Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Se dodeka reprezentacijava ni e ramkovna nikad nema da imame uspeh. Vecer sakam spancive da ni ja skrsat kicmata, da postavime nov rekord vo poraz i da gi dupnat od zezanje seljacive od reprezentacijava.
 
Не постои таква игра ''наша'' :D
На АС ги има головите на Шпанија против Македонија во сите досегашни средби.
http://as.com/videos/2014/09/07/portada/1410118758_974526.html?autoplay=1
Голманиве наши се цареви со Шпанија.[DOUBLEPOST=1410174480][/DOUBLEPOST]
Е сега стадионот на Леванте може да ни ствара проблеми. Они играат со високи лопти, затоа и го одбрале овој стадион. За разлика од нив, ние играме течно, по земја, на прва, некад нема потреба ни на прва топката сама си иде у напад, но верувам во нашите момци и мислам дека тоа нема да им биде проблем.
Напред Македонија!

Чекај сега ова сериозно ти со нашата течна "тика-така" игра и со "островскиот" стил на игра од Шпанците? :eek:
 
Ха, ќе видеш дека Шпанциве ќе се намачат со нас.
Денес како по обичај со големи екипи сите ќе трчаат како на стериоди, оти знаат дека ќе ги гледаат менаџери за да направат некој трансфер.
Кога ќе дојди ред со екипи од рангот на Белорусија, ќе се фолираат и ќе откажуваат, освен Ш(дај бе не бидете како децана мали со ова автоматското транскипирање)понците кои трчаат на секоја утакмица.
Типична буљашана се нашиве играчи.
Инаку очекувам најмалку три удари на Аце од далечина подалеку од 38 метри.
Ако има таква опција за кладење, ставам 1000че.
Знам дека ќе трчаат како луди, ама и покрај тоа задоволен сум со 3-0.

Мене исто порано ме фаќаше еуфорија пред натпревар и од некаде ми доаѓаше оптимизам, но после неколку катастрофални циклуси искрено нема на што да се надеваме. Додека беа оние генерации на Христов, Ќириќ, Шаќири... или предходно на Панчев, Најдовски и компанија... имаше по некое име, имаше нешто искуство, квалитет, играчи кои играле во силни првенства пред полни стадиони... па имаше простор за некој оптимизам, иако во главно и тогаш ја усерувавме.

Сега со ваков играчки кадар, ненормално уназадени, никаков квалитет, без лидер во тимот, без играчи во силни првенства или во ЛШ, со едвај 3-4 играчи во ЛЕ... лудило е да се надеваме на нешто. Има да не плеснат како на полесен тренинг.

И она, Шпанија и Португалија не е исто. Португалците усерувале и порано, и нас едвај не тепаа во тие неколку натпревари, имаат киксови со Ш екипи само не памтам точно кои. Фуријата си гази, со нив нема заебанција, тие ти се институција. Памтам еднаш многу одамна пукнаа од Кипар 3-2 и тоа им е така поголем потрес, често пати завршувале групи со тешко газење, тие и Холанѓаните се како казнени експедиции.

Туку кога сум тука, се потсетив и на утакмицата од првиот квалификациски циклус со нив кога не преслушаа на градски. Имавме еден супер низок голман, Трајчев или како се викаше, мустаклија, од Силекс. Милко Ѓуровски дебитираше испизден зошто пред да добие Панчев црвен картон не го викаа, човекот на припреми си дремеше во кафани во Струга и Охрид. Најдовски изјави пред некој ден дека Шпанците имале секогап силни напаѓачи и не можеле да го дочуваат тој пуст Салинас, играчиште... која цепеница беше тој, 2 метри висок ко Питер Крауч, само на екипи ко нашава можеше гол да им даде. Нити бил играч нити некој го памти, да не го спомнеше Илија и јас ќе го заборавев.

И така, тогаш беше 0-2 и 3-0 таму, Дончевски кога уфрли играч (заборавив кој) па овој згреши нешто и стариот одма го извади од игра, му се смееше цел стадион на кутрото дете оти голем курс, згрешил. После уште му кажа дека не бил патриот и дека е срамота што го носи дресот :pos:

Да беше Дончевски сега ќе требаше хокеарски измени да воведат...

Туку, овој состав на Шпанија посилен од тој, овој состав на Македонија нула во споредба со тогашниот, па сега вие видете...
 
Драган Веселиновски беше тој играч што влезе околу 60 мин и после 10 мин го извади. Ми текнува баш на таа утакмица 3:0 изгубивме,а можеше и едно 7-8 да примиме,но мислам Целески тогаш бранеше и спречи неколку чисти ситуации за гол
 
Голманиве наши се цареви со Шпанија.[DOUBLEPOST=1410174480][/DOUBLEPOST]

Чекај сега ова сериозно ти со нашата течна "тика-така" игра и со "островскиот" стил на игра од Шпанците? :eek:
Тебе ти личи дека сум сериозен? :D
 
Знам дека ќе трчаат како луди, ама и покрај тоа задоволен сум со 3-0.

Мене исто порано ме фаќаше еуфорија пред натпревар и од некаде ми доаѓаше оптимизам, но после неколку катастрофални циклуси искрено нема на што да се надеваме. Додека беа оние генерации на Христов, Ќириќ, Шаќири... или предходно на Панчев, Најдовски и компанија... имаше по некое име, имаше нешто искуство, квалитет, играчи кои играле во силни првенства пред полни стадиони... па имаше простор за некој оптимизам, иако во главно и тогаш ја усерувавме.

Сега со ваков играчки кадар, ненормално уназадени, никаков квалитет, без лидер во тимот, без играчи во силни првенства или во ЛШ, со едвај 3-4 играчи во ЛЕ... лудило е да се надеваме на нешто. Има да не плеснат како на полесен тренинг.

И она, Шпанија и Португалија не е исто. Португалците усерувале и порано, и нас едвај не тепаа во тие неколку натпревари, имаат киксови со Ш екипи само не памтам точно кои. Фуријата си гази, со нив нема заебанција, тие ти се институција. Памтам еднаш многу одамна пукнаа од Кипар 3-2 и тоа им е така поголем потрес, често пати завршувале групи со тешко газење, тие и Холанѓаните се како казнени експедиции.

Туку кога сум тука, се потсетив и на утакмицата од првиот квалификациски циклус со нив кога не преслушаа на градски. Имавме еден супер низок голман, Трајчев или како се викаше, мустаклија, од Силекс. Милко Ѓуровски дебитираше испизден зошто пред да добие Панчев црвен картон не го викаа, човекот на припреми си дремеше во кафани во Струга и Охрид. Најдовски изјави пред некој ден дека Шпанците имале секогап силни напаѓачи и не можеле да го дочуваат тој пуст Салинас, играчиште... која цепеница беше тој, 2 метри висок ко Питер Крауч, само на екипи ко нашава можеше гол да им даде. Нити бил играч нити некој го памти, да не го спомнеше Илија и јас ќе го заборавев.

И така, тогаш беше 0-2 и 3-0 таму, Дончевски кога уфрли играч (заборавив кој) па овој згреши нешто и стариот одма го извади од игра, му се смееше цел стадион на кутрото дете оти голем курс, згрешил. После уште му кажа дека не бил патриот и дека е срамота што го носи дресот :pos:

Да беше Дончевски сега ќе требаше хокеарски измени да воведат...

Туку, овој состав на Шпанија посилен од тој, овој состав на Македонија нула во споредба со тогашниот, па сега вие видете...

Се сеќавам на утакмицата...Бранеше кумот Трајчев од Силекс по наредба на Sинго.
Негова резерва беше Целески кој се прослави по неговата повреда или црвен картон, не се сеќавам најдобро.
Мислам дека беше штета што не му дадоа шанса на Саша Илиќ во тогашно време кој бранеше за Вардар и беше за класа подобар.
Инаку нема муабет дека тогаш имаше Македонија тим за респект.
Цапаро во Депортиво капитен, Јаневски во Бриж капитен, Стојковски во Ц. Звезда капитен, Савевски во Аек капитен, Бошко исто така, Станојковиќ, Бабунски и Најдовски во јаки лиги првотимци, сите беа носители на игра во своите тимови.
Инаку Ѓуровски играше во Ним кој тогаш беше во втора француска лига и не знам зошто и воопшто беше повикан во тимот.
Не се споредува тој квалитет на ростер со денешниот.
Сега само Аце што е прва виолина во Марибор, се останато е за крпење дупки.
Кога веќе започнавме со муабети како Анчо да споменеме дека на вчерашен ден пред точно 20 години ни беше првиот официјален натпревар со Данска кога Панчев индивидуално без никаква потреба му шибна лакт и доби црвен картон, па некако извлекоа нерешено Данците кои губеа до тој момент.
Ми се чини дека Жаре Серафимовски или Кире Грозданов го смени стариот оти згреши нешто тамо во додавање.:)
Па и Јаневски го направи истото со малиот Бабунски.

Не ме фаќа никаква еуфорија за мак фудбал еве веќе неколку години, онака чисто само како видување го дадов за денешнава утакмица.
 
Se dodeka reprezentacijava ni e ramkovna nikad nema da imame uspeh. Vecer sakam spancive da ni ja skrsat kicmata, da postavime nov rekord vo poraz i da gi dupnat od zezanje seljacive od reprezentacijava.

Некои од тие рамковци играат за репрезентација со повеќе желба отколку некои до-коска-македонец-името-не-го-даваме. Затоа овие муабети се ептен глупи.
 
Да да сигурно и Цуцули игра со голема желба па затоа е повикан. Вечер кога ќе заигра и во стартен состав ќе биде уште повесело.
Која црна желба, секој гледа да закачи премија, да се продаде.
 
Барем гледаш дека трчаат и се трудат кога веќе ќе излезат на терен, овие условно кажано "нашиве" добиваат жолти картони за приговор во 95 минута кога веќе судијата не им дава за стартови, само за да промашат една утакмица или пак нешто глумат лудило на тренинзи.
 
Ако алудираш на Пандев, и ја да сум на негово место би го направил истото. Да играм за клошарска публика која увек е незадоволна. Еве им го Ибраими на него нека му го грицкаат.

А за другото ќе праиме вечер муабет кога ќе заигра Цуцули.
Ја ти гарантирам дека и Дамчевски и Кирче Ристески да стартуваат вечер пред Цуцули ќе се трудат повеќе. Млади играчи, поквалитетни играчи ама шиле зашто е повикан и зашто ќе игра тоа го знаат само тие од федерација.
 
Се сеќавам на утакмицата...Бранеше кумот Трајчев од Силекс по наредба на Sинго.
Негова резерва беше Целески кој се прослави по неговата повреда или црвен картон, не се сеќавам најдобро.
Мислам дека беше штета што не му дадоа шанса на Саша Илиќ во тогашно време кој бранеше за Вардар и беше за класа подобар.
Инаку нема муабет дека тогаш имаше Македонија тим за респект.
Цапаро во Депортиво капитен, Јаневски во Бриж капитен, Стојковски во Ц. Звезда капитен, Савевски во Аек капитен, Бошко исто така, Станојковиќ, Бабунски и Најдовски во јаки лиги првотимци, сите беа носители на игра во своите тимови.
Инаку Ѓуровски играше во Ним кој тогаш беше во втора француска лига и не знам зошто и воопшто беше повикан во тимот.
Не се споредува тој квалитет на ростер со денешниот.
Сега само Аце што е прва виолина во Марибор, се останато е за крпење дупки.
Кога веќе започнавме со муабети како Анчо да споменеме дека на вчерашен ден пред точно 20 години ни беше првиот официјален натпревар со Данска кога Панчев индивидуално без никаква потреба му шибна лакт и доби црвен картон, па некако извлекоа нерешено Данците кои губеа до тој момент.
Ми се чини дека Жаре Серафимовски или Кире Грозданов го смени стариот оти згреши нешто тамо во додавање.:)
Па и Јаневски го направи истото со малиот Бабунски.

Не ме фаќа никаква еуфорија за мак фудбал еве веќе неколку години, онака чисто само како видување го дадов за денешнава утакмица.
Да, Саша Илиќ беше најдобар голман тогаш, после него Целески и Липоски, ама бранеше Трајчев кој трагично, имаше таква физиономија што и со аматери да играш, ќе мислат дека тој им е шансата и ќе ти се изнашутираат од секаде.

На страна тоа, види каква одбрана игравме со Шпанија, тактика „играјте-патриоти-ич-да-не-се-секирате-за-формација“ :)

Но во секој случај, тој состав за овој беше Реал Мадрид, штета што се собраа доцна и со никакви подготовки и без современ тренер со искуство од меѓународен фудбал и во тек со работите. И Ѓокица направи одличен состав подоцна но си ги уништи шансите со неговата пичкарска филозофија, а имаше се што треба, од фудбалери во форма до противници како Литванија.

После тоа бел ден не видовме и се е само полошо.

Тоа што шпанците во нашиот состав се најистакнати е нормално, тие се најдобри и во нивната прва репрезентација - Швајцарската. Едноставно фудбалот е единствениот спорт кој тие колку-толку го разбираат, не се занимаваат они со кошарки и ракомети :) Плус и полесно е во фудбалот да бидеш изфорсиран ако малку те бива, плаќаш таму под маса и одма играш 2-3 пријателски, правиш трансфер во втора германска и си завршил работа. А нив отсекогаш ги бивало за тој тип на преговори.

Мислам не е срамота, мора да се признае: едно време им лупавме 5 комада на нивни терен во Тетово, како од шала. Денес тие имаат играчи во Бундес, Сериа А, Шфицарска, и што е најважно, можат да бираат помеѓу 4 репрезентации, така да има место за сите нив. Затоа што не само што стануваат подобри туку имаат и менаџери да им издоговараат се тоа. Нашите ќе трпат овде без плата 3-4 години и после ко ќе им договориш трансфер за 50 000 евра во Романија или Кипар, им се чини дека го оствариле сонот.

Ај да скратам зошто ми нема поента постов. За денес можам само да викнам во стилот на чичко Андов: Издржете Патриоти!

Зошто ќе бидат долги 90 минути :)
 
Ако алудираш на Пандев, и ја да сум на негово место би го направил истото. Да играм за клошарска публика која увек е незадоволна. Еве им го Ибраими на него нека му го грицкаат.

А за другото ќе праиме вечер муабет кога ќе заигра Цуцули.
Ја ти гарантирам дека и Дамчевски и Кирче Ристески да стартуваат вечер пред Цуцули ќе се трудат повеќе. Млади играчи, поквалитетни играчи ама шиле зашто е повикан и зашто ќе игра тоа го знаат само тие од федерација.

Генерализираме сега од досега видено кој колку се труди за мак. репрезентација кога веќе се прават поделби на таква основа.
Инаку не само пацер како Цуцули, туку кога беше Џиџи селектор имаше еден Топчиу кој влезе во прв тим на репрезентација од втора лига како играч на Гостивар.
Односно кога беше тој селектор имаше една плејада на играчи која се чудевме како може да ги лоцира за да испрати допис до тимот за да ги пуштат на утакмица.
Човекот изигра две-три утакмици, се продаде некаде во Швицарска трета лига и толку беше од него.
За оној од Херенвен пропаднатиот талент Фазлиу што се правеше некаква играчина, се вртеа истите муабети дека се фрлаат парички по селектори под рака само за да се вика во репрезентација.

Инаку пиперката не смее да си дозволи како капитен да го прави тоа и да го остава тимот на цедило без разлика колку го свиркаат на утакмица.
Ако не му се игра треба да откажи како сега и завршена работа, не може да си играш курташак со екипа која се темели на неговото играње.
Ама кога ќе ми текне дека селекторот Чеде си замина во последно пласинар клуб од белгиска лига и ја напуште репрезентацијата сред циклус, се гледа колку сериозни сме како организација и тим.
Да го бараше некој тим како Реал, Барса, Манчестер ќе разберев, ама за тим од белгиска лига.
Многу работи не чинат кај нас, Шипонците се најмал проблем.
 
Чеди си замина за пари. Фамилијата во Белгија, овде плата 7, таму 17 илјади евра и не знам кој нормален не би прифатил :)

Не чини политиката што е умешана, тоа е најголемиот проблем кај нас. Млад кадар има, ама ради такви индијанци како Цуцули страдаат.
 
Чеди си замина за пари. Фамилијата во Белгија, овде плата 7, таму 17 илјади евра и не знам кој нормален не би прифатил :)
Тоа Windfucker што ти вели е дека сме трагични како организација. Разбирливо е на Чеде да му се сака да замине за тие пари. Неразбирливо е тренер да може да ти замине од репрезентација кога сака, без да има консеквенции. Поинаку кажано: тој си заминал затоа што имал договор кој не ја штител ФФМ од заминување, си нашол дупка и ја искористил. Понатаму неважни се дискусиите околку неговиот карактер, аматерите дозволиле тренер да им кидне на сред циклус. А кога требаше да ги отпуштат Џиџи и Ѓоре требаше да плаќаат :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom