Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Реално во група каде што немаше главен конкурент и според мене една од подобрите генерации на играчи мислам дека трето место е неуспех.Со машка игра и подонра смислена тактика на одредени натпревари најмалку што можевме да извадиме барем да одлучуваше предпоследното коло со Австија.
 
Не си сметаат,брзоплети се и невоиграни се .... Елмас упорно досаден е со солирање .... Грешката што ја воочив е што многу брзаат.Наместо кога имаат контрола на топка,да ја влечат топката и релаксирано да подаваат,тие обратно прават. Напамет избрзано подаваат топка .Наместо ако немаш играч, во поглед,сочувај и направи простор. Барди и Пандев тоа прекрасно основно школски го прават . Панично играат,кажано што биде биде играат,наместо плански и релаксирано игра .... Израелците се мизерија ....Ако не ги мелиме 3-0 ...Нека се утепаат човек ...
Автоматски споено мислење:

Да ....
слабо играат на ПРВА... се сеќавам Катанец едно време ги тераше на тренинг да прават круг, еден е во кругот, ама овие околу само на прва, да не смее топка на земја да падне... исто и прием на топка по долг центаршут, едно 4-5 пати наместо гол шанса се сопињаа...
... а останувам дека подобро е на утакмици каде има шанса за тесна победа Пандев да влегува во 46 минута...
Ете на крај гроги бевме, а замисли колку подобро е капитенот на крај одморен да ти игра и да организира игра...
 
немаше главен конкурент
Како мислиш?

Полска беше убедливо #1 екипа во групава уште кога беше ждребот.

Ако мислеше за борба за второ место со нас онда ок
 
Во иднина многу ке ни значит ова трето место, во следни квалификации наместо од ПОТ 5, ке стартуваме од ПОТ 4 или ПОТ 3 незнам како се пресметвит нека ме цитират некој појке шо знет, ако не се лажам во овие квалификации стартувавме од ПОТ 5, затоа само Латвијците беа аутсајдери во групава, во иднина ако сме од пот 3 или 4 ќе имаме 2 минимум репки во рангот на Латвија, Андора, Молдавија, Сан Марино..

Интересен играч овај Костадинов, али мн падови имаме во игра, немаме стабилност на средина..
Се надевам дека шо поскоро ке искочат некој играчи од у21 во сениори @nsan ти ги пратиш младиве, твое мислење во НАЈДОБРО МОЖНО СЦЕНАРИО како би изгледала први 11 за година-две со моменталниов состав плус со играчи од у21 ??

- Мој први 11 - Столе, Ристовски, Муслиу, Велковски, Алиоски, Барди, Адеми, Атанасов, Митровски/Чурлинов, Стојановски, Елмас.
Клупа- Атанасов, Фазлагич, Несторовски, Костадинов, Николов, Младеновски..
- Само Митровски и Атаносов и Чурлинов да го достигнат врвот на нивниот потенцијал во комбинација со Барди - Елмас ќе имаме млада, брза техинчки поткована јака репка.
 
Реално во група каде што немаше главен конкурент и според мене една од подобрите генерации на играчи мислам дека трето место е неуспех.Со машка игра и подонра смислена тактика на одредени натпревари најмалку што можевме да извадиме барем да одлучуваше предпоследното коло со Австија.

За репрезентација која доаѓа од 25391 шешир како нашата, трето место - Е УСПЕХ.

Дали можевме подобро? Можевме. Али 3 место немаме никад завршено (бар не скоро) и ова мора да се рачуна како добар циклус.

Имаме голма кој е топло-ладно.

Одбраната ни е во најмала рака просечна, Муслиу е ок играч за наш стандард (со повисок плафон), ама другите во одбраната се просечни или полоши (Стефан не го сметам тука).

Нападот овој циклус ни беше најлошата точка. Нестороски е мизерија, Стојановски со 2 утакмици не можеме да заклучиме дали е добар. Тихо Костадинов? Ко мува без глава на двата меча. Трајковски и Тричковски, просек.

Средниот ред и крилните бекови (Џани и Стефан) ни се најдобриот дел од тимот ама некако не ги користиме најдобро. Тука треба да се критикува Мрме, за ова, а не за селекцијата на играчите. Селекцијата е таа немаме некои алтернативи.

Но, Адеми, Николов, Барди и Спировски, ова е најдобриот кадар во среден ред што сме го имале, ever. Мора да се ослониме на нив во баражот и понатаму. Секогаш кога имаш добри играчи во среден ред мора да го искористиш тоа, алтернативи се бараат кога средниот ред ти е слаб, кај нас е скроз обратното.

Елмас, премногу се очекува од него. Дечкото е хајпан како да е Мбапе или Одегард. За наши услови е ок, ама да не се лажеме грее клупа во Наполи... полека со очекувањата од него.

Ќе ни треба среќа и памет со Косово, и пред се здрав Адеми ако сакаме да ги поминеме. Според мене он е најдобриот поединец кој репрезентацијава го има моментално. И Пандев нормално, на 73 години уште е круцијален дел од тимот.
 
Во иднина многу ке ни значит ова трето место, во следни квалификации наместо од ПОТ 5, ке стартуваме од ПОТ 4 или ПОТ 3 незнам како се пресметвит нека ме цитират некој појке шо знет, ако не се лажам во овие квалификации стартувавме од ПОТ 5
Могуче е пак да биде поврзано со лигата на нации и да нема врска третово место за квалификациите
 
Браво за дечките! Добро изиграа денес и третото место не е лошо!! Напротив, мотив повеќе за наредни квалификации. Победата ќе значи и скок во рејтингот, а за светско мислам дека шеширите се одлучуваат според рејтингот и тука минимум сме 4-ти шешир, не знам дали може повеќе. Ќе треба да го видиме наредниот рејтинг. И тоа не е лошо за да добиеме поповолни противници.
Сега е на ред Косово и мислам можеме да ги добиеме. Со ваков пристап и мотив - дефинитивно!

Иначе никој не пишал, У19 репрезентацијата успеа да се пласира во следната рунда квалификации за ЕП.

И тоа само поради тоа што дадоа гол повеќе на квалификациите во споредба со БиХ :D

Во "главните" квалификации најверојатно ќе го јадеме стапот, ама ете, добро е што стигнаа и таму (y)
И пред некоја година истите обезбедија пласман како У17 и тогаш така млитаво, ама па добро и тоа е успех. Може групата ќе им се потрефи. И пак преку БиХ хаха.
 
1574205307120.png

Немам ништо против изјавава, и се е топ и на место.

Ама..

Леле колку пати го имам слушнато ова.

Значи буквално секоја година во секој спорт.

Најчесто пред сите ракометни првенства ќе се појави тренерот или капитенот со: "Оваа генерација може! Се надеваме дека ќе ја израдуваме македонската јавност, имаме шанси за нешто, се надеваме на поддршка!"

И нели, стандард поминуваме прва рунда и паѓаме во втора :ROFLMAO:

За фудбалот исто така цело време слушаме вакви некои маубети "____не е екипа со која што не може да се носиме, ги знаеме нашите можности, се игра 11 на 11, се надеваме дека со помош од публиката ќе стигнеме до важни поени"
Final score: Macedonia - Slovakia/Wales/Austria/Друга слична рандом екипа од трет шешир 0-3
 
Final score: Macedonia - Slovakia/Wales/Austria/Друга слична рандом екипа од трет шешир 0-3
Шо имат врска екипие од трет шешир ко Пандев зборвит дека оваа генерација имат шанси да се пласират преку екипи од 5ти шешир Косово и подобриот помеѓу Белорусија и Грузија..
 
Косово, моментално треба да ја третираме како екипа од пот1 или пот2, само ради политичката (било каква) ситуација, бидејќи ќе има многу тензија пред и за време на утакмицата. Ако се игра у Скопје, пола градски ќе летаат орли, обичното Македонче нема да сака да ризикува да оди на стадион, и ќе испадне да играат како дома. А сигурно ќе има и дрон-ситуации и кошкања. Не треба да се опуштиме во ниеден момент. Едно е да играме против Азербејџан, Казахстан, Естонија, Фарски острови, каде што немаме тензија меѓу државите. Ако ги поминеме Косово некако, убеден сум дека Грузија/Белорусија ќе бидат многу полесни :)

*Не ме сфаќајте буквално како да ги рамнам Косово со Шпанија, Италија, Холандија, ама само ради нивната мотивираност и политичките заебанции што ги имаме со нив :)
 
Шо имат врска екипие од трет шешир ко Пандев зборвит дека оваа генерација имат шанси да се пласират преку екипи од 5ти шешир Косово и подобриот помеѓу Белорусија и Грузија..
А бе нема врска тоа, муабетот ми беше многу често сме играле против екипи што не се од висок квалитет, сме се воделе од тоа "Ова е одлична шанса да стигнеме до нешто" и на крај сме го јаделе стапот

Не ми беше постот со цел споредување, онака само јадам гомна како цело време слични работи слушаме, и цело време се обидуваме во сите спортови....и на крај ништо не испаѓа :D
Автоматски споено мислење:

А исто така..

Косово заврши на третото место во групата така да.... исто ко Pot 3 екипа да е :D
 
Фактот што играме со Косово ни става товар плус во битката за пласман.Имаме неколку Албанци кои можеби поведени од емоции во некој момент ќе кикснат.Емоциите се заебана работа можеби некој инда не сака ненамерно ќе згреши во одредена ситуација или пак нема да ја има таа желба.Јас не би ризикувал на тој натпревар да ставам ниеден Албанец во првите 11.
 
Па и Словенија е екипа од Пот 3 па ете ги тепавме и гости изигравме нерешено, со Полска дома најмалку нерешено заслужиме.. за ракомет да во право си ист пак ист муабет, али за дечкиве то шо го зборвит Пандев е вистина
Автоматски споено мислење:

Косово, моментално треба да ја третираме како екипа од пот1 или пот2, само ради политичката (било каква) ситуација, бидејќи ќе има многу тензија пред и за време на утакмицата. Ако се игра у Скопје, пола градски ќе летаат орли, обичното Македонче нема да сака да ризикува да оди на стадион, и ќе испадне да играат како дома. А сигурно ќе има и дрон-ситуации и кошкања. Не треба да се опуштиме во ниеден момент. Едно е да играме против Азербејџан, Казахстан, Естонија, Фарски острови, каде што немаме тензија меѓу државите. Ако ги поминеме Косово некако, убеден сум дека Грузија/Белорусија ќе бидат многу полесни :)

*Не ме сфаќајте буквално како да ги рамнам Косово со Шпанија, Италија, Холандија, ама само ради нивната мотивираност и политичките заебанции што ги имаме со нив :)
Искрено скопјаништава ни една утакмица не заслужват да се играт кај нив, ни во фудбал ни во ракомет, не дека ги сакам прилепчани, битолчани или струмичани, али кај нив секоја ебена утакмица ќе имаат полн стадион, иако се 10х помали по население од Скопје, денеска со Израел ебани 3000 души на утакмица, катастрофа човече
 
Фактот што играме со Косово ни става товар плус во битката за пласман.Имаме неколку Албанци кои можеби поведени од емоции во некој момент ќе кикснат.Емоциите се заебана работа можеби некој инда не сака ненамерно ќе згреши во одредена ситуација или пак нема да ја има таа желба.Јас не би ризикувал на тој натпревар да ставам ниеден Албанец во првите 11.
Ех, ние со Албанија игравме немавме проблем...

Нема зошто кај некој од играчите не би му била најголема желба самиот тој да игра на ЕП отколку друга репрезентација во која што можеби би имал роднини
 
Искрено скопјаништава ни една утакмица не заслужват да се играт кај нив, ни во фудбал ни во ракомет, не дека ги сакам прилепчани, битолчани или струмичани, али кај нив секоја ебена утакмица ќе имаат полн стадион, иако се 10х помали по население од Скопје, денеска со Израел ебани 3000 души на утакмица, катастрофа човече
Ама тоа е затоа што во тие мали градови не се случува ништо на спортски план, па сите би биле наапани да дојдат. Да стане рутина да се одржуваат во Струмица, пак ќе престанат да доаѓаат по неколку утакмици. Главен град е Скопје, повеќе народ има. Башка многу од тие градови живеат во Скопје. Зошто не одат тие? Пошто немавме никакви шанси? На крај краева, ако си толку изгорен да одиш да ја бодриш репрезентацијата, ни 200км нема да те спречат. Секојдневие е да се собираат луѓе само кога имаме шанси или кога имаме атрактивен противник. Тоа е така и не верувам дека ќе се смени во брзо време, освен ако не се пласираме на ЕП, па да бидеме во делириум.

На македончето не му е проблем ни дистанцата, ни цената, нит силата на репрезентацијата. Проблемот е во паметот. Порано било 1000ка карта, па имало над 10.000 публика. Сега со 150-200 денари карта, скапо било, вака било. Да му е у Струмица, ќе рече далеку е кој ќе иде, да е на Градски, ќе рече ај бе никој не иде, ја будала ли сум да мрзнам. Ретко кој друг народ се самоуништува како нашиот, во секој можен поглед.:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom