Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Да те поправам, Тасевски САМИОТ се откажа и одби да игра за репрезентација, не е дека Тошак го откачи...

знам де , си отиде оти не го ни земаа за Русија . Битно Самир Фазли се прошета до Москва , Кремљ да го виде на него .:pos:
 
Кога 90% од луѓето на стадион се вртат да прашаат некого: извини другар, кој е оној седмицана? ... на натпревар на национална селекција во фудбал... се знае колку е сатот.
 
Пандев ќе игра против Ерменија 8 октомври?
 
Тонеме ли тонеме на ФИФА листата...

Македонската репрезентација ја чека ново назадување на септемвриската ФИФА листа која треба официјално да биде објавена на 21. септември.

По поразот од Русија и минималната победа над Андора, според статистичките интернет сајтови кои ги водат калкулациите за рејтингот на репрезентациите, нашиот национален тим ќе се најде на 94. место на најновата ФИФА листа што е назадување за четири позиции во однос на минатиот месец. Македонија со 366 поени сега ќе биде во друштво на репрезентациите на Того, Боцвана, Нигер, Бенин... На септемвриската листа не минува и Велс кој ќе напредува за 27 места, а до нас е и Азербејџан кој по напредокот од 15 позиции ќе биде на 97. место.

Огромен напредок ја очекува селекцијата на Ерменија која сега со 610 поени ќе биде на 44. место, 27 места подоброрангирана од минатиот месец. Исто така и репрезентацијата на Босна и Херцеговина се движи со крупни чекори напред, во септември на 22. место, што е плус 17 позиции подобро од август.

ТОП 10 репрезентации остануваат Шпанија, Холандија, Германија, Уругвај, Португалија, Италија, Бразил, Англија, Хрватска и Аргентина.

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=546
 
Македонец ја пишува историјата на Плзен


FA979E9D31E61C4CA905CE61E2277164.JPG
"Одиме чекор по чекор и знаеме што сакаме. Парите не се пресудни во исполнување на фудбалските амбициии. Тоа може да се работа, стратегија и вистински луѓе...", коментира првиот човек на Плзен кој е роден во Скопје
Најголемата сензација во Лигата на шампионите која почнува вечерва се вика Викторија Плзен. Првакот на Чешка гази сe пред себе и сега е дел од фудбалската елита и во група со славните Барселона, Милан, но и белорускиот Бате Борисов. За овој клуб малкумина зната дека успесите се по заслуга на наш бизнисмен од Чешка, кој веќе петта година раководи со екипата. Македонецот ја направил добитната формула по која Плзен ја пишува фудбалската историја.
"Овој успех доаѓа како плод на една потцртана стратегија и план на работа кој беше донесен уште пред 5 години. Тоа е и времето кога дојдов во Плзен. Во тоа време најавив дека титулата во Чешка ќе се освои за 6 години, а, ете, истата дојде и за покус период, влеговме и во Лигата на шампионите", вели во телефонскиот разговор со нас македонскиот бизнисмен од Чешка кој не сака да го експонира своето име во јавноста, како не би бил погрешно разбран.

Сакам наши деца во Плзен...!!!
"Не едно-две... околу 20 таленти од Македонија биле кај мене во Плзен, но, за жал, ниту еден не помина. Главен проблем за нашите фудбалери е брзината која тука, во Чешка, се тренира до 14 година. Има неколку примери каде нашите таленти не можат да го издржат темпото на работа".


http://sport.com.mk/?ItemID=1F17D85EE6D0FE4399CA0C61D1E96C62
 
епа нашите таленти си остануваат само таленти..професионалност нула во младинските категории и ете го резултатот :)
 
Како тоа успесите на Плзен се заслуга на анонимен бизнисмен? Ако навистина работи во клубот ќе го има, со име, презиме, функција итн... Сајт сигурно имаат, не го барам пошто не ме интересира. Мене ова ми личи на уште едно наше лево сметало кое се фали со туѓи успеси.

И каков е тој артикл за спортски работник без име и презиме, како да известуваат од убиство па истрагата е во тек...
 
Management FC Viktoria Plzeň a.s.:

Generální manažer - Adolf Šádek
Obchodně-marketingový manažer, tiskový mluvčí - Mgr. Jaromír Hamouz
Obchodní manažer - Petr Chvojka
Sportovní manažer - František Mysliveček
Technický ředitel - Ing. Vladislav Sloup
Sportovní sekretář - Miroslav Jedlička

"Одиме чекор по чекор и знаеме што сакаме. Парите не се пресудни во исполнување на фудбалските амбициии. Тоа може да се работа, стратегија и вистински луѓе...", коментира првиот човек на Плзен кој е роден во Скопје

Кој од овие е прв човек? :pos:
 
Како тоа успесите на Плзен се заслуга на анонимен бизнисмен? Ако навистина работи во клубот ќе го има, со име, презиме, функција итн... Сајт сигурно имаат, не го барам пошто не ме интересира. Мене ова ми личи на уште едно наше лево сметало кое се фали со туѓи успеси.

И каков е тој артикл за спортски работник без име и презиме, како да известуваат од убиство па истрагата е во тек...

Колку има такви... :) Капак се натписите за оние "екстра" талентирани деца, кои ако не е тато нема да можат да се пробијат во азербејџанската лига :icon_lol:
 
Ја незнам од кај го извадија овој али чусто сумљам дека е стварно прв човек у тимот, сигурно е некој си чистач таму шо го вработиле од клубот да им го одржува теренот лол
 
Просто неверојатно е еден ваков медиум да дава вакви информации. Ни име, ни презиме, никаква веродостојност. Да им веруваме на збор. Страшно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom