Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто пишуваш глупости не ми е јасно. Погледни малку следни мечеви, собери што како и види како би била реалната табела, не да копираш табели од Википедија.

Ако ги победиме следните 3 утакмици и се поклопат одредени коцки, може да се пласираме.

Италија и Полска доколку не кикснат би имале 19 поени на таа табела, а за групата на Франција, тие или Швајцарија како втори сигурно одат.

Грција доколку ги добие сите 4 до крај може да се пласира зашто веќе ги одиграла двете утакмици против последно пласираната во нивна група. Во тој случај би имала 19 поени. Доколку Грција изгуби од моментално првата Чешка, Романија изгуби од Данска, а ние ги добиеме и двете против Израел и третата против Црна Гора, сите три репрезентации би имале по 16 поени и веројатно би се гледала гол разлика за последните две места.

Германија, Португалија и Австрија би биле последни со по 15 бода на табелата за второпласирани.
не е невозможно..да се надеваме...
 
Младиве и да се 2ри тешко дека ќе се пласираат.. Треба 9 од 9 бода до крај да освојат и да се надеваат некоја од појакиве да киксне па евентуално да се најдеме у тие најдобри второпласирани..
 
нема преноси на национален сервис:
абе шо државна телевизија ќе беа да не може да откупат репрезентација.

откупува мрт пренос:
боље да иде на спорт клуб, кој ќе ги трпи нашите коментатори.
 
Грузија веќе поведе против Белорусија.

Идеме јако вечер, ќе бидам ненормално разочаран ако изгубиме. Поквалитетни сме од Косово плус домашен терен, не се пропушта ваква шанса. Само да не ги изеде притисокот па да им се врзат нозете. Ќе беше може полесно да беше друг противник пошто политичките услови носат поголем притисок ама што е тука е. Се надевам ќе се дистанцираат од сето тоа и ќе одиграат како знаат со ладни глави.
 
Кичевчанец, цел живот играл во македонски екипи, умот му вели едно, срцето друго. :pos:
умот му вели ќе победи Македонија, а срцето му е за Косово наравно..
Автоматски споено мислење:

Мислиш дека Барди, Муслиу не се квалитетни играчи за да одат скалило погоре? Еве и да победи Косово, не значи дека ке победи и против Грузија или Белорусија во финалето. Не верувам дека на Барди или Муслиу подобро би им било да ги гледаат на телевизија Муричи и Рашица како си билдаат цена и кариера.
Сепак тоа е мое мислење. Утрешниот натпревар ќе одговори на сите дилеми
Која од Грузија и Белорусија игра финале евентуално со Косово, ќе игра на свој терен и верувај дека ќе ги поминат лесно.. Особено Грузија ќе ги торпедира.. Ние ќе бидеме потежок противник отколку Косово да игра против овие две..
 
Последно уредено:
Само Несторовски трупот да не е прва постава....
Каква цепејнца е незнам зошто Удине уште пари фрла по него, следен трансфер му е во Бугарија....

Тричковски треба најнапред, гази во Кипар неколку сезони, во најдобра форма е, ама имбецилот Мрме зацртани му се едни исти играчи во таа црпката, многу слаб тренер....
Тричко најнапред, зад него на крила Алиоски и Барди, полушпиц Пандев, средина Адеми и Спировски, бекој Кире Ристевски и Стефан Ристовски и на штопери Велковски со Муслиу.
Имаме шанси големи, мора да се искористи неиграњето на Муриќи и Рашица.
 
Добар е составот што. Таа е одбраната, на тоа везниот ред е подефанзивен, Ристовски исто може да помогне дефанзивно. Каков Тричковски, нека го од клупа, Несторовски е куче, ќе гриза. Само Пандев и Барди да се расположени. Ќе тепаме.
 
Фудбалскиот маг, мрмињо ќе се брани... :facepalm:
Очигледно ќе чека контри чим ќе игра со 3 централни бекови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom