Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Абе ви кажав и јас кои се играчи треба(ше) да играат за МКД. Озил требаше и капитен да ни е(сите знаете дека има турско потекло, а дедо му турчин силувал македонска баба и сега во вените на Месут тече македонска крв).

--- надополнето ---

20090728dasdasftb_39.jpg

Видете го Љоренте. Цел е на дедо му Александар III Македонски.
 
Глупости. Од кај знаеш дека ја силувал? Може си имал харем бегот, нејзе и се бендисале носиите... а бе не е така проста историјата наша. Дај сега видете по Иран некој од тие персијците да не има плава коса :)
 
А, да одиме ние по Хималаите да бараме играчи за во репрезентација. Којзнае, можеби Хунзите имаат талент за фудбал. :)
 
Многу оф-топици.
Он-топик, репрезентацијата уште се држи благодарение на играчи со македонско потекло кои се родени и играат во странство. Ама без стабилна домашна лига, само ќе тонеме и ќе тонеме. Ни треба лига во која барем 1-2 играчи годишно ќе покажат потенцијал, ќе заминат во солидни клубови и ќе прават конкуренција во репрезентацијата. Како тоне лигата, ќе се преселиме полека полека во петти барабан. Квалификациите се завршени, барем нека пуштат 5-6 деца од младинска да играат.
 
Репрезентацијата ни е 99.99% составена од играчи кои се докажале во македонско првенство и потоа се купени од странски клубови. Тоа било пред 10 години, кога лигата беше 14 светлосни години понапред од ова сега. Домашното првенство, во оваа состојба што е, ако не се подобри, за 5-6 години нема да продолжиме по овие патеки, туку ќе биде уште полошо.
ПОТРЕБНА НИ Е РЕВОЛУЦИЈА ВО МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ, ПОТОЧНО ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА.
Мора да се промени работата на големо, за да тргне на подобро, а колку побрзо се смени, толку подобро.
 
Иако и јас го посакувам тоа, не верувам дека работите за 4-5 години ќе станат на подобро ниво. Треба доста време. Можеби работите ќе тргнат на подобро, ама сепак тоа че е малку, бидејќи сега мкд фудбал се наоѓа во 'завидна' ситуација(па и големите репрезентации ни завидуваат на криминалните пари кои се вртат во федерацијата).

Проблемот на мкд фудбал е ФФМ. Федерацијата не покажува ни малку интерес за развој на фудбалот. Да се смени ова раководство, ама стварно да се смени(да тргне на подобро), а не само на хартија, оти и да дојдат нови луѓе, никој не ни гарантира дека нема да ги интересира само да лапаат пари.

Да се смени ова раководство, работите треба да тргнат на подобро, ама ова не е магија и нема ситуацијата да се подобри за 3-4 години. Треба подолг период, за да се подобри ова до што не донесоа. ПРЕД СЕ И НАД СЕ, ТРЕБА ПРИОРИТЕТ НА ФЕДЕРАЦИЈАТА(со или без ова раководство) ТРЕБА ДА БИДЕ РАЗВОЈОТ НА ПРВЕНСТВОТО И СОЗДАВАЊЕ НА ПОЈАКА ДОМАШНА ЛИГА, а со самото тоа ќе се засили и репрезентацијата.

ГЛАВАТА ГОРЕ, СО ОПТИМИЗАМ И ВЕРУВАЊЕ ВО (некое) ПОДОБРО УТРЕ!

Само колку си го замислувам ова и си фантазирам и си фантазирам ама нема!!Му се молам на Господ да го пикни некако Хаџи-Мафиозо во затвор и да не спаси, ама изгледа Господ се плаши да не го поткупи и него оти во нашата /федерација/ се оди со поткуп.

П.С.:Знам оти ќе има некој ќе си рече КАКОВ ПАТЕТИК!, ама знам дека сите од форумов, а посебно од темава сакаме (барем така мислам) да имаме појака лига, појака репрезентација...
Ама само пусти желби!!
 
Репрезентацијата ни е 99.99% составена од играчи кои се докажале во македонско првенство и потоа се купени од странски клубови. Тоа било пред 10 години, кога лигата беше 14 светлосни години понапред од ова сега.

Наумовски и Ѓуровски никогаш не играле во нашата лига. Ристиќ исто не е продукт од нашата лига, среќа заигра за Силекс. Шумуликоски играше во втора лига за Караорман, поигра едвај некој месец во прва за Пелистер и одма замина за Словенија. Во лигата не покажа ништо. За Лазевски не знам ама претпоставувам и тој нема играно тука. Владе Лазаревски исто така не играл никогаш во МК.

Ни треба организирана, стабилна лига. Не се ни осмелувам да кажам квалитетна, се знае колку може да биде квалитетот. Ама барем да има нормални услови за тренинг и игра и платите да идат на време. Па колку толку ќе излегува по некој играч, како што беше порано.
 
да се поправам... емин сулејмани игра во ласк линц!!! полушпиц...
 
Наумовски и Ѓуровски никогаш не играле во нашата лига. Ристиќ исто не е продукт од нашата лига, среќа заигра за Силекс. Шумуликоски играше во втора лига за Караорман, поигра едвај некој месец во прва за Пелистер и одма замина за Словенија. Во лигата не покажа ништо. За Лазевски не знам ама претпоставувам и тој нема играно тука. Владе Лазаревски исто така не играл никогаш во МК.

Ни треба организирана, стабилна лига. Не се ни осмелувам да кажам квалитетна, се знае колку може да биде квалитетот. Ама барем да има нормални услови за тренинг и игра и платите да идат на време. Па колку толку ќе излегува по некој играч, како што беше порано.

Или барем 2-3 добри екипи како Динамо и Хајдук во Хрватска и Партизан и Звезда во Србија кои ќе ваѓаат барем 1-2 квалитетни играчи годишно.
 
Или барем 2-3 добри екипи како Динамо и Хајдук во Хрватска и Партизан и Звезда во Србија кои ќе ваѓаат барем 1-2 квалитетни играчи годишно.

Ехеее... :) Не ги викаа нив џабе голема четврка :)
Доста ни е да имаме организирани екипи како што беше Работнички, како што беше Силекс во времето на Ѕинго, Слога... За Вардар нејќам ни да зборам зошто жал ми е, ама ете барем онаков Вардар како генерацијата која играше со Спарта и ЦСКА. На тоа ниво да имаме екипи, нема ништо да направиме во Европа на клубски план, ама ќе има играчи. Нема да излегуваат од такви клубови, обично доаѓаат од помалите, ама преку таквите ќе можат да станат подобри играчи и да си го најдат патот.
 
Od zimska polusezona u Vardar najverovatno se vraka Braco, pa racunaj so toa i dobri igraci.
 
Хари ќе си замине кога тогаш, но тоа што ќе го остави после него ќе се поправа со години (да не речам, можеби и децении). Другарчињата на Хари кои го спасуваа од затвор пред неколку години потоа му лепнаа забрана за негова Победа, сега му откриваат афери а федерацијата и македонскиот фудбал ќе го јадат откако тој ќе си отиде, пошто УЕФА не прашува кој бил, тие ќе дојдат со папките полни со досиеа и во нивни очи само федерацијата ќе е виновна, може да ни ја суспендираат дури и репрезантацијата. Откако ќе дојде ново раководство, најмногу енергија ќе потроши враќајќи ја довербата во македонската федерација, и пак се ќе биде само политика а фудбалот ќе остане во втор план. Како прво, според мене, за една солидна македонска лига потребно е ФФМ да има еднаков однос кон сите, да не си создаваат фаворити пред време, а како второ да влезат неколку спонзори, оти од таму почнува се, прво силидни екипи со колку толку стабилни финансии а потоа и публика на трибини. Навивачите знаат да ценат добар фудбал, и да оценат кој работи и се труди а кој се шета по Европа на трошок на федерацијата и кој само брои ливчиња.
 
Go znae li nekoj Zoran Baldovaliev sto igrac e? Vredi da se povika vo reprezentacija?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom