Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Искрено мое видување, мејџор фактор беше Малтешката пудла од судија кој апсолутна погрешна одлука за пенал донесе,покрај тоа дури и лоши одлуки за фаули неколку пати во текот на натпреварот .... немаше никаков допир со Алијовски ,ама баш никаква вина нема нашиот фудбалер ... видете на видео подоцна ,на риплеј , како се џитка Норвежанецот,а нашиот фудбалер има голем простор меѓу нив .... никаков контакт немаше ... оваа Малтешка пудла изгледа дека и Џедај способности ги суди со фаули .... прво полувреме добро изигравме , второ после пеналот едноставно се отиде низ вода , им падна самодоверба , примивме уше еден гол набрзина и џабе ти е се после како будала само трча за резултат .... Мацко,тренерот на у19 убаво прокоментира , имаме квалитет, дисциплина ,сите елементи ни се на место , но ни фали концентрација и самодоверба ... ни треба време .... само трпение-спасение .... малку тежок ми беше поразот денес ,но сепак не мора при срце , ова се младински и не се толку важни .... им треба добра подршка на младиве и позитивно опкрожување да им се изгради менталитетот .... Полека со време, ќе го извлечиме менталитетот на инфериорност !!! :)
 
Иако второ полувреме многу слабо изигравме (пред се одбараната каде освен Ристовски останатите сите беа дупки, посебно Алиоски, од негова страна идеа сите продири), мислам дека сепак клучен момент беше судијата. Наместо да ни досуди нас чист пенал и ние да се вратиме одма во водство (со што и ментално ќе се вратевме по првиот примен гол), он нас ништо не ни пресуди а на другата страна за ништо досуди пенал за Норвежаните и тука целосно не елиминира. Точно дека после примивме уште еден гол, но да не беше оваа одлука на судијата, сепак ќе имавме сили (пред се психички) да извадиме барем нерешено, вака со пеналот се реши...

Од кај нас, најзадоволен сум од Давид Бабунски и Ристовски. За Доријан се согласувам дека уште му е рано, додека Трајковски за разлика од претходниот натпревар овој пат не беше толку лош јес да сепак не е тоа што човек би очекувал од него. Него мене кикс ми беше што селекторот го извади од игра Николов да го стави Жута (како офанзивно крило) кога он во принцип игра или лев бек или ДМ, а Ашковски го остави на клупа... Па ако веќе толку сакаше Жута да го стави во игра, требаше да го стави на место Алиоски кој слаб беше, башка и онака ЛБ му е природна позиција на Жута... А ако сакаше крило требаше Ашковски да го стави во игра, а не да го остави цел натпревар на клупа.. Исто незнам зошто Дамчевски воопшто не беше ни на клупата за резерви, се си мислев дека ќе биде стартер (претходниот натпревар беше суспендиран, всушност он само за овој натпревар и беше повикан)... Од Најдоски и Зајков очекував далеку подобро издание, особено со оглед на тоа што се и воиграни како пар (во Работнички) но некако многу лесно ги поминуваа... Од 4 пати што нападнаа Норвежаните, 5 пати ги пројдоа лол... Исто овој Мицевски незнам што толку го форсираат, овој ти е буквално Шуми У21. Иста позиција и исти играчи, и двајцата дрва, играат среден ред а немаат 0% креативност, цело време у одбрана враќаше, еднаш продор не направи напред...

Штета, стварно со играчкиот кадар имав надеж дека барем второ можеме да извадиме, макар и да не се изборевме за бараж, но со 2 пораза од мртвава Норвешка (јес да и двата пред се благодарение на судијата, и на гости беше иста прикаска.. дури и црвен ни бапнаа тогаш за иста ваква ситуација), и нерешено од утепаните Азербејџан во првиот натпревар толку беше надежта, прашање сеа дали воопшто ќе извадиме предпоследно место на крајот...
 
Мој предлог што да гледате наместо натпревар на македонската фудбалска репрезентација.

 
Уште еден во низата фејлови,пак ќе останат не само без пласман на поголемо натпреварување туку и ќе завршат последни,како секогаш.

Пандев и Попов напуштија бродот што тоне,мада Попов е сељандура во понашање,а на Пандев душата му ја извадија,ептен го исфорсираа и се ослонуваа на него,не успеа човекот да не однесе на првенство и тоа е тоа,треба да се иде напред,може некое ново дете ќе излезе.
Млади колку толку има,ама кој да им даде шанса......

Сепак,џабе е се и стадионон што ќе го направат сеа прејак,за кого ? Боље сала да изградеа за кошарка и ракомет,фудбал и македонија не иде заедно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom