Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Дали тоа значи дека ќе го победиме Лихтенштајн???Вака кога зборува Панчев секогаш правиме по некое чудо![]()
Мене искрено Панчев не ме бендисва како играчhttp://www.kurir.mk/sport/fudbal/67276-Pancev-Makedonija-nema-sansi-za-plasman-na-SP
Нашиот легендарен фудбалер Дарко Пaнчев, кој е единствениот Македонец кој ја има освоено „златната копачка“, во интервју за српскиот сајт sportal.rs беше запрашан околу македонската фудбалска репрезентација.
![]()
Панчев за жал не и предвидува блескава иднина на нашата репрезентација, со оглед на последните случувања, поразот од Луксембург и серијата лоши резултати во минатото.
-За жал Македонија објективно нема големи шанси за пласман на Светското првенство. Тоа е нашата реалност, но не значи дека тоа треба да биде така, можно е и да изненадиме. Според моето мислење три репрезентации од нашата група ќе се борат за пласман на СП во Бразил, а тоа се Хрватска, Србија и Белгија, вели Панчев.
Панчев беше запрашан и околу неговите настапи во италијанскиот прволигаш Интер, на што повторно немаше убави зборови.
-Интер е моја голема животна грешка. Наместо да играм за Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед или Барселона, јас го одбрав Интер и погрешив. Тоа не е клуб за напаѓачи, но сега е доцна за каење, вели нашиот легендарен фудбалер.
Чекор по чекор
Еве го чудото......под 100 место сме сегаВака кога зборува Панчев секогаш правиме по некое чудо![]()
Само уште 97 места до врвот...
Само уште 97 места до врвот...![]()
Од последните 5 мислам.Хахахаха се смеам со медиумиве денес за пласманов на репрезентацијава и како сите се чудат на тоа како сме отишле понапред на ранг листата...
Зар никој не знае дека се собираат поените од последните неколку години (мислам се 4) ?