Зошто пишуваш глупости не ми е јасно. Погледни малку следни мечеви, собери што како и види како би била реалната табела, не да копираш табели од Википедија.
Ако ги победиме следните 3 утакмици и се поклопат одредени коцки, може да се пласираме.
Италија и Полска доколку не кикснат би имале 19 поени на таа табела, а за групата на Франција, тие или Швајцарија како втори сигурно одат.
Грција доколку ги добие сите 4 до крај може да се пласира зашто веќе ги одиграла двете утакмици против последно пласираната во нивна група. Во тој случај би имала 19 поени. Доколку Грција изгуби од моментално првата Чешка, Романија изгуби од Данска, а ние ги добиеме и двете против Израел и третата против Црна Гора, сите три репрезентации би имале по 16 поени и веројатно би се гледала гол разлика за последните две места.
Германија, Португалија и Австрија би биле последни со по 15 бода на табелата за второпласирани.