Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Абе не да го направат ѕвезда, ама може да влегува на овакви пријателски по некои 15-20 минути, да види како е.
Може ама и не мора. Кога ќе има 21 кој ќе се разбере со него?
Јас сум против тоа да ги викаат додека не најдат саглам клуб и не добијат минутажа. Наш голем проблем е што дозволивме кој стигне да го облече дресот.
 
Филе може само аверзија да ми створи према детево и ништо друго. Се чудам како во текстот не убаци нешто за тренинг кампот на Барса и пар збора за Јохан Кројф и Меси.
Напорен е и јаден до невидени мери. Детено ако е таков квалитет(што верувам дека е ), Господ не може да го заобиколи за место во репрезентација, камо ли Чеде. Времето ќе му дојде сигурно, ама со вакви форсирања лоши форсирања ала Македонски Спорт (со анонимуси што биле на проба во втролигаш од Словенија и “зошто не се викнати, има ли очи селекторот??’’ ) ништо не правиме.
 
Со сето овоа Филе му ги дига акциите на малиов, и утре овој ќе пробува да се прави курназ, демек кузнае која ѕвезда е оти играл за Барселона VI.
 
Со сето овоа Филе му ги дига акциите на малиов, и утре овој ќе пробува да се прави курназ, демек кузнае која ѕвезда е оти играл за Барселона VI.

хаха ти па, баш од Филе ли ќе му се дигнат акциите, и ти сеа го дигна Филе ептен :pos:
 
хаха ти па, баш од Филе ли ќе му се дигнат акциите, и ти сеа го дигна Филе ептен :pos:
Ејјј...ја го ругав Филе, сеа па акции ќе му дигам :S Така испадна работава, Филе го направи малиов како кузнае која ѕвезда да е, прави своевиден "скандал" оти не бил повикан во репрезентација.
 
Абе веќе преку глава ми е со ова за Бабунски. Детето не е созреано за во репрезентација и готово. Пак Филе ја отвора темата. Значи, Бабунски ко прво не е Нејмар, или пак единствената шанса ни е тој. Имаме играчи, не сме за греота, ќе му дојде и на него времето.
 
Топкава најубаво да си се занимава со „неговата“ Барса. Нека не се меша кај шо не e компетентен!
 
Дека Чеде е малку преценет од нашава јавност, за тоа е во право. Во првиот дел од постот сака да каже нешто што е точно, но има изнафрлено толку епитети што го направил да изгледа неразбирливо.

For the record, ако веќе станува збор за пријателскава, Бабунски не може да настапи затоа што не е ослободен од клупските обврски, не е повикан ниту за утрешниот натпревар на u-21 репрезентацијата, од татко му...

... кој for the record again, е во „непознато“ бидејќи договорот му е истечен и уште му немаат понудено нов од ФФМ (како што сум начул заради несогласувања со Чеде и Илчо), но го оставиле да ја води оваа утакмица. Па сеа поврзете ги работите. :)

Друже стварно ова ? Дали значи дека чеде може да биде избркан во блиска иднина? и за што не се согласуваат ?
Ке биде лошо ако го избркаат чеде, и се врати некое пионче на селекторско место, штета
 
Друже стварно ова ? Дали значи дека чеде може да биде избркан во блиска иднина? и за што не се согласуваат ?
Ке биде лошо ако го избркаат чеде, и се врати некое пионче на селекторско место, штета
За Бабунски зборуваше....барем јас така го сфатив.
 
Друже стварно ова ? Дали значи дека чеде може да биде избркан во блиска иднина? и за што не се согласуваат ?
Ке биде лошо ако го избркаат чеде, и се врати некое пионче на селекторско место, штета

Не си прочитал убаво. :)
Бабунски има несогласувања со Чеде и Илчо, а не овие двајца меѓусебе. Затоа и на Бабунски уште му немаат понудено нов договор. Сега му е истечен договорот, иако ќе ја води и утре младата репрезентација.
 
аааа ок тогаш, мислев за чедо, пошо се праеше муабет за давид бабунски си поврзав за чеде.
 
Многу работи нафрлани во колумнава искрено се изгубив кога ја читав. Факт е дека Давид има талент кој никој не му го оспорува но не знам зашто сите брзаат со негов повик во селекцијата. Чеде најдобро ќе процени кога е време за внесување на нови генерации. Можеби човекот има план за постепено вметнување на помлади репрезентативци. Не знам зашто немаше колумни и лепење на етикети за визионери кога имавме друг претсетадел на ФФМ и други селектори. Чеде е нов на позицијата, треба да му се даде уште време па тек после да ги критикуваме неговите потези дали се добри или не, мислам дека сеуште е рано да го прогласуваме за недоволно добар визионер. Работите се менуваат кон подобро но преку ноќ нема шанса ние да се пласираме ниту на европско ниту на светско првенство.
 
Бабунски ќе го соберела шпанската репрезентација :pos: Уште нешто посмешно да прочитав? Филе знам дека се интересира многу и сака човеков да си коментира, немам ништо против, ама нека престане бе со ваквиот пристрасен однос што го тера.
Има проблеми и во други спортови, ако веќе толку сака да пишува за проблематики нека се насочи по другите, вака пишува за што му одговара.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom