Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Моето размислување е истото кое што го кажав претходно дека само на контра ќе имаме шанси. Мислам дека Словачка ќе има далеку поголем посед на топка и секако повеќе шанси. На тоа ние стандард ќе мора да се затвориме бункер и да чекаме контранапади. Ќе мора многу трчање и големо залагање и верувајте дека се е отворено. Словаците дојдоа од Јужна Африка со страшен резултат резултат што ние нема во наредниве 30 години да го постигнеме па се надевам дека и потценувањето ќе биде на наша страна ама од друга страна првиот меч е секогаш најтежок па може е подобро што играме на гости отколку дома бидејќи дома мислам дека ќе беа поголеми шансите за кикс. За играчиве не сакам да коментирам мислам дека си ја знаат работата и се надевам дека ќе има од нив залагање и борба како никогаш до сега.
 
Мене ми е смачено од нашево стискање палци и после коментари по медиумите: немавме среќа. Камо ја атмосферата што е потребна за успех? (за квалитетот да не збориме, какви се, такви се, наши се).

Најпатетичниот и најчестиот изговор е „немавме доволни припреми“, и тоа секоја година, во секој спорт. Очигледно не ја изанализирале оваа реченица нашите ни селектори, па не сфаќаат каква тежина има истата.
 
Не би било добро да се менува така у последната линија. Шиков??

Тодоровски викнат е? Ако е, тој десно, у средина Митрески и Новески.

Средината највеќе ме плаши, Деспотовски, Георгиевски, Шумуликоски - креативност 0. За жал, бункер у најава.
 
Најпатетичниот и најчестиот изговор е „немавме доволни припреми“, и тоа секоја година, во секој спорт. Очигледно не ја изанализирале оваа реченица нашите ни селектори, па не сфаќаат каква тежина има истата.

Тоа се патетични изговори од типот на средношколец ко ќе се правда зошто киднал од час...безвезе.

Јас никогаш нема да разберам зошто неможат еднаш(барем еднаш) физички да бидат спремни,онака да го одкорнат теренот што се вика.
За кондиционо само на Фичо Деспотовски му симнувам капа,другиве никој неможе да изигра 90 мин. во исто(силно) темпо.
 
Дефинитивно поради повреда од тимот отпадна Стојков а вечерва натпреварот од трибините ке го проследат уште и Тофилоски, Алими и Тодоровски.

Селекторот Јонуз ќе стартува со следниот состав:
1.Нурединовски
2.Шиков
3.Попов
8.Шумуликоски
5.И.Митрески
4.Новевски
7.Тричковски
13.Деспотовски
11.Наумовски
10.Пандев
6.Георгиевски


____________

12.Богатинов

17.Лазевски

16.Ибраими

18.Ристиќ

14.Илијоски

15.Грнчаров

18.Ѓуровски

Знаев дека Тодоровски нема да го земат... Бар за резерва да го искористеа... Они Шиков ми го стаиле...
Исто не очекував Богатинов да го земат за резервен голман, мислев Тофилоски ќе биде прва резерва! Георгиески се надевам што порано во натпреварот да биде сменет со Ѓуроски...
 
Со играчи како Шиков никад нема да направиме нешто големо...

Па добро бе Лазевски е прва опција во тим што игра ЛШ и се бори за позиција со одличниот Попов. Не ли може Попов да игра десен бек, како да ме фаќа некоја меморија дека некогаш ја имаме направено таа комбинација или пак Лазевски да игра десно.

Имаме и опција да се игра Попов нешто како Бејл што игра во Тотенхем поофанзивно во средниот ред по крилните позиции.

Било која од тие 2 опции е подобра од играње на класичен стопер како Шиков на десен бек!

Пичка ли му материна некад ке ни дојде ли памет...
 
Инфо од нашата група Ерменија-Ирска 55 минута сеуште е 0-0!
 
72ра минута, сеуште е Ерменија - Ирска 0:0

Ако остане вака ова би било добро за нас.

Ми мириса дека нема да изубиме во Словачка......
 
Според мене добра тактика на Јонуз...добар стартен состав..и паметно го ставил на клупа Ѓуровски..за на крај кога ќе се изморат овие бабетините..да влезе и да ги искине по терен...има кондиција ,дава добри топки, се приклучува во напад...звер е..а и за Шиков исто така...имам позитивно мислење ама ќе видиме вечер....иначе оваа мислам дека ќе биде Х 1-1 ќе заврши.
НАПРЕД МКД!!!:vozbud:

--- надополнето ---

Сепак Ирска 0-1 :nenene:
 
Аеее Ирска даде гол, води 1:0... Штета, Ерменија многу добро се држеше... Барем додека не падна стримот од кај што глеав лол
 
Абе не се залажувајте со тоа дека ако играла Ерменија нерешено или не знам што ќе сме во поповолна позиција. Сами треба да решаваме ама нас секогаш други ни кројат.
 
Абе не се залажувајте со тоа дека ако играла Ерменија нерешено или не знам што ќе сме во поповолна позиција. Сами треба да решаваме ама нас секогаш други ни кројат.
Па тоа не значи дека немаше да бидеме во поповолна позиција ако Ерменија и украдеше бода на Ирска...
 
Ајде бе овој Јонуз преку ку* више . Што го извадил од состав Тодоровски дечкото стварно добар впечаток ми остави со Црна Гора тука газеше по линија тој Шиков и Ибраими ги става у состав ццццццц . Дај боже да извадиме нерешено со Јонуз не ми изгледа на добро работава, дај боже да грешам .

М А К Е Д О Н И Ј А А А А А А А А А А А А А А А А А !!!:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Па тоа не значи дека немаше да бидеме во поповолна позиција ако Ерменија и украдеше бода на Ирска...


Дај доста со гледање резултати на другите екипи, ние треба сами да си ја завршуваме работата ако сакаме да се пласираме на ЕП, а не да се молиме на Ерменија да и извади на Ирска нерешено или да ја победи, што е невозможно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom