Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Ај бе не туку кењајте, како сакате да играме, видете им го нив средниот ред видете го нашиот.
Се изнервирав и јас со некои потези, мозочен удар добив Столе кога ја згреши, среќа и Жабарите се вечерва како фатени во нозете.

Ова со други зборови би се рекло - прилагодување на противникот :D
 
Бране се утепа од плачење за судењето од прва минута а не гледа дека три паса не можеме да сврземе цело полувреме.

Тоа е кога се има 8% доверба во судството.
 
Го преживеавме полувремево во Палермо, ама тешко дека ќе го преживееме Бранко Илиевски.

Каков сељак неук, мајката да му ја ебам телмовска, нубовска. На таквото ми се качи со судењето, а Турпан сосема е коректен.
Ужасен е. Имаше една реплика: „Од таму шутирај колку сакаш“ (не знам кој ја збибери топката над гол), ме потсети на Игорче Трпевски од Сител во еден натпревар, со истата реплика: „Од таму шутирај колку сакаш... Ау, како колку сакаш! Што ли беше сега ова...“ :pos:

Легенди коментатори имаме!
 
Николов е најслаб на терен моментално, не знае каде се наоѓа, многу грешки, мора да го седне на клупа на почеток на 2ро полувреме.
 
Очигледно беше дека во средниот ред ќе не јадат, ама нападот наш мора посмирено да смири топка и да сврзи некој пас кога веќе топката ќе дојде до нив. Се одбива топката од нив и одма нов напад на Италија, одбраната моли за здив. Како пијани делуваат сите, едно 5000 грешки за 45 минути.
 
Психолошки комплетно неспремни
 
Шо има врска среднио ред на Италија шо нашите не знаат да сврзат два паса?
Како што има врска ? Разлика во класи е во прашање.
Средниот ред само го посочив, оти најповеќе иди до израз на теренот.
Против Европскиот шампион играат побогу не играат против Лихтенштајн, башка на домашен терен се Италија, јас сум задоволна како се држеа ова полувреме, очекувано беше.
Сега во второ се надевам дека Милевски ќе ги мотивира и ќе излезат порастеретени на терен.
Како одминува времето кај Италијаните ќе се осеќа се поголема нервоза, си велам дека ќе ја згрешат некоја па ќе искористиме, трета среќа :)
 
Не викам дека не си права ама не може тоа да биде оправдување. Секоја топка на Алиоски беше во нозете на противнички играч. Николов исто. Ова е кога у школо игравме 4 одделенци против 6 одделенци и си играа со нас.
 
Утакмицава ја гледам на рускиот стрим од погоре. Џам слика , боље пренос него на МТВ (изгледа сам сум на стримов што гледам).
Коментаторот цели статистики се изнакажа за Трајковски додека играл у Палермо :eek:
Да се кладам 99% овде од нас не ги знаат меѓу кои и јас зошто за Трајковски се работи.
Се на се одлично коментирање со доста факти и статистички споредби кои што за руски канал што стрима небитна утакмица не би требало да бидат некој главен водич за утакмицава.

Мој совет баталете ги нашиве коментатори и пуштете на стрим па макар и на арапски.
 
Бране се утепа од плачење за судењето од прва минута а не гледа дека три паса не можеме да сврземе цело полувреме.
Бране точно во третата минта, а можда беше и истек на трета, небитно, заклучи дека средината ни игра беспрекорно добро, така да денес е во бунило ко никад до сега.
 
На англиски стрим што гледам, коментаторот вика Италијаниве немаат на клупа некој што би можел да направи разлика, а ние добро сме се бранеле.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom