Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Кошаркарите на Тунис на ОИ ги соблекуваа патиките и бараа потпис од Коби,а вие тука спремни сте да кренете бунт зошто некои играчи од првата наша мизерна лига се сликале со ѕвездите на Реал,Баерн,Евертон итн.Нема ништо лошо во тоа што побарале да се сликаат со играчи што секој викенд ги гледаат на ТВ и се воодушевуваат на нивните игри во најсилните лиги во светот,а ако се земе фактот што никој од тие што се фоткале нема да игра утре против Хрватска тогаш стварно не гледам што е срамно во целата оваа приказна.
 
Требаше да фрли со јајце некој,па после да го сметавме за човек кој што е патриот и се борел против хрватските фудбалери.
После тоа секој ден ќе му подарувавме табла јајца. :rolleyes:
 
Toa со Тунис е тешка, тешка мизерија. Ако така тие направиле, не значи дека нашиве треба нешто слично да прават. Кога видов како му бараат автограм на Коби, единствено:facepalm:, не знаев на каков поинаков начин да се искажам. Па сега пред мене да е Коби нема да му земам автограм, зашто NBA е премногу комерцијализирана и ми е sh*t. Попрво би земал автограм од некој кошаркар, за мене тоа е вистински кошаркар, од некоја друга држава, отколку од Коби. Малце забегав off-topic, ама сакав да кажам.

Тоа да беше мизено заради фактот што тие играчи што бараа автограми и фоткање од играчите што до пред 2 минути играа против нив,а ова со играчите од нашава лига е нешто што е далеку од срамно.Тие ниту играат ниту ќе играат за репрезентацијава и затоа нема потреба да се крева прашина и од ништо да се направи нешто.Ова со Тунис го дадов само како еден пример дека во спортот се случуваат и такви работи и тоа од дирекните учесници во мечот,а за оние што знак прашалник е дали ќе бидат и на трибините утре да не правиме ич муабет.

Што се однесува за утакмицата утре очекувам одново добра игра од нашата репрезентација и се надевам на 3 бода.Покажавме на првите 2 утакмици дека и ние знаеме да играме фудбал па утре ако се повтори играта од тие утакмици и ако се подобри реализацијата имаме реални шанси за првите 3 бода во овој квалификациски циклус.
 
Абе ние како и секојпат ке си се надеваме на победа..па и да изгубиме нема да јадеме којзнае каков срам :)
 
Потешко ќе е сега затоа што веќе еднаш сме прочитана тетратка и ќе знаат од каде ни е опасноста како и тоа што ќе не сфатат озбилно. Се надевам само дека утре Дрвиче ќе почне од клупа, некако поинтелигентно изгледаме без него.
 

Море ептен ми се прај ќеф да му влезат Бед Блу Бојс на нашите ЕБР и да ги пукнат во ќотек, да видат шо е мавање, не овде глумат лудило на нас, шо не можат да обезбедат едно дерби асолно, е колку сакам тие штитовите од глава да ги јадат, да видат шо мажишта се БББ !!! Ептен спремна екипа се за тепачки на Балканот (мислам нема подобри од нив) екипа 20+
 
Море ептен ми се прај ќеф да му влезат Бед Блу Бојс на нашите ЕБР и да ги пукнат во ќотек, да видат шо е мавање, не овде глумат лудило на нас, шо не можат да обезбедат едно дерби асолно, е колку сакам тие штитовите од глава да ги јадат, да видат шо мажишта се БББ !!! Ептен спремна екипа се за тепачки на Балканот (мислам нема подобри од нив) екипа 20+

БББ не планираат да се тепаат тука во Македонија, во мешан состав кога беа во Атина извадија античко знаме на Македонија, па после клубот беше дебело казнет. Си провоцираат тие на друг начин ама кој не навивачи ко навивачи. А тоа дека се тепачишта јасно е едно дерби во Хрватска без тешко повредени џандари не проаѓа.
 
БББ не ни доаѓаат ако сте доволно информирани:icon_mrgr:
Не одеа ниту на утакмиците на Динамо Загреб(последните).
 
Мислам дека редно време е да превртиме некој фаворит и да ја наградиме добрата игра од претходните натпревари со 3 бода.
Едно ми е најбитно, владее одлична атмосфера во репрезентацијава, нешто што фалеше на овој состав, нешто што после Катанец го немаше.
Утре, носени од многубројната публика очекувам да ги победиме Хрватска.
 
Најголемото понижување овие дена беше фамозната количка :sick:

Да му се ’3%„„“_*:Н/ж~%’ на овие таканаречени медиуми.Хулигани.
За ова и ова изгледа кратка им е меморијата.
Еве ги најголемите хулигани:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom