Да не звучам песимистички ама да си кажам и мое мислење. За оваква шанса може уште не се свесни ама треба многу да жалат, со најслабата Белгија во последните 10 години и Велс ние не искористивме реални можности, жал ми е другари нема што да се бара во баражот, не ги разбирам тие оптимисти ама би сакал да ме демантираат, јас би одел и до САД да ги гледам на светско ама ако сме реални тоа е 1посто шанса.
Пред да почне Вардар, пуштив на МРТ 3 имаше утакмица од некоја младинска репрезентација против Полска, играа во Битола, изгубија 0-1. Али теренот, катастрофа жива, обична нива или ораница. Срамота е бе во 2025та да немаме еден асален терен со дренажа со сите критериуми. Топката не се движеше, вода цел терен, играчиве уметничко лизгање играа. А не верувам и после на Градски да е нешто поарно. Па напрај бе еден терен годишно, колку и да кошта милион два пет сеедно, не сме до толку утепани да личиме како некое афричко племе што уште тргува во кози и крави. Па еден терен годишно да правевте до сеа, светско првенство ќе можевме да организираме. Единствено нешто по катастрофално од теренот беше коментарот на Горан Милковски.
И еве додека го пишувам ова завршува прво полувреме на Вардар, а за мтв во 2025та година кајронче со резултат и време е научна фантастика.
Автоматски споено мислење:
Вечер не сме играле на Градски, каков блам.
Муабетот не се однесуваше само за теренот во Битола, туку општо за состојбата на сите терени во државава, и во ситуација да се играше кај нас утакмицава, и Градски ќе беше обична ораница полна со вода.
Елмас од нација која не држела 500 и кусиро години под ропство ја пеј химната од срце, овие сограѓаните наши еднаш не му се има згрешено барем една строфа, не една строфа еден ред, колку ја мразат Македонија ние уште ги примаме во репрезентација, па и капетинеи се, да бевме сериозна држава не знаење химна или одбивање пеење немаше да стапнат во репрезентација, ни какви било јавни или државни функции ќе имаа.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.