Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Не го разбирам плукањето према Боби, ама онака најискрено. Прво и основно, до вчера Боби немаше пораз во овие квалификации и имаше само три примени голови. Второ, со овој фонд на играчи кој е 500 пати послаб од оној што го имаше Мрме на пример, освои ЛН и беше без пораз до вчера. Колку сака нека сме јаки или слаби, вакви резултати до сега сме немале. Трето, Боби имаше успех со у21 репрезентацијата која отиде на ЕП, а пола од тие играчи сега, а и во ера на Мрме беа дел од репрезентацијата.

Идеален не е, најдобар не е, меѓутоа не е фер да се плука по некој што солидно си ја врши работата со оглед на околностите во кои се наоѓа. Моментално ниеден наш играч нема полна минутажа во тимовите кои игра, зборам секако за носителите на играта, и не само што немаат минутажа туку не ни играат. И како со ваков развој на настаните ние очекуваме резултати? За мене искрено ова беше и те како изненадување, зборам за фактот дека до последно коло се боревме за второ место иако технички веќе имавме бараж преку ЛН. А најсмешно од се е што со малце среќа можевме и прво место да бидеме, да тепавме со Велс и Казахстан верувам и другите утакмици на Белгија и Велс ќе имаа друг развој и дека можеби ќе кикснеше Белгија дополнително. Небитно, треба да се насочиме сеа кон месец март и да влеземе максимално во тие дуели, секако сме тотални аутсајдери ама треба скапо да си ја продадеме кожата.
 
Screenshot 2025-11-19 134544.pngScreenshot 2025-11-19 134809.pngScreenshot 2025-11-19 134903.pngScreenshot 2025-11-19 135002.pngScreenshot 2025-11-19 135141.png
Коа ќе видиш поголем дел од репрезентацијата освен за Македонија не ни играат некаде, само тренираат во некој си таму клубови. Со овие дрва толку
 
Добро бе како неуспеаа да извадат некој играч, како? Зошто постојат тие лиги, тие клубови, што прават, тренираат ли, имаат ли стратегии, буквално оваа репрезентација со овие играчи оди надолу, и место на оваа база да се додаваат играчи, јас читам и тука и по портали дека у21 и другите млади се многу лоши играчи. Па се занимава ли Пандев и овој Омерагиќ со тие работи? За оној претходниот шпон не ни зборам очигледно освен Шкендија на агенда што ја имал, ништо друго не направил. Мислам дека исто сценарио како Бугарија сега не ни бега во иднина со тоа што ние и појако ќе треснеме
 
Ние сме нација што е газена и понижувана од сите страни со години, што од домашни изроди политичари, што од надворешни големи политички сили, толку сме жедни за било каков успех на некакво поле што освен во спортот не гледаме можност за некаква победа или радост на друго место.
Оттука и произлегува толкава еуфорија во секој спорт каде што ќе имаме барем микронски и теоретски шанси за некаков резултат, без разлика колку и тоа да е нереално во тој момент.

Ако ги анализираме нашите репрезентации во секој спорт во моментите кога се чувствувала еуфорија, ќе видиме дека секоја репрезентација е горе - доле слична една на друга.
Чекаме да се појави еден саглам играч во кого ќе се крстиме, ќе биде лидер на екипата и целата игра ќе се врти околу него, главно тој треба да го изнесе целиот товар на секој натпревар.
Во кошарка беше тоа Мекејлеб, во ракомет Лазаров, во одбојка Ѓорѓиев...
Покрај тој играч имаме уште еден до двајца просеци што барем малку ќе одиграат нешто, остатокот обично се тешки дибидуси што и самите не знаат како се нашле тука во тој момент и главно се шлепаат покрај лидерот на екипа.

Не изоставен дел од целата приказна се и математиките пред да почнат натпреварите.
Свесни сме дека немаме квалитет, затоа и ги правиме сите можни калкулации и сценарија како во некаков сплет на околности би стигнале до резултат.

Сега во фудбалот ние имаме ситуација каде го немаме тој лидерот што го спомнав погоре, имаме само двајца просеци како Елмас и Столе што седат на клупа во Наполи и Валенсија, останатите не се ни блиску до некаков сериозен клуб, освен Барди и Чурлинов ние немаме играч ни во топ 10 лигите во Европа.
Покрај Премиер лига, Бундеслига, Ла лига, Серија А и Лига 1, ние немаме играчи ни во Белгија, Холандија, Португалија, Австрија, Русија итн.
Главно играчите ни играат по клубови од 50ти ешалон, малку поквалитетни од тие што ги имаме во домашно првенство, пардон и таму не играат, само седат на клупа.

Покрај ваквата слика во репрезентација, ние имаме ситуација каде помеѓу народот се чувствува некаква еуфорија, се зборува за фудбал, кај луѓе што не толку активно следат спорт гледам се појавува заинтересираност.
Тука јас заслугите ги препишувам на Боби Милевски, главно тој поради успехот со младинската У21 репрезентција, баражот за минатото Светско и победата над Италија, помогнат од уште неколку играчи кои гинат за репрезентација последниве години, успеаа да ја кренат репрезентацијата и сега да сме во ситуација во последно коло од квалификации сеуште да дискутираме за бараж или директен пласман на Светско првенство.

Знам дека звучи глупо кога бранам некого после пораз од 7-1, што неспорно е дебакл за било која репрезентација, ама и покрај тоа свесен сум за моменталната ситуација во која се наоѓа македонскиот фудбал, за условите во кои работат децата, проблемите со кои се соочуваат клубовите во нашиот шампионат и дирекната вмешаност на политиката во спортот изминативе 35 години, без разлика кој е на власт.
Од врв до дно се инсталираат луѓе поволни за криминали, од претседател на федерација, селектори на младински репрезентации, директори, судии итн.

Затоа мислам дека нема потреба да се плука по играчите и селекторот, за нас секако ова се историски квалификации и сигурно едни од најуспешните во нашата историја.
Не е ништо толку страшно, со кренати глави и гордо да одиме на баражот во Март, само ВТОР ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА НА НАШАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ИГРАМЕ БАРАЖ, треба да сме свесни дека и таму ќе бидеме тотални аутсајдери без разлика против кого ќе играме.

Да се надеваме на позитивен исход, јас давам некои 5 до 10% шанса за нашите во баражот, зависи кого ќе извлечеме за противник.
Без разлика на резултатот, посакувам само да излеземе машки, борбено и да покажеме заби, за мене тоа ќе биде доволно за нареден домашен натпревар да дадам аплаузи за играчите.

И не е ова лузерски менталитет, само сум искрен и реално гледам на работите.
 
Не е срамота да изгубиш од Велс во гости, каде сите играчи им играат во многу солидни клубови, срамота е да дозволиш таков распад да ти се деси и да правиш аматерски грешки. И да, тука не е крив селекторот, тоа е менталитетот на играчите. Може и Пеп Гвардиола да го донесат да биде селектор, кур ќе свитка, тоа е квалитетот и реалноста, дур немаат минутажа ништо од квалитетна игра во репрезентација. Ова што го извадија овој циклус е 150% над нивните можности.
 
Сега во фудбалот ние имаме ситуација каде го немаме тој лидерот што го спомнав погоре, имаме само двајца просеци како Елмас и Столе што седат на клупа во Наполи и Валенсија, останатите не се ни блиску до некаков сериозен клуб, освен Барди и Чурлинов ние немаме играч ни во топ 10 лигите во Европа.
Покрај Премиер лига, Бундеслига, Ла лига, Серија А и Лига 1, ние немаме играчи ни во Белгија, Холандија, Португалија, Австрија, Русија итн.
Главно играчите ни играат по клубови од 50ти ешалон, малку поквалитетни од тие што ги имаме во домашно првенство, пардон и таму не играат, само седат на клупа.
Еве ти го составот на Грција кој стана европски првак во 2004 во Португалија на чело со германецот Ото Рехагел и на секој играч имаш податок во која клубска екипа играл таа година:
Автоматски споено мислење:

Не е срамота да изгубиш од Велс во гости, каде сите играчи им играат во многу солидни клубови, срамота е да дозволиш таков распад да ти се деси и да правиш аматерски грешки. И да, тука не е крив селекторот, тоа е менталитетот на играчите. Може и Пеп Гвардиола да го донесат да биде селектор, кур ќе свитка, тоа е квалитетот и реалноста, дур немаат минутажа ништо од квалитетна игра во репрезентација. Ова што го извадија овој циклус е 150% над нивните можности.
Се додека кај нас се вадат и фаворизираат квази играчи кои станале фудбалери со врски а талентираните се маргинализирани,греат клупи или се откажуваат од фудбал поради претходните и најчесто продолжуваат да играат по маалски игралишта не очекувај промени кон подобро во македонскиот фудбал.
 
Последно уредено:
Во ова коло на лото седумката падна Кардиф ...
Се собра се- и притисокот за чекор понапред и слаби минутажи и физичка инфериорност.Со ваков фонд играчи и Боби не е само за плукање, до вчера друго се збореше.
 
Еве ти го составот на Грција кој стана европски првак во 2004 во Португалија на чело со германецот Ото Рехагел и на секој играч имаш податок во која клубска екипа играл таа година:
Автоматски споено мислење:

Се додека кај нас се вадат и фаворизираат квази играчи кои станале фудбалери со врски а талентираните се маргинализирани,греат клупи или се откажуваат од фудбал поради претходните и најчесто продолжуваат да играат по маалски игралишта не очекувај промени кон подобро во македонскиот фудбал.

Реално да зборуваме, Грциве во 2004 година беа водечки играчи во квалитетни клубови како Олимпијакос, Панатинаикос, АЕК итн., ние моментално немаме водечки играч што игра редовно ниту во бугарска и босанска лига.
 
Најголем проблем се нереалните очекувања кои прозлегуваат од јагнешката бригада на новинари кои сакајќи да одработат тоа што федерацијата им овозможува, ја пумпаат атмосферата и ствараат кај обичниот народ слика која ни најмалку не се совпаѓа со вистинската. Да не беше поклонот од УЕФА во вид на Лига на нации никогаш немаше да бидеме ни блиску до бараж како што и секогаш беше во минатото

Потоа следува херметичката затвореност на селекцијата. Не може играчи кои не играле по 15 месеци да бидат ни повикувани, а камоли стартери или во комбинација за настап. Нека ми го објасни вчера некој играњето на Даре Велковски кој нема клупска утакмица година дена?! Нови играчи освен рандом безимени Албанци не се повикуваат ниту под разно, ниту да осетат атмосфера ниту да им се даде било каква сатисфакција за успешните настапи низ лигите каде што играат

И на крај настапите на селекторот кој секогаш е задоволен, секогаш се овие најдоброто што фудбалска Македонија го има, секогаш победениот ривал е јак и многу опасен иако сите знаат дека во главно тоа се аматерски селекции од типот на Лихтенштајн и Ерм,енија, секогаш он гледа нешто што обичнот гледач не може да го види и како таков не е кадарен да коментира, се подсмева на критиките упатени кон него, секогаш тој ја гледа широката слика...
 
Еве пример на еден многу лош коментар кој што нема благе везе со реалноста. Кои новинари сце, не ми треба новинар да ми каже дека до минатото коло беа први со реални шанси за пласман. Дарко вчера направи асистенција, а Илиевски не си го ни спомнал кој не постоеше џабе игра, ако игра некаде. Алиоски беше без клуб, 100 пати поарен од Ашковски вчера или било кој друг. И да у право е дека ова е најдоброто зошто немаат произведено играч, ако и самиот тој знае што значи ама тоа можат од ФФМ да го гледаат и како критика.
 
Беа први во ситуација кога Белгија имаше 3 утакмици помалце од кои две со Лихтенштајн и Казахстан. И врапците знаеа дека Белгија ќе заврши прва ама им одговараше на новинарите да потпалуваат неупатен плебс дека сме пред вратите на светско првенство.

Јас не спомнав ниту еден освен Велковски затоа што тој е најеклатантен пример за играч што воопшто не игра. Не постои друга репрезентација во европа која ќе стави таков играч во таков момент. Па подобро нека играше Серафимов кој колку толку има некаков континиутет на настапи. Нека го викнеше Филип Најдовски кој игра одлично во лидерот на првенството, или Имран Фетаи кој успешно игра европа. Има и други да не ги набројувам сега како Дориев кој игра одлична сезона а го нема на мапа во репрезентација.
 
Од една страна плачеме за директен пласман на СП, а од друга страна освен натпреварите со Лихтенштајн и донекаде дома со Белгија, на сите други бевме во подредена улога и не заслуживме ниту еден бод. Единственото чудо е како на крај од квалификации имаме толку многу бодови и ништо друго.

Две класи сме позади онаа репрезентација што поради сплет на околности играше ЕП, не знам само за каков квалитет и очекувања за пласман тука зборуваме. Освен Елмас, Столе и Миовски сите други ни во наша лига не би биле стандардни. Ашковски има сменето 49 клуба во 10 сезони, на Велковски последен натпревар му е Вардар-Светлост Кукуречани пред пола век, на Алиоски во Чемпионшип во Лидс итн. Ние имаме играчи кои не можат да фатат место во Босна, Бугарија и Романија, повеќе треба да не загрижува фактот што на видик нема ниту еден просек играч на кого можеме да сметаме во иднина.

Боби ќе си го добие она што си го дробеше пред некоја година додека беше Мрме селектор. Како што дојде, така ќе си отиде. Ќе го пуштат да се избламира во баражот и потоа ќе го заменат со шемаџијата. Дури и да се остварат оние 0,000000000000001% шанси и да се пласираме на СП, убеден сум дека ќе му де случи истото, баграва нема шанси да го задржи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom