Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Можеби е рано за вакво размислување ама... ќе треба уште од сега да се планираат пријателските за во Мај/Јуни, не се оди на ЕП играјќи само со Грузија и Ерменија
 
Да не заборавам само и еден наклон до под за Адеми и Спировски. Денес одржаа час по фудбал на тема што/како се игра на позиција заден везен. :cuc:

Ајде малце посериозно.

Спировски посебо не да искина, чоекот не знам дали една грешка имаше..од кога влезе издоминира и напред и назад..најсигурен беше од сите.

Елмас каков потег му напрај во полуконтрата кога исфрли двајца играчи од Грузија..кога шутна со лева за малце корнер знаменцето ќе го погодеше...ако ја погодеше таа тогаш голот ќе беше винстинска фудбалска велемајсторија...одма цената за 10 милиони ќе му се кренеше и веројатно ќе беше во Топ 5 голови на неделата(освен ако не паднат повеќе спектакуларни до недела).

Одбраната без топка беа добри, со топка лоши како и обично...Несторовски искина во дуелите и добра партија прикажа....другите стандардно.

Се гледа дека фалеше Барди, но ако играше Барди веројатно Несторовски ќе грееше клупа,а релано Несторовски денес беше многу битен во напад и во одбрана...тој е нашиот Жиру.
 
Можеби е рано за вакво размислување ама... ќе треба уште од сега да се планираат пријателските за во Мај/Јуни, не се оди на ЕП играјќи само со Грузија и Ерменија
Да да, еве го Мрме од авион веќе врти по репрезентации и организира, цел мај го откажал за фудбалериве шо си имаат обврски у клубови, ќе играме 3 јаки пријателски...

Дај бе брат, само шо се пласиравме, сигурно знаат шо треба да напраат пред ЕП, сите репки имаат припремен период.
 
Иначе сите видеа од говорот на Тони на ФБ и на Инстаграм ги тргаат и ги бануваат профилите. Би пцуел и би терал све по список можда на друга тема и во друго време, сега ќе оставам главна тема да бидат фудалерите, првата генерација што изборила пласман на Европско. Но тој говор колку и да ни беше смешен на почетокот, направија да стане еден вид отпор на целата репресија што ја доживуваме, и забрана на искажување на својот национален идентитет.
 
Ова и на Фотошоп да го направиш па нема да има логика... Решил да го смени животот на подобро, се настегал у спортска опрема од 1982 Југославија последен пат кога спортувал, земал раквици за точак, возел до Матка за спорт и рекреација, седнал да здивне, исцепал 6 флаши Горско флаширано, за мезе две штеки цигари, заборавил кој ден е, вечерта го земала жена му со кола го однела директно во МТВ на трета програма да коментира Крикет...
 
ОБОБОБО почнаа штаПБските пацови да плачат за реченото од Тони... фашист, националист, отказ да му дадат :icon_lol:

Мх, мх, мх...крокодилски солзи

tenor.gif
 
Дај бе барем на 24 часа нека престанат овие со ширење идиотизми со короната. Сите биле надвор, славеле - и треба да бидат, треба да слават. Ќе имате прилика од сабота да труете повторно, не се секирајте.
 
Како ултра-либерален патриот, велам браво за Тони :D


:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:


Љубоморне комшије може да га попуше. Малце се напив и ја ко Шилегов. А и јас иам дрес од ФСМ, го добив на бонукс наградна игра коа бев прво одделение.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom