Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Од каде ги најдовте 20 000 против Ерменија стварно не знам, северна собира 11-12 000 гледачи... Сепак да не се заборави и фактот дека во случај на слаба продажба на билети стадионот секогаш може да се наполни со гратис билети поделени на партиски потрчковци, фирми кои го "помагаат" фудбалот во земјава, слуги на ффм итн.
 
Па и јас така знам, дечкиве овде ме збунија а гледам ни север не бил полн.
Јужна собира максимум 10.000 седишта , Северна е иста како Југ.
И новиве трибини ( исток и запад) се смета дека ќе имаат по 7.000.
Порано Север собираше 4.000 , запад и исток по 3.000.

А со Ерменија дали беше пуштена Јужна ?
Ако не била, тогаш цифрата од 9.000 во Дневник е многу реална.
 
не ми е подигната мене уште инаку нумерирани ли се или само трибината ја пишува?

Нумерирани се трибина, блок и седиште. Така да не ми се верува да може да седи кој каде сака.
И ПАК ДА ПРАШАМ: КОЕ ВРЕМЕ ТРЕБА ДА СЕ БИДЕ ВЛЕЗЕН НА СТАДИОН????
 
Нумерирани се трибина, блок и седиште. Така да не ми се верува да може да седи кој каде сака.
И ПАК ДА ПРАШАМ: КОЕ ВРЕМЕ ТРЕБА ДА СЕ БИДЕ ВЛЕЗЕН НА СТАДИОН????

Според правилата на УЕФА , вратите на стадионот треба да се затворени најмалку 30 минути (според новите правила 1 саат ) пред почеток на натпревар.
Но земајки во предвид дека и за Ливерпул беше така, па луѓе велгуваа и после почетокот на натпреварот, најарно биди на стадион кај 7 и пол.
 
Па и јас така знам, дечкиве овде ме збунија а гледам ни север не бил полн.
Јужна собира максимум 10.000 седишта , Северна е иста како Југ.
И новиве трибини ( исток и запад) се смета дека ќе имаат по 7.000.
Порано Север собираше 4.000 , запад и исток по 3.000.

А со Ерменија дали беше пуштена Јужна ?
Ако не била, тогаш цифрата од 9.000 во Дневник е многу реална.

Само север беше пуштен против Ерменија...
 
Јонуз ќе гостува во емисијата Топки+ на канал5. Почнуваат после вестите за неполн час.
Можете да пишувате прашања на фб страната на Топки +.
 
Лелеее ја пошо неам ФБ профил, пишав од тој на сестра ми (и го знам пасвордот па и провалив) и овој мораше (и тоа два пати) да и го прочита името, ако некој што ја знае ја чул и и каже има да ме убие ЛОЛ
 
Сме играле по земја по средина и создавале акции ахаххаха овој е или ќорав или мисли дека ние сме ќорави... која црна средина бе до 70та минута не споивме 5 додавања...
 
Абе ја не знам што толку се фативте за Јонуз. Па има факти меѓу кои: Немаме лига и немаме играчи. Ова е реалноста сурова реалност од која не се бега. Нема репрезентација без домашна лига. Факт е дека нема инфраструктура и услови што се надоврзува на првото. Како сакате да се создаваат играчи кога не се уложува кога во фотељи се господа за профит и лични интереси и кога се работи по принципи и за лични сатисфакции. Тренери стандард секој кој што играл е тренер без познавања без искуства... Со други зборови нема организација и нема средства поточно има средства ама одат на погрешна страна во џебовите на локалните босови.
Све на све џабе ни е и стадионот кој како еден од најубавите на балканот ќе остане празен. Ако се сакаат резултати треба да се почне од нула првенствено со создавање услови за млади таленти инфраструктура и организација. До тогаш ќе тонеме иако и ова до сега што го постигнавме за мене е успех со оглед на горенаведеното.
Европско ќе видиме можда 2016 или 2020 кога ќе се зголеми бројот на учесници од 16 на 22 ама прашање е што ќе постигнеме до тогаш и дали ќе смениме нешто од корен или ќе тапкаме и ќе плукаме по селектори и по играчи кои не се виновни што се родиле тука и што мораат по суров пат да стигаат до репрезентација или до некаков минимален успех во кариера поради кочниците во Македонија.
 
Абе ја не знам што толку се фативте за Јонуз. Па има факти меѓу кои: Немаме лига и немаме играчи. Ова е реалноста сурова реалност од која не се бега. Нема репрезентација без домашна лига. Факт е дека нема инфраструктура и услови што се надоврзува на првото. Како сакате да се создаваат играчи кога не се уложува кога во фотељи се господа за профит и лични интереси и кога се работи по принципи и за лични сатисфакции. Тренери стандард секој кој што играл е тренер без познавања без искуства... Со други зборови нема организација и нема средства поточно има средства ама одат на погрешна страна во џебовите на локалните босови.
Све на све џабе ни е и стадионот кој како еден од најубавите на балканот ќе остане празен. Ако се сакаат резултати треба да се почне од нула првенствено со создавање услови за нови играчи инфраструктура и организација.
И Нов Зеланд нема домашна лига...па играше на светско,сосема солидно не изгуби ни еднаш,ама и сами гледавте како играа...иначе бетер се од нас ,немаат лига...ние каква таква имаме...
 
И Нов Зеланд нема домашна лига...па играше на светско,сосема солидно не изгуби ни еднаш,ама и сами гледавте како играа...иначе бетер се од нас ,немаат лига...ние каква таква имаме...

нека дојде нов зеланд да игра во европа иа нека се пласира на светско да ги видам чим толку ги споредуваш со нас
 
Немаат лига ама имаат пари организирани се и потковани. За разлика од нас тие работат на создавање на услови затоа што можат и знаат како се прави тоа. Кај нас се мисли од денес за утре со тоа што пред се се ставаат личните интереси и задоволства кои што се кочница во спортот.
 
Наше како фанови и како македонци е во Вторник да го исполниме стадионот да им дадеме подршка.Битно е да видат дека некој верува во нив.Исвиркувањата ги започнува некој кој нема две чисти со фудбал и будалите тргнуваат по него.По нерешениот со Ерменија се разочарав малку но по последните резултати очигледно е дека нивниот напредок е инзвонреден.ТОа е дополнителна околност.Никој не рачунаше на Ерменија.Ако а победиме Русија не ми е битно дали играта била убава или не...
 
Абе што сакате со овие играчи.
Голем дел од нив играат по Азиски лиги од тип на Казахстан и Азербејџан.
Толку е силата, да не се преценуваме.
Гледајте каде играат играчите на Русија и Словачка.
Волфсбург, Шалке, Наполи, Евертон , Ливерпул, Бешикташ, Фенербахче - Словаците, па реални да бидеме. Кој освен Пандев игра во барем малку подобар европски клуб.
Тоа се кажува- ќе каже некој Словенците немаат играчи. Немаат ѕвезда како Пандев, ама сите играат барем во солидни клубови по Германија, Италија....
И плус, колку се вложува во нашиот фудбал а колку таму?
Не се ни споредува.....
Толку може бе луѓе што сакаме.
Кој не сака да играме на Европско?
Сите сакаме,ама толку е силата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom