Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
За викањево само едно нешто ќе кажам , сеа гледав Шкотска - Лихтенштајн и шкотиве имаа 1-1 до 97 мин , ама публиката ниеднаш не реше уууу или остали срања туку ги бодреше до крај . Срамота за публиката
За викањево само едно нешто ќе кажам , сеа гледав Шкотска - Лихтенштајн и шкотиве имаа 1-1 до 97 мин , ама публиката ниеднаш не реше уууу или остали срања туку ги бодреше до крај . Срамота за публиката
Ама ете Шкотска победила .. се бореле шкотите .. и нашите да трчаа цела утакмица и да напаѓаа до крај верувај немаше ни 1 свиреш да имаше .. ние се предадовме 20 минути пред крај на утакмица ..
Па како да не викаме, ако се наши репрезентативци не се бели мечки, заштитени,треба и они да се свестат дека дресот кој го носат не е безвреден и треба да даваат 110 % од своите можности,а не како баби да се влечат по терен.. Ајде против Словачка немавме среќа,судијата беше крив..а сега ? До кога со ваква ебана игра,гол да не се уме да се даде :zid:
Добро може остануваат некои теоретски шанси да се пласираме (некако)
но имаме ли реални шанси за пласман или да почнам да гледам Бандини место МК фудбал?
Спласна гневот што ме држеше непосредно по натпреварот, но не и разочараноста...
Што да се каже? Имам пријател од Ерменија, новинар е, и ми кажуваше дека кај нив овој натпревар толку се смета за изгубен однапред, што не ни дозволиле стандарден број на новинари и фото-репортери да патуваат за Македонија. Истиот тој пријател ми рече дека ќе изгубат 3-0, дека бил сигурен. Хах, како само си се пререче самиот, сега ќе жали што не победија. Да имаа голгетери Ерменците, натпреварот ќе си завршеше 2-4, па ни пеналот ќе сменеше нешто, ниту ќе извлечевме бод против ГОЛЕМАТА Ерменија.
- Митрески одамна ги заврши своите најдобри настапи, а за Пандев е ФАКТ дека не игра со максимално заложување во нашата репрезентација. Уф, чекај, заборавив, самото реноме му гарантира висока оцена помеѓу мнозинството од нашите фудбалски фанови. Доаѓаме до Величе, односно балканскиот Стивен Џерард... Ах, тој пусти Величе, за него можам цели статии да напишам. Од тоа дека тој би требало да ја поврзува играта на одбраната со нападот, до тоа дека воедно е и нашио главен деструктивец... Додуша за ова второво во право се, многупати знае да ги пресече НАШИТЕ акции, со очајно подавање, излетување во празно итн итн... А денес, не помнам колку лизгачки стартови имаше задоцнети, со кои замавнуваше на празно, во воздух... Веќе ми се вртат наслови за книга во глава... „Излетите на едно Вели4е“...
И за крај, има светло на крајот од тунелот. Браво за Ристиќ, Попов, Тричковски, кои се трудеа и даваа се’ од себе, додека ги држеа нозете...
И за крај, може да се каже дека судијата ПАК e „крив“. Да, затоа што да си се држеше до строгите правила, по точно 4 минути судиско продолжение ќе си свирнеше крај, и немаше да се случи акцијата по која досуди пенал, а ние ќе си изгубевме. НАЈКОРЕКТНИОТ ИСХОД од денешнава бламажа.
Бојкот на репрезентацијата се додека Јонуз е селектор... прва работа што треба да се направи!!!!!
Бојкот дури Хари е на чело на ФФМ, дури и на првенствени натпревари бојкот ама таму и така е празно нема да се осети.![]()