Па му се поклопиле, таа млада генерација тогаш беше можда последната која беше производ на едни други времиња во земјава каде повеќето младинци можеа да просперираат фудбалски ако не тука тогаш надвор, со тек на време умре и тоа.
Баш во моментов имаат многу поголема шанса да просперитаат, ако имаат квалитет. Секакви софтвери има за скаутирање на македонска лига. Другар работеше за руска агенција уште пред 8 години, која имаше софтвер за анализа на движењето на секој играч во каква ситуација и да посакаш (напад, одбрана, контра, корнер, слободрн удар итн). Којзнае сега до каде е дојдено технологијата. Тоа што се дрва е друга работа. Од тогаш се отворија милијарда школи, има детски лиги буквално во секој град, ФФМ изгради цела академија со терени за младинци, па дури и имаа фудбалска академија од деца кои живееја заедно во интернат и тренираа цело време. Далеку подобри услови и повеќе инвестиции има сега (барем во Скопје) од времето кога тврдиш дека имало подобри услови.
Фалат тренери нормално, а фалат и повеќе млади во внатрешноста на државата, затоа што во Скопје не им е приоритет спортувањето. Друга работа е што веќе имаме генерации кои тренираат во странски школи, нешто што порано беше реткост, се градат во туѓи системи. И пак не извадивме ниту еден играч, затоа што едноставно толкава ни е нацијата и толку сме надарени со физички предиспозиции.
Нашиот најдобар младинец во лигата прави трансфер во втора чешка лига. Муабетот е дека може тебе да те шупчат селектори, да прават шеми и форсираат други играчи, ама ти ако си квалитетен, ќе се тепаат за тебе менаџерите и никаква пречка немаш да не играш во нашава лига, да доминираш на клупски план и да се продадеш на страна.
Еден играч што беше добар во лигава, не изгради кариера од помладиве. Премлади одат во јаки клубови, грејат клупа и после нема назад.
Генерацијата со која влезе Боби на ЕП, го има само Барди кој стана птистоен играч.
Ги имавме Алексовски и Шишковски на гол, како и Филип Илиќ каменот. Никаква кариера не изградија на клупски план.
Одбрана беа Муслиу и Зајков, знаеме и двајцата како завршија со авантурите во посилните лиги. Даре Велковски ко голем талент тогаш, после потоп. Потоа Бејтулаи, Демири и Мевљан Мурати. Максимум на сите тројца им е играњето во Шкендија. Не постојат веќе. Средината беше составена од Бабунски како капитен, Барди, Елмас беше 17 годишен и не ни играше, Боби Николов кој баш од Милевски беше донесен да игра, како и Никола Ѓорѓев талентот од Швајцарија кој никогаш не се проби во сениорскиот фудбал. Даниел Аврамовски, Марјан Радески, Тихо Костадинов и Петар Петковски. Костадинов излезе најасален. Цујо неколку пати што доби шанса за репрезентација, како запрежна кола беше.
Напад играа Виктор Ангелов и Кире Марковски, два сега второлигашки играчи.
Ништо спектакуларно нема во овие играчи, а успеавме да се пласираме како први во група со 6 екипи и влезени од 5 шешир во ждребката.
Завршивме ПРЕД ФРАНЦИЈА. Каква сакаш генерација имај, појака од Франција нема да имаш. Во групата бевме и пред Украина, Исланд и Шкотска.
Го сменија од младонци, последни завршивме на наредни квалификации.
Пак го вратија, за малку не влеговме како второпласирани на ЕП 2021 во младинци. Утнавме пенал против Шпанија и не казнија на крајот и изгубивме 0-1.