Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Аман, до кога со Костовски. Го праете ко да е којзнае какво играчиште, а е меѓу најслабите напаѓачи што некад заиграле за Македонија.
Јаховиќ е милион пати покорисен од него. Знае со топка (прилично добро за неговата висина), добива воздушни дуели, нешто што до сега не сум го видел од Јове за репрезентација. Остајте аман тоа како играл у Вардар. Дојде ред еден Филип Петковски да биде “класа“ шпиц у нашево првенство, тоа доволно кажуе за нашиов квалитет.
Промашил Јаховиќ добра шанса против Украина. Ко речи другиве 100% реализација имаат, па ај сега ќе фрламе дрва и камења по него. И не, не “промаши“ толку Јаховиќ колку што голманот на Украина одлично реагираше.
 
100 пати е ова дискутирано и јас имав некоја верба во Костовски ама после онај циркуз шо го видов со Луксембург, тотално некорисен е. И овај Јаховиќ е лушпа во завршница ама за други работи ми е поробусен.
Те барав баш после Луксембудг да видам ама не беше активен некако.
Нормално дека ќе биде бескорисен кога нема кој топка да пренесе од една до друга половина. Исто би било и Јаховиќ да играше, башка Јове е поагилен.

Аман, до кога со Костовски. Го праете ко да е којзнае какво играчиште, а е меѓу најслабите напаѓачи што некад заиграле за Македонија.
Јаховиќ е милион пати покорисен од него. Знае со топка (прилично добро за неговата висина), добива воздушни дуели, нешто што до сега не сум го видел од Јове за репрезентација. Остајте аман тоа како играл у Вардар. Дојде ред еден Филип Петковски да биде “класа“ шпиц у нашево првенство, тоа доволно кажуе за нашиов квалитет.
Промашил Јаховиќ добра шанса против Украина. Ко речи другиве 100% реализација имаат, па ај сега ќе фрламе дрва и камења по него. И не, не “промаши“ толку Јаховиќ колку што голманот на Украина одлично реагираше.

Тропаш глупости.
Јове и Јаховиќ се иста висина, и 100 пати подобро барата од Адис. Јове за репрезентација ако не добивал воздушни дуели или си ќорав или бладаш само дека си ги гледал утакмиците.
Па уште и милион пати покорисен бил. Бил покорисен да, ама во полза на противниците, зицер на 0-0 со Хрватска промашен, зицер на 0-0 со Украина промашен, па и уште не промашил туку голманот одлично реагирал :LOL:
Само што Јаховиќ директно го погоди.

Може кога играл за Тетекс Петковски сте го рачунале за класа напаѓач, моментално е далеку од такво нешто, ниту па има капацитет за во иднина да биде, иако сезона реши неколку утакмици.
Грешно ти е сфаќањето дека ако се искочени од нашево првенство, играат негде на страна одма по автоматизам се подобри од тие што играат во мак првенство.
 
Ako se sredi stadionot vo Prilep,reprezentacijata moze da igra pred poln stadion a ne vo Skopje pred 200-300 luge.
 
Океј, ја бладам. Јове или попознат како македонскиот Диего Коста, кој ги решета мрежите во втората белгиска лига (на тренинг) е далеку покорисен од Јаховиќ и е најдобриот напаѓач кој го имала Македонија. Тешко промашува шанси, реализацијата е нешто помалку од 100%.

Ајде, веруем дека си задоволен. Пошто знаем дека нема никад да признаеш, одамна ти читам мислења за Јове и да види некој странец ќе рече кој е овој и зошто не игра у Реал.
Поздрав :)
 
Taa e reprezentacijata.Ima igraci koi zasluzuvaat da ne oblecat poveke dres na Makedonija,ama i da gi smenat pak tolku ni e silata.
A vo Prilep ke ima publika i na momentalnava ekipa,zasluzuvale ili ne
 
Океј, ја бладам. Јове или попознат како македонскиот Диего Коста, кој ги решета мрежите во втората белгиска лига (на тренинг) е далеку покорисен од Јаховиќ и е најдобриот напаѓач кој го имала Македонија. Тешко промашува шанси, реализацијата е нешто помалку од 100%.

Ајде, веруем дека си задоволен. Пошто знаем дека нема никад да признаеш, одамна ти читам мислења за Јове и да види некој странец ќе рече кој е овој и зошто не игра у Реал.
Поздрав :)
Претерувате и двајцата, бар од моја гледна точка е така :icon_mrgr:
Ти го направи Јове на рамниште на Илбер Али :icon_mrgr:
За мене буквално никаква разлика не ми прави дали игра Јаховиќ или Костовски, ист тип на играчи, со тоа што асега би му дал шанса на Костовски со оглед на тоа што Јаховиќ веќе играше стартер во неколку утакмици, додека Јове добива шанса од клупата.
 
Добар си е Јове, ама не е за репрезентација. Тоа си е мое мислење и затоа ме нервира кога некој ќе ми рече "глупо ти е мислењето" или "бладаш".
Според мене, Адис е покомплетен играч и тоа е тоа. И двајцата добија исто шанса, и двајцата не покажаа многу ама Адис ми е увек помотивиран на терен.
Е сега ако гледаме кој какви шанси промашил, па да судиме според тоа, ниту еден напаѓач не треба да биде повикан за репрезентација и да пробаме со Пачовски како шпиц.
 
Прогноза ; 0 до 2 гола.

Македонија 0 - 2 Словачка
Македонија 1 - 0 Словачка

Такви енергии добивам од Ѕевс, така вели.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom