Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Добро, ок квалификации се ова, сега со Австрија и Израел за престиж и да пробаме нешто што може да ги изненади Косово (пошто не ме јеби, и дете научи до сега како играме)

И официјално шансите за да бидеме второ место се помали од 1% така да ок е.

Може да пробаме со Австрија чисто онака, да видиме до каде ни е квалитетот, па со Израел дома да ги испратиме нашиве (пред полу празен стадион најверојатно и за жал) и да им покажеме дека веруваме дека можат со нашиот северозападен сосед :D
Кај да ги испратиме кога со Косово на Градски ќе играме :D :D :D
 
очајно фали барем еден топ штопер да добие сигурност одбраната и да биде послободен средниот ред .....ќе биде штета за генерацијава што надоаѓа да нема штопер лидер кој ќе дава голема сигурност во последната линија
То е најголемиот недостаток во репрезентација
 
Кога ќе се видат резултатите, ништо спектакуларно нема во циклусов. Се победи два пати со аутсајдерот, некој реален икс со слични по квалитет селекции и два порази од фаворитите и тоа на домашен терен (3 со се денешниов). Еуфоријата се подгреа со мечот против словенија пред некој ден, и тоа е нешто што може да се смета за успех и изненадување. Не знам како очекувавте да бидеме 2ро место, ама тоа е друг муабет.
Се плашам дека на крајот повторно ќе бидеме на тоа проклето 4то место.
Не се за хејтање ни па за фалење. Квалитетот е тој и нема зошто да се разочаруваме од поразов, ниту па да се јачаме со 1на победа над малце појака селекција.
 
Кај да ги испратиме кога со Косово на Градски ќе играме :D :D :D
А бе сакав да кажам да ги отпоздравиме :D Демек да ги испратиме во плејофот откако завршуваат квалификациите :D
Автоматски споено мислење:

Се плашам дека на крајот повторно ќе бидеме на тоа проклето 4то место.
Море и Израел не се лоши, можеме и петто место да сме
 
То е најголемиот недостаток во репрезентација
најголем недостаток е физичка спремност и брзина, тешко и да се подобри, НО има друго, неспремност да се игра на прва, непотребно компликување, ехЈу фудбал од пред 60 години
 
сега со Австрија и Израел за престиж и да пробаме нешто
Шо ќе пробаме,пола екипа заради жути не играат следен меч.

Мрме ти е врвен аматерски куртон ..... Кои замени прави и во која минута . Која смисла на игра тера,не пресекоа топка да не подадеме и акција една како што треба.

Полскиот тренер,како покажа пример ....Внесува напаѓач,напаѓач и дури на 2-0 внесува уште еден напаѓач кој ќе ни го туреше трет гол .....

Мрме иди си бе исчупана веѓоо .... Ти и твои замисли од замени и формации.
 
Шансите за второ место ги изгубивме уште со пичкарската игра на Мрме против Израел таму, кога на 1-1 играа како уште тој бод да ни фали за да одиме понатаму. Веројатно и очекуваа дека Австрија ќе направи некој кикс против Словенија и Израел ама си дигнаа форма во прав момент и заслужено ќе одат понатаму
 
Чисто иначе пошто сакам вакви работи, да пишам за некој ако чита а да сака да знае што како.

Ако:

Македонија НЕ ја победи Австрија - Австрија оди на ЕП и тука завршува се.

Ако:

Македонија ја победи Австрија со три гола разлика, а Летонија не изгуби од Австрија во Виена - Македонија оди на ЕП

Ако:

Македонија ја победи Австрија со помалце од три гола разлика, а Летонија ЈА ПОБЕДИ Австрија на нивен терен - Одиме на ЕП.

Тоа е тоа.

Помалце од 1% шанса.

Нели, ова чисто онака математика ако го интересира некој

*= втората и третата опција претпоставуваат дека Македонија ќе победи против Израел
 
Му напраив на Мрме скриншот,да научи менталити и приод на игра ....Мрмче пробај ФМенаџер :LOL:

Screenshot_6.png
 
Да да, со фаст темпо обавезно е газиме. По 10-0 ќе губиме со ова што си го поставил.
 
најголем недостаток е физичка спремност и брзина, тешко и да се подобри, НО има друго, неспремност да се игра на прва, непотребно компликување, ехЈу фудбал од пред 60 години

Топка можат да подадат само до својот најблизик играч што значи дека пред да го направат тоа се прочитани од противнички играч. Неможат а ја изнесат топката, малце побрз пас кога ќе добијат неможат да ја исконтролираат топката. За точно додавање од преку 40-50 метри да не зборуваме.

Со тренеров имаме релативно добри резултати и последниве година-две имаме голем напредок. Незнам колку ќе не кошта да му се дај отказ оти кизнај кое дрво ќе седни на клупа. Со нов тренер вероватно Јахович ќе се врати и ќе имаме опција плус во нападот. Преостанатите натпревари во квалификацииве треба да се искористат за новини во составот и во играта за да имаме опции против Косово. Како што кажав, треба да се повикаат Митровски, Чурлинов, да му се дај шанса на Стојановски. От со телиња ко Николов, Рисревски, Муслиу, Бејтулаи, Несторовски, тешко до Европско па макар и преку лига на нации.
 
Ти изгледа Чурлинов и Митрески ги познаваш само од Фудбал Менаџер.Овие тројца што ги наброја заедно немаат ни 90 мин сениорски фудбал сезонава.Не знам како очекуваш да играат уште сега за репка.
Муслиу ни е моментално најдобар стопер и заедно со Николов во наредниве 2 години ги гледам во топ 5 лига. Ристески овие два натпревари ги изигра на топ ниво. Нестороски се сложувам дека е вон форма, ама да кажеш дека е теле е срамота.
Бидете малку реални,сепак не сме ни Шпанија ,ни Германија. Дечките беа во борба за ЕП практично до претпоследното коло, плус играат "фајнл фор" во Лига на нации. Како и да завртиш ова ни е најдобрата генерација до сега.
 
Море и Израел не се лоши, можеме и петто место да сме
Треба да сме задоволни со 3-то место. Не знам по која реалност по победата над Словенија, некој се надеваше на евентуално 2-ро место. Мислам дека треба да сме реални во нашиот квалитет и можности. Австрија овде ко магариња не' натовари, а можеше уште толку да ни даде. Полска може не играше спектакуларно, ни во Скопје, па ни во Варшава, ама се гледа дека е 2-3 класи над нас. Да не играме дефанзивно, веројатно би не' „натоварила“ без проблем. Сепак, нашите играчи 2-3 топки без проблем не можат да поврзат, а камо ли и акција да се направи (како 2-та гола со Словенија). Мислам дека многу недостасува за успех... гол играч(и), постабилни стоп играч(и).. за средниот ред може да се каже дека не е лошо, особено со Барди. Мислам дека нема смисол да се критикува селекторот, толку можеме, а голема грешка би била да се носи странски селектор, ги збираат парите, а нивото е тоа...
ПС: Се плашам дека и со Косово тешко да минеме...
 
Со Косово би било идеално да се игра у Струмица, или на неутрален терен без публика. (Пошо косоварите сегде ги има, па мислам дека и на Фарски Острови да се игра утакмицата, пак ќе ги има на трибина.

Или ако се игра во Скопје,карти зимање само со пасош, по една на човек, и да се гледа кој какво презиме има, пошо по документи, 90% од нив се Македонци. И засилена полициска контрола, ама кој ќе ги изеде ќебапите у кафана, ако сите се на работа? :cool:
 
Тоа е тоа, реално се очекуваше пораз со Полска, настрана тоа што се надевавме на повеќе. Треба да се одигра на ниво против Австрија и Израел и да се остане на третото место што секако за нас е голем напредок.

Ваква шанса тешко дека во догледно време пак ќе имаме. Со Косово не смее да се дозволи кикс. Незгодна репрезентација се ама не треба ни да ги преценуваме, не се тие фаворити и не смее да бидат. Голема штета е само што најважниот меч го играме баш против нив. Каде и да се игра многу луѓе ќе се воздржат да одат на стадион пошто се плашат да нема инциденти. Против било кој друг ќе имаше мислам одлична атмосфера на Градски.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom