Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Реалноста не е 0-0 во Белгија, ниту па 7-1 во Велс. Реалниот квалитет е нешто измеѓу. Еднаш на десет утакмици би извадиле 0-0 во Белгија, исто како и 7-1 во Велс. Тоа што сме имале среќа со Белгија и еден куп други утакмици, ни излезе низ нос некни.
Данска би не тепала со 2-3 разлика ако сме во нормален состав. Во најдобар случај за нас, утакмицата би била нешто слично на Австрија - Македонија на европското.
 
Значи да сумираме, успехот на Боби со младинците е поклопување коцки, тоа што овие квалификации и ЛН ги истера до последниот меч без пораз исто така е поклопување коцки, ама поразот од Велс е одраз на тоа дека он е дно од тренер, не го утешил Бобан Николов што има болна мајка и нема атмосфера во репрезентацијата. Ок, легитимно не викам не, муабет полн со факти и вистини пред се. Ај сеа иди прочитај ги 900-те страни на Баџо и не замарај.
Ne nego kur me boli za toa kako da ti objasnam, ne go glorificiram ko ti sto pravis, me boli kur za mladinski kategorii ko sto srbite kur gi bolese na dolg rok sto Paunovic gi napravi prvaci na svet u mladinski kategorii. Se znae sto za sekoj fudbalski navivac e najbitno, a toa se seniorskite nastapi, ne sto praele mladincite i koj im bil trener.

Ignoriras niza blamovi i se fakas za evropskoto za mladi bozeм toa e nekakvo dostignuvanje za eden trener denes vo fudbalot, pred 10 godini bese baska ova, kur me boli u momentov apsolutno nisto ne ni znaci kako nacija toj frapanten uspeh niti pak ova treba da mu dava bilo kakov kredit na Bobi za toa sto on pravi so seniorite.

Uporno gi zaboravas i prethodnite kvalifikacii za EP, on uste togas trebase da bide nogiran ama aj. Dva kvalifikaciski ciklusa celi istera, u dvata ko po pravilo morase 7ca da jade, i toa ke go ignorirame zasto igracite bile slabi pa normalno e toa, nema sto da mu se zameruva.

Bobi e del od naseto fudbalsko sivilo u momentov, ko sto generacijata e slaba, taka i on e slab, i ja bar ne se plasam ova da go kazam, istiot stav i za Mrme go imav bez razlika sto so nego tehnicki go imavme najgolemiot uspeh vo nasata fudbalska istorija.
Izgleda na forumov nekakov mit se sozdade za Sir Bobi od nigde nikade ko na vremeto navivacite na MZT sto imaa vakov slicen stav za eden trener ne mi teknue sea na imeto, koj na kraj nikakva trenerska kariera ne naprai u zivotot a imav vpecatok deka za Fil Dzekson stanuva zbor, pa a nesto loso kazes odma ti se s'snuvaat bog da cuva. Taka nekako i so Bobi ke bide, posle repkava ke zaboravite deka postoi so ogled deka nikoj ne prati selski fudbal od tuka osven par dushi.

Plus, rekov, Bobi e nebiten, nie imame mnogu pogolem problem od nego u momentov, na dolg rok sme osudeni na propast taka da ne mi ni bese poenta za nego da debitiram seedno mi e dali ke e trener ili ne najiskreno.

I ja sum sea da ostane bar do kraj na ciklusov, a ne da se nosi ime permanentno sega, toa e nesto za koe treba so ladna glava da se razmisluva posle barazot, a ako Sedlo im e veke sigurna i planirana opcija, pozdrav i sekoe dobro.
 
Па му се поклопиле, таа млада генерација тогаш беше можда последната која беше производ на едни други времиња во земјава каде повеќето младинци можеа да просперираат фудбалски ако не тука тогаш надвор, со тек на време умре и тоа.
Баш во моментов имаат многу поголема шанса да просперитаат, ако имаат квалитет. Секакви софтвери има за скаутирање на македонска лига. Другар работеше за руска агенција уште пред 8 години, која имаше софтвер за анализа на движењето на секој играч во каква ситуација и да посакаш (напад, одбрана, контра, корнер, слободрн удар итн). Којзнае сега до каде е дојдено технологијата. Тоа што се дрва е друга работа. Од тогаш се отворија милијарда школи, има детски лиги буквално во секој град, ФФМ изгради цела академија со терени за младинци, па дури и имаа фудбалска академија од деца кои живееја заедно во интернат и тренираа цело време. Далеку подобри услови и повеќе инвестиции има сега (барем во Скопје) од времето кога тврдиш дека имало подобри услови.
Фалат тренери нормално, а фалат и повеќе млади во внатрешноста на државата, затоа што во Скопје не им е приоритет спортувањето. Друга работа е што веќе имаме генерации кои тренираат во странски школи, нешто што порано беше реткост, се градат во туѓи системи. И пак не извадивме ниту еден играч, затоа што едноставно толкава ни е нацијата и толку сме надарени со физички предиспозиции.

Нашиот најдобар младинец во лигата прави трансфер во втора чешка лига. Муабетот е дека може тебе да те шупчат селектори, да прават шеми и форсираат други играчи, ама ти ако си квалитетен, ќе се тепаат за тебе менаџерите и никаква пречка немаш да не играш во нашава лига, да доминираш на клупски план и да се продадеш на страна.
Еден играч што беше добар во лигава, не изгради кариера од помладиве. Премлади одат во јаки клубови, грејат клупа и после нема назад.

Генерацијата со која влезе Боби на ЕП, го има само Барди кој стана птистоен играч.
Ги имавме Алексовски и Шишковски на гол, како и Филип Илиќ каменот. Никаква кариера не изградија на клупски план.
Одбрана беа Муслиу и Зајков, знаеме и двајцата како завршија со авантурите во посилните лиги. Даре Велковски ко голем талент тогаш, после потоп. Потоа Бејтулаи, Демири и Мевљан Мурати. Максимум на сите тројца им е играњето во Шкендија. Не постојат веќе. Средината беше составена од Бабунски како капитен, Барди, Елмас беше 17 годишен и не ни играше, Боби Николов кој баш од Милевски беше донесен да игра, како и Никола Ѓорѓев талентот од Швајцарија кој никогаш не се проби во сениорскиот фудбал. Даниел Аврамовски, Марјан Радески, Тихо Костадинов и Петар Петковски. Костадинов излезе најасален. Цујо неколку пати што доби шанса за репрезентација, како запрежна кола беше.
Напад играа Виктор Ангелов и Кире Марковски, два сега второлигашки играчи.

Ништо спектакуларно нема во овие играчи, а успеавме да се пласираме како први во група со 6 екипи и влезени од 5 шешир во ждребката.
Завршивме ПРЕД ФРАНЦИЈА. Каква сакаш генерација имај, појака од Франција нема да имаш. Во групата бевме и пред Украина, Исланд и Шкотска.
Го сменија од младонци, последни завршивме на наредни квалификации.
Пак го вратија, за малку не влеговме како второпласирани на ЕП 2021 во младинци. Утнавме пенал против Шпанија и не казнија на крајот и изгубивме 0-1.
 
Франција тогаш имаше генерација со Мањан, Павард, Бенџамин Менди, Ленгле, Лапорте, Толисо, Рабио, Лемар, Себастијан Халер, Кимпембе, Бакајоко, Муса Дембеле итн
 
Баш во моментов имаат многу поголема шанса да просперитаат, ако имаат квалитет. Секакви софтвери има за скаутирање на македонска лига. Другар работеше за руска агенција уште пред 8 години, која имаше софтвер за анализа на движењето на секој играч во каква ситуација и да посакаш (напад, одбрана, контра, корнер, слободрн удар итн). Којзнае сега до каде е дојдено технологијата. Тоа што се дрва е друга работа. Од тогаш се отворија милијарда школи, има детски лиги буквално во секој град, ФФМ изгради цела академија со терени за младинци, па дури и имаа фудбалска академија од деца кои живееја заедно во интернат и тренираа цело време. Далеку подобри услови и повеќе инвестиции има сега (барем во Скопје) од времето кога тврдиш дека имало подобри услови.
Фалат тренери нормално, а фалат и повеќе млади во внатрешноста на државата, затоа што во Скопје не им е приоритет спортувањето. Друга работа е што веќе имаме генерации кои тренираат во странски школи, нешто што порано беше реткост, се градат во туѓи системи. И пак не извадивме ниту еден играч, затоа што едноставно толкава ни е нацијата и толку сме надарени со физички предиспозиции.
Какво фајде од нови технологии кога ние не еволуираме, ние деволуираме. Ние не генерираме млади играчи прво и основно, тоа го пишав во мојот воведен пост не знам ни зашто Боби е тема кога у никој случај не е ни примарен ни секундарен ни терцијерен проблем.

Ова све што го збориш држи вода ама за фудбалски поразвиени земји, не за земја каде у главен град на истата имаш 10 игралишта за фудбал, така иде зборот. Еве во центарот на градот дали има 5-6 асални игралишта за фудбал и баскет. На толкав број на жители и млади генерации, тој број треба да е троцифрен. Кое фајде од све ова што си кажал кога ние младите таленти од сам старт ги кинеме, во доста критичен дел од нивниот живот кога се развиваат, фудбалскиот пат по правило е секогаш ист и тоа е непишано правило, прво на ''улица'', потоа по школи, а не директно у фудбалска школа. Односно, логиката моја е, колку повеќе спортски игралишта имаш, толку ќе биде поголем бројот на апликации на млади деца во фудбалски или кошаркарски школи, и тоа подоцна на долг рок ќе повлече многу.

Исто на спортски план немам впечаток дека се работи по основните и средни школи, ја кога бев дете редовно имаше турнири помеѓу училишта и средни и основни и на градско ниво и на државно, све тоа убаво беше скоцкано и организирано, и интересот беше огромен секогаш, голем дел од тие деца тренираа фудбал и баскет активно или пројавија интерес за тоа. Имаше и спортски програми и активности за кој постоеше голем интерес, сега ми делува дека све ова изумре што е и разбирливо со оглед дека ние немаме инфраструктура. Не ми збори за фудбалски школи, или ФФМ игралишта и академии, излези у населба кај што живееш моментално и кажи ми каде сите тие деца од околните згради ќе се собираат и ќе играат фудбал или баскет секој втор ден. Од тука све почнува, а не у фудбалска академија, тоа е вториот чекор.

Имаш 500 деца у маало, колкав процент од нив би се запишал у некоја спортска академија ако притоа се растени секој ден по спортски игралишта локални, споредбено со средина во која нема никакво игралиште, и секој ден се збори за фортнајт и остали глупости и социјализцијата на тие млади генерации е таква, некад само виртуелна јер нема поента да се излага навор опколен со бетони и заградени големи комплекси каде треба да никне нова зграда.
Онака да тестираш две вакви средини со единствена разлика, едната да има спортски локални комплекси а другата не, резултатот логичен ќе е дека онаа со спортски комплекси ќе генерира многу поголем процент на деца кои подоцна ќе се дел од некаква спортска академија, споредбено со иста средина која егзистира во услови каде нема никаков спортски комплекс, каде тој процент ќе биде многу помал.

Поврзани се овие две работи не знам како ова го занемаруваш, у никој случај условите не се подобри од минатото, подобри се за оној втор и трет чекор, првиот целосно го занемаруваме, како и све во земјава, едноставно работиме обратно и тоа пази, збориме за главен град у земјава, а што е со останатите кои порано беа расадник за таленти?
Сеа случајно или не, не знам, ама како се уништи голем дел од таа инфраструктура во земјава и се занемарија инвестициите во истата после 2001 кога урбаната мафија беше/е пуштена на најако, така и све помалце и помалце таленти спортски излагаат од нашава земја, кошарката го допира дното, фудбалот исто така. Случајно ова сигурно не е, една генерација да се погоди лоша ок ама кај нас секоја следна е полоша од претходната, што е уште еден показател дека деволуција доживуваме, и за тоа сме самите криви, а не дека сме мала земја, дека немаме некои физички предиспозиции и кур се тресе у ладна вода.
 
Јас не знам на овој Урко како да му се објасни дека во моментов имаме криминално лош тим на кој ни комбинација од Пеп и Клоп не би му помогнале и не би извадиле подобри резултати. Затоа и пишав во мојот прв пост околу плукањето по Боби, најдобар не е, класа тренер не е, меѓутоа во овие квалификации го извади максимумот, дури според мене и овие резултати се далеку над тоа што го кажува фактичката состојба што се тиче квалитетот на цела екипа. Ниту 7-1 е реален приказ на настаните ниту 0-0 со Белгија, реалноста е негде на средина.

Не знам искрено, еве ај кој би донел нешто повеќе во екипава, кажете барем еден што нешто ќе смени. Нема, играчите се тие, квалитетот е тој. Се кладам ако играат редовно во своите клубови носителите на играта, пример Барди, Елмас, Џани, Столе, дека ќе имаме далеку подобра игра па и подобри резултати.

Тоа е, џабе се објаснуваме со Урко кога си утовил у тоа лејката дека Боби е дно од тренер зашо изгубил од Велс 7-1, а занемарува све останато што направил, т.е. не занемарува него му поништува и препишува на среќни околности, ждрепка, екипата, курац палац.

Значи, кога судиш за некого мора да ги земеш сите факти и да формираш мислење, а не само оние кои тебе ти одговораат за да истераш наратив дека е дно од тренер пошо изгубил од Велс и пошо не му се јавил на Николов додека мајка му била болна. Па Мурињо ти беше тренер на Интер бе мајмуне еден, најпокварениот створ у историјата на тренерите, скаран со секоја можна управа и играчи кај што бил тренер, па не гледам така да збориш за него. Hh
 
Што го прави добар тренер на серниори и каква кариера он изградил после тој феноменален успех со младинците? Знаеш нешто во врска со тоа? После 2016 до ден денес што кариера имаше, да не беше Сејдини прашање е дали повторно ќе беше тренер некаде надвор од нашава тажна земја. Се проба еднаш на страна одма се врати пак у младинска, и потоа кај сениори ради Сејдини. Добар резултат со Италија гости во бараж, во циклус каде земавме цели 3 бода со Германија на гостински терен кога беше Мрме тренер, потоа 2 циклуси почнува од сам старт, едниот за ЕП беше дно, и сега овој каде завршивме трети, па преку лига на нации одиме во бараж. И тоа е неговата богата сениорска кариера, плус една титула со Вардар во лига пред 100 години, и еден неуспешен излет у Израел.

Малце чудно после таков голем успех со младите, тој дали ќе има или нема работа да зависи само од Сејдини, и никој друг да не го цени тој успех или да го примети, ама ајде ова ќе го занемариме така малку.

После 2016 имаше еден тон простор да покаже колку е добар, покажа ли? Задњи 3 вработувања у земјава му се од Сејдини, од каде ти тука го извлекуваш заклучокот дека он е добар на сениорско ниво, она најважното во фудбалот и дека едноставно треба да е имун на критики. Значи освен тоа дека е добар тренер (а не знаеш како да го потврдиш ова, бар не за сениорско ниво) друго и не смее да се напише за него на темава, така? Таков впечаток имам, а нешто лошо се пише рипате одма пар души, божем sir alex fergunson го критикувам, а не sir bobby dnonson.
 
Во право си. Ќе почекаме Мрме да добие отказ од Реал Мадрид каде е тренер после пласманот на Македонија на Еуро 2020, па потоа ќе ги соочиме фактите.

Поздрав.
 
Во право си. Ќе почекаме Мрме да добие отказ од Реал Мадрид каде е тренер после пласманот на Македонија на Еуро 2020, па потоа ќе ги соочиме фактите.

Поздрав.
И што со ова, да земам да копам постови за Мрме истите работи сум ги пишувал и за него, никад за мене Мрме не бил добар тренер, једино за што сум му оддавал почит е дека со него за прв пат после години и години следење репрезентативен фудбал, репката функционираше како едно, имаше единство меѓу играчите и одлична релација меѓу нив и тренернот, за што говореше и нивната реакција кога всусшност Боби требаше за прв пат да ги превземе.

И тоа е факт, не може ова само на Пандев да му се препишува и на никој друг, Мрме тогаш испаѓа дека џабе бил таму и фигурирал само како име колку да стои нешто на селекторското место. Тргам на страна дека по квалитет тоа ни беше една од подобрите наши генерации фудбалски, се исполнија неколку услови за да имаме каков таков успех и малку од малку фудбалски да пркнеме, за еден од истите беше виновен и Мрме.

Али каков сака нека е Мрме, ваков или онаков за што и ја се слагам дека фудбалски не го бива, неговото име ќе си стои како еден од оние со кои земјава го имала својот најголем фудбалски успех во својата историја, ќе се памти и по тоа а и по фактот дека ја доби Германија на гостински терен 1-2 што мислам дека историски гледано тоа е нашиот најголем скалп, тие 3 бода на крај значеа многу во тие квалификации кои беа завршени со Боби, со оглед дека бевме бод пред Романија на крајот, и полош меѓусебен со нив.

Генерално ние не сме ни имале јак тренерски кадар, фактот што Боби е некаков фактор вреден за дискусија доволно говори изглеа буквално со нула од кариера на сениорско ниво.
 
Се надевам дека грешам,но мое мислење е дека баражот со Данска ќе ни биде најголемо достигнување и потоа ќе има потоп.До пред некоја год барем имаше некој од младите што се очекуваше да добие шанса во А репрезентација.Ги гледав малку младите со Полска и тоа беше жално за гледање.Од тоа што видов нема ниту еден кој барем е просечен играч како Атанасов на пример,а за повеќе да не правиме муабет.
 
Ако не го остават Боби да го заврши плејофот би било ептен ретардирано.
Човекот си заслужи барем уште една (можеби и две? :D ) утакмица да остане со репрезентацијава. Со голем дел од играчите е уште од у21 репката, не постои жива сила што ќе успее да го смени тимов за една утакмица.

Побогу, Слот со Ливерпул цела сезона се шлепаше на системот на Клоп, па дури година дена му требаше да почне да губи :D Така да, кој и да ќе дојде, пак секако ќе биде горе доле менталитетот, играта и форматот на Боби.
И мора договорите да почнат да ги потпишуваат поинаку. "до крајот на квалификациониот циклус" ...па уште трае квалификациониот циклус маму вам...

А ако ептен решиле да го бркаат Боби (што пак мислам дури и тоа да е случај, мора да се остави за плејофов), кој и да ќе биде следен мора да биде некој со тешки ментални проблеми, бидејќи да наследиш репрезентација што играла на ЕП и две плејоф фази за СП, знаејќи дека публиката ќе има очекувања...знаејќи дека ќе играш Лига на Нации во лига каде што ќе си апсолутен аутсајдер...знаејќи дека младите репрезентации се катастрофални... па ти брате мора да си ретардиран (или, многу поверојатно, ептен паметен пошто знаеш дека ќе лапаш пари без работа кога ќе те избркаат после серија од 6+ средби без победа)
Автоматски споено мислење:

Се надевам дека грешам,но мое мислење е дека баражот со Данска ќе ни биде најголемо достигнување и потоа ќе има потоп.До пред некоја год барем имаше некој од младите што се очекуваше да добие шанса во А репрезентација.Ги гледав малку младите со Полска и тоа беше жално за гледање.Од тоа што видов нема ниту еден кој барем е просечен играч како Атанасов на пример,а за повеќе да не правиме муабет.
Те сфаќам што сакаш да кажеш, ама да бидам малце буквалист...не е ни во топ3 фудбалски достигнувања ова. Пласман на ЕП, Пласман на ЕПу21, Пласман во плејоф финале со Португалија :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom