Знам дека ќе трчаат како луди, ама и покрај тоа задоволен сум со 3-0.
Мене исто порано ме фаќаше еуфорија пред натпревар и од некаде ми доаѓаше оптимизам, но после неколку катастрофални циклуси искрено нема на што да се надеваме. Додека беа оние генерации на Христов, Ќириќ, Шаќири... или предходно на Панчев, Најдовски и компанија... имаше по некое име, имаше нешто искуство, квалитет, играчи кои играле во силни првенства пред полни стадиони... па имаше простор за некој оптимизам, иако во главно и тогаш ја усерувавме.
Сега со ваков играчки кадар, ненормално уназадени, никаков квалитет, без лидер во тимот, без играчи во силни првенства или во ЛШ, со едвај 3-4 играчи во ЛЕ... лудило е да се надеваме на нешто. Има да не плеснат како на полесен тренинг.
И она, Шпанија и Португалија не е исто. Португалците усерувале и порано, и нас едвај не тепаа во тие неколку натпревари, имаат киксови со Ш екипи само не памтам точно кои. Фуријата си гази, со нив нема заебанција, тие ти се институција. Памтам еднаш многу одамна пукнаа од Кипар 3-2 и тоа им е така поголем потрес, често пати завршувале групи со тешко газење, тие и Холанѓаните се како казнени експедиции.
Туку кога сум тука, се потсетив и на утакмицата од првиот квалификациски циклус со нив кога не преслушаа на градски. Имавме еден супер низок голман, Трајчев или како се викаше, мустаклија, од Силекс. Милко Ѓуровски дебитираше испизден зошто пред да добие Панчев црвен картон не го викаа, човекот на припреми си дремеше во кафани во Струга и Охрид. Најдовски изјави пред некој ден дека Шпанците имале секогап силни напаѓачи и не можеле да го дочуваат тој пуст Салинас, играчиште... која цепеница беше тој, 2 метри висок ко Питер Крауч, само на екипи ко нашава можеше гол да им даде. Нити бил играч нити некој го памти, да не го спомнеше Илија и јас ќе го заборавев.
И така, тогаш беше 0-2 и 3-0 таму, Дончевски кога уфрли играч (заборавив кој) па овој згреши нешто и стариот одма го извади од игра, му се смееше цел стадион на кутрото дете оти голем курс, згрешил. После уште му кажа дека не бил патриот и дека е срамота што го носи дресот
Да беше Дончевски сега ќе требаше хокеарски измени да воведат...
Туку, овој состав на Шпанија посилен од тој, овој состав на Македонија нула во споредба со тогашниот, па сега вие видете...