Видете само Силекс и Арсими на каков терен играат во Кратово.
Цел терен вода, дупки по тревата на секој чекор, топката заглавува по вировите, кал до колена, играчите се уваљале како свињи во кочина, мизерија е мал збор...
После се чудиме зошто немаме фудбалери и правиме математики за Светско првенство, а во прва Македонска лига имаме полоши услови отколку во трета лига на Таџикистан.
Фудбалерите на Силекс и Арсими под енормно тешки услови се бореа за бодовите во рамки од петнаесеттото коло од Првата македонска фудбалска лига. Теренот во Кратово е потопен со вода, а тоа носеше многу комични ситуации, како и големи промашувања. Токму такво се случи на стартот од вториот дел...
www.gol.mk
Силекс и Арсими во Кратово го играат својот дуел од петнаесеттото коло на Првата македонска лига, но условите на теренот се далеку од идеални поради обилните дождови во нашата држава. Натпреварот доцнеше дваесетина минути поради состојбата на теренот, а после почетокот, стана очигледно дека...
www.gol.mk