа ќе имаат уште по некој репрезент плус преку плејоф.
Нц :(

Една од Азија, една од Океанија (лол), една од Јужна и една од Северна Америка

Две од овие ќе бидат
 
А од кои континенти ќе играат во тој плејоф? Ако е од сите, тогаш наверојатно Ј. Америка и Европа ќе имаат уште по некој репрезент плус преку плејоф.

Сите освен УЕФА ќе добијат место во Плејофот.
Така, во тој случај Ј.Америка од вкупно 10 држави, дури 7 имаат шанса за пласман со што 6 се загарантирани.
Направија каша попара со форматов од кој најмногу доби С.Америка.
Автоматски споено мислење:

Нц :(

Една од Азија, една од Океанија (лол), една од Јужна и една од Северна Америка

Две од овие ќе бидат

И Африка има место.
 
Направија каша попара со форматов од кој најмногу доби С.Америка.
Исто и Азија, како и Нов Зеланд кои сега имаат сигурен пласман како претставници на Океанија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom