Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Затоа владата ке го гради Карго аеродромот!poser
мала шала дее.....

Него ај белким Владата пак ке му запне на стадионот па да гледаме фудбал како шо треба!
:pos:
Ќе слетаат на спортскиот аеродром близу Штип,имаше таму нели?
Им кажуваме главен аеродром ни е овој и готово.:pos:
Да бидам малку озбилен сеа,мислам оти ќе ја завршат јужна до септември,заедно со осветлувањето.Источна и западна можат да почекаат.
 
Да да во Штип. Може да им дадеме прајват џет-едрелица!:vozbud:

Колку шо знам на Јужна останува само Покривот и столчињата?:toe:
 
Ајдееее ја па не ни знаев дека и јужна ја прават, мислев само источна и западна :nesvest:

Али у секој случај стварно, боље она минималното што е неопходно да гледаат да го направат до септември колку да може да се игра таму... И на последниве квалификации на пола натпревари северна се градеше ама битно ги задоволуваше условите за играње и се :)
 
Според веб страната на FIFA на 2 јуни ќе играме пријателски меч со Романија... Не е лошо :) Ајде сега со некоја репрезентација која ќе настапи на СП...
 
Двомеч со Азербејџан и Романија
macromaniaazer.gif

Недела, 21 Март 2010 13:44

Македонската фудбалска репрезентација во екот на подготовките за претстојниот квалификациски циклус за ЕП 2012г ќе одигра две пријателски средби со Азербејџан и Романија.

Средбите ќе се играат во Австрија и тоа според следниот распоред:

29.Мај -Кернтен АЗЕРБЕЈЏАН – МАКЕДОНИЈА
02. Јуни - Вилах РОМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА

Одигрувањето на средбите е официјално потврдено и веќе објавено и на сајтот на ФИФА. Овие средби се закажани откако претходно отпадна пријателскиот дуел со Бугарија кој требаше да се одигра на 20. Мај.

Да не е Влав овој Муфлонот наш бре?
 
Против Романија би требало да биде интересен дуел :) Романците се у принцип доста добри, али на последниве квалификации многу слабо се покажаа така да баш ме интересира како ќе се покажеме ние против нив! Азербејџан и нема да биде така интересен али мислам дека со новиот тренер и знаат малце зезнати да бидат, во последните квалификации со Русија нерешено извадија, така да не се многу за потценување... нас таков резултат во следните квалификации не би ни дошол лошо :)
 
Да да во Штип. Може да им дадеме прајват џет-едрелица!:vozbud:

Колку шо знам на Јужна останува само Покривот и столчињата?:toe:

А Гевгелија? 70км од Солунски аеродром... или не се важи ако аеродромот во моментов се наоѓа во друга држава?
 
Митрески си "бега" од ЦСКА!?
*Нашиот стопер се спаси од нападот на фановите кои удриле по тренерот Андоне и фудбалерот Петре... По овој инцидент странците во клубот меѓу кои и Митрески побарале да го напуштат бугарскиот првак
ЦСКА Софија не е Спартак Москва па ниту Енерџи Котбус. Далеку е првакот на нашиот источен сосед од поранешните клубови каде Игор Митрески настапуваше во својата богата интернационална кариера. Нашиот стопер тоа го осети во неделата кога преживеа линч на навивачите на ЦСКА. Прекинат е дуелот Локомотив Мездра - ЦСКА при резултат 1:0 за анонимниот клуб, и тоа во 65. минута кога гостинските играчи биле нападнати од своите навивачи. Овој настан е топ тема во Бугарија каде сега се откриваат сите детали околу најновиот скандал. Фановите на "црвените" влегле на теренот и ги удирале своите играчи. Според едни приказни бил удрен и Митрески, но според други нашиот фудбалер навреме избегал во соблекувалната.

"Во моментов имаме само информации кои велат дека навивачите ги удриле тренерот Андоне и фудбалерот Петре. Двајцата се од Романија, но тоа е случајност... За Митрески дека е удрен немаме информации...", коментира Стојан Георгиев, нашиот колега од весникот "Меридиан Мач".

Митрески и сите фудбалери на ЦСКА се под посебен режим и исклучени. Фудбалерите на ЦСКА живеат во неизвесност и нивната безбедност во Софија не е сигурна со оглед на најновиот скандал во Мездра.

Вчера, во Бугарија имаше и шпекулации дека Митрески е првиот кој побарал да си оди од клубот поради добиените шлаканици од навивачите. Нашиот дефанзивец зад себе има богата интернационална кариера и играл за големиот Спартак Москва. Неговиот неофицијален коментар за случувањата во ЦСКА бил дека нема пари кои ќе го натерале да остане во Софија. Искусниот стопер во зимскиот преоден рок дојде како големо засилување за ЦСКА од Енерџи Котбус. ЦСКА с$ уште има шанси да ја одбрани титулата во Бугарија, но по инцидентот во Мездра од фудбалската федерација најавуваат одземање на уште 3 бода на ЦСКА и службени 4:0 за Локо Мездра за прекинатиот меч.

Доколку најавите станат вистина, управата на ЦСКА најви дека ќе мора да реагира, а како еден од првите чекори ќе биде и разделба со некои фудбалери, а меѓу првите би биле странците. Вреди да се напомене дека договорот на Митрески со тимот од Софија е еден од најтешките, а клубот има проблеми и со добивање лиценца за настап на евро-сцената. Проблемите на нашиот стопер во Бугарија се големи иако можно е смирување на страстите затоа што времето ги притиска и ЦСКА и нивните збеснати навивачи затоа што веќе утре "црвените" дома играат против Пирин од Благоевград.

"Од ЦСКА, но и јавноста во Бугарија коментира дека скандалот во Мездра е наместен....", велат нашите колеги од Софија околу проблемите со навивачите на ЦСКА.

На удар бугарскиот клуб е и во Романија каде тамошните весници застана на страната на нивните државјани за кои велат дека е време да ја напуштат Бугарија и ЦСКА. Има и верзии дека тренерот Андоне ќе си оди, а на негово место во ЦСКА би дошол Христо Стоичков.
mitreski.jpg
 
Ова е шпекулациjа . Никоj нема да си оди от ЦСКА. Дори во викенда е големото дерби помегу Левски и ЦСКА и сите играчи наjвероватно ке бидат на линиjа . Аjде не бараите ефтини шпекулации. Верно стана проблем со навивачите на ЦСКА во Мездра , но никоj нема да си оди. Клубот е казнет по правилник и ке си понесе казната и тоа.
 
Па и мене ми е малце чудно Митрески да си оди од ЦСКА коа пред два месеца влезе во тимот :toe:
 
Митрески си "бега" од ЦСКА!?
*Нашиот стопер се спаси од нападот на фановите кои удриле по тренерот Андоне и фудбалерот Петре... По овој инцидент странците во клубот меѓу кои и Митрески побарале да го напуштат бугарскиот првак
ЦСКА Софија не е Спартак Москва па ниту Енерџи Котбус. Далеку е првакот на нашиот источен сосед од поранешните клубови каде Игор Митрески настапуваше во својата богата интернационална кариера. Нашиот стопер тоа го осети во неделата кога преживеа линч на навивачите на ЦСКА. Прекинат е дуелот Локомотив Мездра - ЦСКА при резултат 1:0 за анонимниот клуб, и тоа во 65. минута кога гостинските играчи биле нападнати од своите навивачи. Овој настан е топ тема во Бугарија каде сега се откриваат сите детали околу најновиот скандал. Фановите на "црвените" влегле на теренот и ги удирале своите играчи. Според едни приказни бил удрен и Митрески, но според други нашиот фудбалер навреме избегал во соблекувалната.

"Во моментов имаме само информации кои велат дека навивачите ги удриле тренерот Андоне и фудбалерот Петре. Двајцата се од Романија, но тоа е случајност... За Митрески дека е удрен немаме информации...", коментира Стојан Георгиев, нашиот колега од весникот "Меридиан Мач".

Митрески и сите фудбалери на ЦСКА се под посебен режим и исклучени. Фудбалерите на ЦСКА живеат во неизвесност и нивната безбедност во Софија не е сигурна со оглед на најновиот скандал во Мездра.

Вчера, во Бугарија имаше и шпекулации дека Митрески е првиот кој побарал да си оди од клубот поради добиените шлаканици од навивачите. Нашиот дефанзивец зад себе има богата интернационална кариера и играл за големиот Спартак Москва. Неговиот неофицијален коментар за случувањата во ЦСКА бил дека нема пари кои ќе го натерале да остане во Софија. Искусниот стопер во зимскиот преоден рок дојде како големо засилување за ЦСКА од Енерџи Котбус. ЦСКА с$ уште има шанси да ја одбрани титулата во Бугарија, но по инцидентот во Мездра од фудбалската федерација најавуваат одземање на уште 3 бода на ЦСКА и службени 4:0 за Локо Мездра за прекинатиот меч.

Доколку најавите станат вистина, управата на ЦСКА најви дека ќе мора да реагира, а како еден од првите чекори ќе биде и разделба со некои фудбалери, а меѓу првите би биле странците. Вреди да се напомене дека договорот на Митрески со тимот од Софија е еден од најтешките, а клубот има проблеми и со добивање лиценца за настап на евро-сцената. Проблемите на нашиот стопер во Бугарија се големи иако можно е смирување на страстите затоа што времето ги притиска и ЦСКА и нивните збеснати навивачи затоа што веќе утре "црвените" дома играат против Пирин од Благоевград.

"Од ЦСКА, но и јавноста во Бугарија коментира дека скандалот во Мездра е наместен....", велат нашите колеги од Софија околу проблемите со навивачите на ЦСКА.

На удар бугарскиот клуб е и во Романија каде тамошните весници застана на страната на нивните државјани за кои велат дека е време да ја напуштат Бугарија и ЦСКА. Има и верзии дека тренерот Андоне ќе си оди, а на негово место во ЦСКА би дошол Христо Стоичков.
mitreski.jpg

Абе во Бугарија ќе те утепаат за 5 лева, не па за нешто поозбилно... :)
 
хахахахах респект за коментарот горе! :)

Ја искрено не верувам стварно Митрески да си замине, али ако е така ондак ќе ми биде ќеф, боље негде на друго место да игра :)
 
Македонија го добива календарот за ЕП 2012

Македонската репрезентација денеска ќе го дознае распоредот на натпреварите за сопствените квалификации за пласман на ЕП 2012 во Полска и во Украина. Ждрепката во Тел Авив за време на Конгресот на УЕФА, денеска, од 14:30 часот ќе го определи натпреварувачкиот календар во нашата Група Б, откако претходно на состанокот во Москва делегациите на Русија, Словачка, Ирска, Македонија, Ерменија и Андора не успеаја да дојдат до меѓусебен договор.

Ждрепката ќе биде извршена согласно однапред определена шема на УЕФА во која секоја од репрезентациите добива позиција во групата (А, Б, Ц, Д, Е, Ф) според која ќе го добие распоредот на натпреварите. Термините за одигрување на натпреварите се: 3 и 7 септември 2010 година, 8 и 12 октомври 2010 година, 26 март 2011, 4 јуни 2011 година, 2 и 6 септември 2011 и 7 и 11 октомври 2011 година.

Покрај за нашата група ждрепката ќе го одлучи распоредот на натпреварите и во групите Ф, Г и Х каде исто така немаше договор меѓу самите репрезентации.
 
Еве го распоредот
2010 година:
03 Септември: Словачка- Македонија
07 Септември: Македонија – Ерменија
08 Октомври: Андора- Македонија
12 Октомври : Македонија – Русија
2011 година:
26 Март: Р. Ирска – Македонија
04 Јуни: Македонија – Р. Ирска
02 Септември: Русија – Македонија
06 Септември: Македонија – Андора
07 Октомври: Ерменија – Македонија
11 Октомври: Македонија - Словачка
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom