Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
На тој дожд, и ноу камп прв натпревар немаше подобар да бидеПред да почне Вардар, пуштив на МРТ 3 имаше утакмица од некоја младинска репрезентација против Полска, играа во Битола, изгубија 0-1. Али теренот, катастрофа жива, обична нива или ораница. Срамота е бе во 2025та да немаме еден асален терен со дренажа со сите критериуми. Топката не се движеше, вода цел терен, играчиве уметничко лизгање играа. А не верувам и после на Градски да е нешто поарно. Па напрај бе еден терен годишно, колку и да кошта милион два пет сеедно, не сме до толку утепани да личиме како некое афричко племе што уште тргува во кози и крави. Па еден терен годишно да правевте до сеа, светско првенство ќе можевме да организираме. Единствено нешто по катастрофално од теренот беше коментарот на Горан Милковски.
И еве додека го пишувам ова завршува прво полувреме на Вардар, а за мтв во 2025та година кајронче со резултат и време е научна фантастика.
Автоматски споено мислење:
Вечер не сме играле на Градски, каков блам.
Муабетот не се однесуваше само за теренот во Битола, туку општо за состојбата на сите терени во државава, и во ситуација да се играше кај нас утакмицава, и Градски ќе беше обична ораница полна со вода.
Уште да додајш двата најголеми порази во историјата се од сер боби првиот во англија 7-0 и другиот вчера во Велс 7-1 друга работа шо споредуваш Литванија кажи дека и сега е исто оти одиме на бараж преку Лига нации не преку групата плус ако не се лажам овие групи се со по малку екипи од тогаш шо значи исто лајно е овај да не беше ова лига нации пак ќе си бевме 4ти во поголема групаАј сега малку позитивно, без ругање. До пред овој квалификациски натпревар бевме без пораз (3 победи и 4 порази) што никогаш и не ни се случило. Овој циклус и оној претходниот за СП 2022 (исто со Милевски) ни се најуспешни. Имаме позитивна гол разлика, што не ни се случува обично. Бевме во игра за првото место на месец пред да завршат квалификациите. Од Белгија примивме 1 гол на две утакмици! Во Скопје бевме подобри од Белгија и изигравме одлична утакмица (немаше да биде незаслужено да ги победиме). Дечките имаа серија од 13 или 14 официјални натпревари без пораз, што порано такво нешто можело да се сонува. До пред утакмицата имавме само 3 гола примени (2 сосема безвезе, којзнае како влегоа) и рамо до рамо со Англија, Германија, Шпанија и Швајцарија. Јбг, изгубивме катастрофално од еден ебан Велс што веројатно е случка еднаш во којзнае кога и тоа е. На крај ти играа Стојчевски, Илиевски и Даре кој топка нема фатено цела година. Уште на почеток Велс запна да ни даде гол и колку пати ги натрчаа нашите пред шеснаесетник. МакеЛЕЛЕ ни го свирна со тој пеналот и бидна што бидна. Денес и со Казахстан да игравме ќе примевме 4-5 гола.
Тактиката беше утка, поставата исто утка, башка што имаше едно големо куроболие на терен без никакво гризење. Ама ај подобро сега отколку во март. Во март имаме две утакмици, бар би било убаво доколку повеќето земат да играат за нивните клубови за да можеме физички да се носиме колку толку.
Што да каже па Шведска? Они последни завршија во групата без ниту една победа со играчи како Ѓокереш, Исак и Кулуш наш.
Немам проблем да се смени Милевски или да не му се продолжи договорот. Иако коментариве на интернет према него се одвратни. И пак ќе кажам, луѓево забораваат дека со Канатларовски во ист циклус изгубивме 1-0 од Андора и игравме 0-0 со нив во Скопје, дека два пати по ред 5-0 изгубивме од Словачка и Унгарија со Ѓоре и плус без официјална победа, дека со странцине Сантрач, Друловиќ и Тошак-ташак, баш ташак видовме. И со Хаџиевски имавме можеби океј циклус, ама на крај ни до бараж не стигнавме а загубивме два пати со Литванија во најбитните утакмици. Па сега споредете! Нека го сменат Милевски, само нека не ми го ставаат она нослето од Вардар на најбитните утакмици во март месец. Ако веќе бираат странец за тие две утакмици не би било лошо да најдат некој како Силвињо што го собраа во Албанија.
А за противник, Украина!